Евроинтеграциите и трговската соработка во фокусот на посета на Муцунски на Шведска - Канал 5

Евроинтеграциите и трговската соработка во фокусот на посета на Муцунски на Шведска

Евроинтеграциите и трговската соработка во фокусот на работната посета на министерот Муцунски на Шведска.

Евроинтеграциите и трговската соработка во фокусот на посета на Муцунски на Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стокхолм, остварил средба со министерката за европски прашања на Шведска, Џесика Розенкранц. Во фокусот на разговорите биле евроинтеграцискиот процес на државата, поддршката од Шведска во овој процес, како и реформските процеси во земјата.

На средбата, како што денеска соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски изразил благодарност за континуираната и принципиелна шведска поддршка за процесот на проширување на Европската унија, со посебен акцент на заложбите за целосно пристапување на Македонија и останатите земји од Западниот Балкан. Тој ја истакнал шведската посветеност на политиката на проширување како клучен фактор за интеграцијата на регионот.

- Македонската интеграција во ЕУ и предизвиците на тој пат беа централна тема на разговорот. Од страна на министерот Муцунски уште еднаш беше повторена неопходноста билатералните прашања да не претставуваат пречка за напредокот, при што беше потенцирано дека процесот треба да се темели исклучиво на системот на заслуги и постигнувања. Се разговараше и за повеќе актуелни прашања од значење за Унијата, се наведува во соопштението.

Министерката Розенкранц нагласила дека Шведска останува силен поддржувач на проширувањето на Унијата и додала дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат партнерските земји, како Република Македонија, со која имаат одлични билатерални односи. Во контекст на силната поддршка за нашиот евроинтеграциски пат, таа ја истакнала и важноста на реформската агенда и Планот за раст.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил и средба со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија на Шведска, Хакан Јеврел.

- Фокусот на средбата беше ставен на унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, можностите за инвестирање во Република Македонија, како и справување со актуелните економски предизвици. Министерот Муцунски ги нагласи поволностите за инвестирање во Македонија, со посебен акцент на автомобилската, одбранбената и фармацевтската индустрија, претставувајќи ги како клучни сектори со сериозен инвестициски потенцијал. Се разговараше и за конкретни чекори што би придонеле кон привлекување нови шведски инвестиции, со акцент на потребата од заеднички напори за унапредување на трговската и економската соработка, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско.

Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина.

-„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер