3СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
МакедонијаЕвробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при што од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот.Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при што од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар посветено на процесот на проширување на ЕУ. На прашањето „Кога сметаат дека Македонија ќе стане земја членка на ЕУ“, 27 отсто одговориле „во следните пет години“, 35 проценти „за пет до 15 години“, а 16 отсто дека „ќе бидат потребни повеќе од 15 години, но ќе се стане“. Ист толкав процент, 16, сметаат дека „државата никогаш нема да стане земја членка на ЕУ“, а шест отсто изјавиле дека не знаат. Кога станува збор за ставот кон ЕУ, 23 проценти од граѓаните на земјава имаат „многу позитивна“ слика за Унијата, 42 отсто „прилично позитивна“, 20 проценти „неутрална“, 10 отсто „негативна“, а четири проценти „многу негативна“. Еден процент од анкетираните немаат став. Дури 90 отсто од анкетираните изјавиле дека „се добро“ или „делумно“ информирани за процесот на интеграција на државата во ЕУ, а 70 проценти дека членството во ЕУ би донело повеќе придобивки отколку недостатоци за земјата. Како придобивки од членството во ЕУ, 48 отсто од македонските граѓани ги сметаат отворените граници и можноста за да се патува во другите земји од Унијата без визи, 43 проценти слободната трговија и бесцаринската зона, а 42 проценти поквалитетниот живот и повисокиот животен стандард. За 44 отсто од граѓаните на земјава најголема загриженост во врска со членството во ЕУ предизвикува одливот на млади и миграцијата, за 20 проценти зголемувањето на бирократија, а за 17 отсто преголемиот број европски регулативи и ограничувањето на националната слобода. Главна пречка за пристапувањето на земјава кон ЕУ според 41 отсто од анкетираните македонски државјани е „широко распространетата корупција“, за 38 проценти „недостигот на владеењето на правото и неадекватното судство“, а за 37 отсто „несогласувањето на одредени земји членки“. Според истражувањето, 51 отсто од македонските државјани сметаат дека поддршка за економскиот развој на државата би придонел за понаклонет став на граѓаните кон ЕУ, а по 45 проценти оценуваат дека најголем придонес за тоа би имале поддршката за побрз процес на интеграција на државата во Унијата и поддршката на напорите за намалување на корупцијата. Кога станува збор за тоа во кои сфери ЕУ треба да игра поголема улога во пружањето поддршка на земјава, 39 отсто од граѓаните сметаат дека тоа треба да се економскиот развој и трговијата, 32 проценти – здравството, а 24 отсто – поддршката на младите. Доверба кон ЕУ, според Евробарометар, изразуваат 75 отсто од македонските граѓани, што е пониска од довербата кон Светската Банка и ММФ кои изнесуваат 79, односно 76 проценти, но повисока од довербата кон НАТО, која е 73 отсто. Во однос на финансиска поддршка од ЕУ за земјава, 93 отсто од анкетираните изјавиле дека се свесни за неа, 85 проценти сметаат дека таа поддршката е „голема или умерена“, 46 отсто оценуваат дека Унијата пружа „најзначајна финансиска поддршка на државата“, а 53 проценти дека таа поддршката е ефективна. Во извештајот од истражувањето на Евробарометар се посочува дека во државите кандидати за членство генерално преовладува голем ентузијазам за пристапување во ЕУ, но тој во исто време е под влијание на специфични економски и геополитички проблеми на секоја земја. Според резултатите од истражувањето, мнозинството жители на земјите од Западниот Балкан го поддржуваат зачленувањето на нивните држави во ЕУ, со исклучок на Србија каде поддршка за пристапување кон блокот е најниска во регионот и изнесува 33 отсто. Најголема поддршка за членство во ЕУ има во Албанија од 91 отсто. Значителна поддршка за членство на нивните земји во ЕУ изразуваат и жителите на Грузија од 74 и на Украина од 68 проценти. Кога станува збор за имиџот на ЕУ, во земјите од Западниот Балкан доминира позитивна слика за Унијата, при што граѓаните ја ценат европската поддршка за економскиот развој и напорите за борба против корупцијата. Највисока позитивна оценка за ЕУ се бележи во Албанија од 82 отсто, а најниска во Србија од 38 проценти. Кога станува збор за земјите од т.н. Источното соседство на ЕУ, најпозитивна слика за Унијата има во Молдавија од 55 отсто, пред Украина со 49 и Грузија со 43 проценти. Главен предизвик, според Евробарометар, претставува ниското ниво на свест за Европската Унија и политиката на проширување во сите земји кандидатки и потенцијални кандидати за членство, при што значителен дел од граѓаните изјавиле дека се чувствуваат недоволно информирани. „Најдобро информирани“ се жителите на Молдавија и на Црна Гора, каде 48, односно 39 отсто од анкетираните изјавиле дека се „добро“ или „многу добро“ информирани. За разлика од ова, „најслабо информирани“ се Украинците и Србите, каде таа стапка изнесува 23, односно 20 проценти. Кога станува збор за Турција, поддршката за членство на земјата во ЕУ изнесува 49,9 отсто, позитивен став за Унијата имаат 50,7 проценти, а добро информирани за блокот и неговите политики се 40,6 отсто од турските граѓани. Турците како глави пречки за пристапот на нивната земја ги посочуваат недостигот на политичка волја, слабостите во владеењето на правото и широко распространетата корупција. На ниво на ЕУ, пак, поддршка за пристапувањето изразуваат 56 отсто од европските граѓани, при што таа е особено висока меѓу лицата на возраст од 15 до 39 години веруваат, каде достигнува до две третини. Генерално, граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето и сметаат дека кандидатите за членство треба да му се приклучат на блокот кога ќе ги исполнат потребните услови, посебно оние поврзани со почитување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на основните права, при што 56 отсто од нив оценуваат дека нивната држава би имала корист од приемот на нови членки. Сепак, дел од анкетираните Европејци изразуваат загриженост од миграцијата, корупцијата, криминалот и финансиските трошоци од процесот на проширување. Кога станува збор за информираноста, 67 отсто од граѓаните на ЕУ изјавиле дека не се чувствуваат добро информирани за процесот на проширувањето. Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, резултатите од истражувањето покажуваат дека граѓаните на ЕУ, а особено помладите луѓе, го поддржуваат проширувањето. - Евробарометарот испраќа уште една јасна порака: луѓето сакаат кредибилен процес базиран на вредности, воден од вистински реформи. Заедно со земјите членки ќе се ангажираме директно со граѓаните, ќе се осврнеме на нивните загрижености и ќе покажеме како проширувањето носи мир, просперитет и пообединета Европа, порача Кос. Со истражувањето за поддршката на процесот на проширување на ЕУ биле опфатени сите 27 земјите членки на Унијата, како и државите кандидати и потенцијални кандидати за членство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалХаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните. Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување. Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан. Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле. Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците. „Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна. Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво. Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција. Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook