ЕвропаЕвробарометар: Граѓаните на ЕУ се загрижени и песимистички настроени, сакаат пообединета и посилна УнијаГраѓаните на Европската Унија се сè повеќе загрижени за безбедноста поради зголемените геополитички тензии и сакаат Унијата да дејствува обединето и амбициозно, покажува анкетата на Евробарометар објавена денеска.Повеќето граѓани се загрижени за конфликтите во близина на ЕУ (72 проценти), проследени од тероризмот (67 проценти), кибер нападите од земји надвор од ЕУ (66), природните катастрофи влошени од климатските промени (66) и неконтролираните миграциски текови (65). Распространети причини за загриженост се и ризиците поврзани со комуникацијата, како што се дезинформациите (69 проценти), говорот на омраза онлајн и офлајн (68), лажната содржина генерирана од вештачката интелигенција (68), недоволната заштита на податоците (68) и заканите за слободата на изразување (67). Анкетата, спроведена од 6 до 30 ноември, покажа дека 89 проценти од граѓаните веруваат дека членките на ЕУ треба да бидат пообединети во соочувањето со овие глобални закани, 73 проценти дека на Унијата ѝ се потребни повеќе ресурси за решавање на глобалните предизвици, а 86 проценти сакаат ЕУ да има посилен глас на меѓународната сцена. „Геополитичките турбуленции имаат големо влијание врз перцепцијата на Европејците, при што мнозинството (52 проценти) велат дека се песимисти за иднината на светот, 39 проценти се песимисти за иднината на ЕУ и 41 процент за иднината на нивната земја. Перспективата изгледа посветла на индивидуално ниво, при што повеќе од три четвртини од Европејците (76 проценти) велат дека се оптимисти за сопствената и иднината на своето семејство“, соопшти Европскиот парламент. Две третини од Европејците би сакале ЕУ да игра поголема улога во нивната заштита од глобални кризи и безбедносни ризици. За да ја зајакне својата позиција во светот, според 40 проценти од испитаниците, ЕУ првенствено треба да се фокусира на одбраната и безбедноста, 32 проценти веруваат дека фокусот треба да биде на конкурентноста, економијата и индустријата, а 29 проценти на енергетската независност. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, изјави дека геополитичките тензии го обликуваат секојдневното чувство за безбедност на Европејците. „Граѓаните очекуваат ЕУ да заштитува, да биде подготвена и да дејствува заедно. Токму тоа мора да го обезбеди посилна и посамостојна Европа. Европа е нашиот најсилен штит“, рече Мецола. Според резултатите од есенскиот Евробарометар, на домашен фронт, инфлацијата и трошоците за живот се на врвот на приоритетите со кои треба да се справи Европскиот парламент, за 41 процент од граѓаните, додека економијата и работните места се на прво место за 35 проценти од граѓаните, што е за пет процентни поени повеќе отколку во мај 2025 година. Иако повеќето испитаници очекуваат нивниот животен стандард да остане стабилен во следните пет години, 28 проценти рекле дека сметаат дека ќе се намали, со највисоки проценти во Франција (45 проценти), Белгија и Словачка (40 проценти). Во однос на основните вредности што најмногу сакаат Европскиот парламент да ги брани во Унијата и низ целиот свет, за мнозинството граѓани на ЕУ, мирот (52 проценти), проследен со демократијата (35), слободата на говорот (23), човековите права (22) и владеењето на правото (21) се на прво место. Ставовите кон ЕУ и нејзините институции се сè уште позитивни, иако во мал пад во споредба со мајското истражување. Во анкетата учествуваа повеќе од 26.000 луѓе во сите 27 земји-членки на ЕУ.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт.Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт, и покрај тоа што ја загуби трката за градоначалник на Тајпеј. Кина го смета демократски управуваниот Тајван за дел од својата територија и никогаш не ја исклучила можноста за употреба на сила за да го стави островот под своја контрола. Тајванската влада ги отфрла територијалните претензии на Пекинг. Кина: Обединувањето е неизбежно Канцеларијата за прашања на Тајван на Кина соопшти дека ги зема предвид резултатите од изборите, додавајќи дека мнозинството Тајванци сакаат мир, развој, размена и соработка. „Без оглед на промените на политичката сцена на Тајван, тие не можат да го променат правецот и развојот на односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец или да го запрат историскиот процес во кој татковината мора и неизбежно ќе биде повторно обединета“, се вели во соопштението. Кинеската влада ќе продолжи „решително да се справува со сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и да се спротивставува на надворешното мешање“ и да ја промовира „големата цел за национално обединување“, додаде таа. Тајван му одговори на Пекинг Тајванската влада изјави дека Кина треба да го почитува демократскиот систем на Тајван и одлуките на неговите граѓани и прагматично да пристапи кон резултатите од изборите. Пекинг треба да води разговори со демократски избраната, легитимна влада на Тајван врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, без поставување предуслови, изјави Советот за прашања на континентална Кина на Тајван, кој е задолжен за обликување на политиката кон Пекинг. Кина одбива да разговара со претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, кого го нарекува „сепаратист“. Лаи, кој е и претседател на ДПП, истакнува дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Пред изборите, Кина испрати десетици воени авиони и бродови во Тајван Односите со Кина не беа меѓу главните теми на изборната кампања, која се фокусираше на домашни прашања како што се безбедноста на водата и училишните оброци. Сепак, Кина постојано го критикуваше кандидатот на ДПП за градоначалник на Тајпеј, Пума Шен, пред изборите и му воведе санкции за „сепаратизам“. Во петокот, Кина испрати десетици воени авиони и воени бродови во воздушниот простор и водите околу Тајван.Тагови: Кина Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДесничарската партија на Шпанија влегува во парламентот- покажуваат излезните анкети Излезните анкети предвидуваат победа на десниот центар – и мнозинство со учество на крајната десница.Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (десен центар) и партијата „Вокс“ (крајна десница), објави Скај Њуз. Излезните анкети покажуваат дека десниот центар е на пат да освои заедничко мнозинство со крајната десница. Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (PP) од десниот центар и партијата „Вокс“ (Vox) од крајната десница. Анкетите објавени од шпанскиот весник „Ел Мундо“ (El Mundo) предвидуваат дека двете партии заедно ќе освојат околу 184 пратенички места, што е над потребниот праг од 176 места. Сепак, јавниот сервис RTVE проценува дека Народната партија и „Вокс“ би можеле да освојат и помалку – 173 пратенички места – иако исто така наведува дека би можеле да добијат до 182 места. Затворени гласачките места во континентална Шпанија Гласачките места се затворија за гласачите во континентална Шпанија во 20:00 часот. Гласачите на Канарските Острови имаат право да гласаат уште еден час, бидејќи се наоѓаат во иста временска зона како Обединетото Кралство, каде што во моментов е 19:00 часот. Резултатите од овие предвремени избори би можеле да бидат едни од најзначајните во последните децении, со реална можност партија од крајната десница да стане дел од коалициската влада. Како и да е, ќе нема јасен показател за победникот на изборите во скоро време – првичните официјални резултати ќе почнат да пристигнуваат подоцна, а пребројувањето на гласовите испратени по пошта ќе трае уште неколку дена.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БизарноСе роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)Пиленце од северниот пингвин од расата рокхопер, создадено преку вештачко оплодување, беше претставено пред јавноста во зоолошката градина „Ширахама Адвенчер Ворлд“ во префектурата Вакајама, Јапонија.Загрозениот вид пингвин се извело на 28 октомври, што го прави првото младенче од северниот пингвин од расата рокхопер во светот родено преку овој процес. Ова беше потврдено со ДНК анализа, според локалните медиуми. Пилето тежело 62 грама при раѓањето, а до 27 ноември достигнало 561 грам. Раѓањето на пингвинското пиле беше емитувано во живо на YouTube, а официјалните лица ја покануваат јавноста да предложи име за новороденото пингвинче.Тагови: пингвин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter