„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
1„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаЕвроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Боговиње - ќе ги посетува и другите општиниАмбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас ја посети Општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата почна со средба на амбасадорот и градоначалникот Фети Абази и членовите на Општинскиот совет. - Започнувам една тура на посети во општините ширум земјата, особено во тие општини коишто не се многу посетувани затоа што навистина е многу важно да се сретнам со сите претставници на општинската администрација, со цел да можам да слушнам од градоначалниците, од членовите на општинските совети, меѓутоа и локалното население во врска со предизвиците со коишто тие се соочуваат. Навистина сакаме да видиме, исто така, да слушнеме како фондовите на Европската Унија се трошат, меѓутоа исто така и да видиме најдобар начин како да се ангажираме до комуницираме заедно со граѓаните, изјави амбасадорот Михалис Рокас. - Ние на состанокот се фокусиравме на три конкретни дела. Првиот дел беше проблемот околу водата за пиење во нашата општина. Вториот дел нашиот приоритет за туризмот во нашата општина и поддршката на фондовите од европска унија за приватните бизниси, изјави градоначалникот Фети Абази. Дискусиите на оваа и другите средби ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и ќе го истакнат конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот. - Исто така да осигураме дека реформите ќе можат да бидат спроведени се со цел Република Македонија да стане земја членка на семејството на Европската Унија. Има очигледна причина дека процесот на проширување веќе некое подолго време повторно се врати на врвот на агендата на Европската Унија. Токму поради таа причина придонесот којшто граѓаните, општинскиот совет и градоначалникот на Општина на Боговиње и нивните гледишта навистина се многу важни за Европската Унија на нашиот пат, макотрпната работа којашто ние ја правиме како ЕУ се со цел да ја постигнеме крајната цел, а тоа е членство на Република Македонија во Европската унија, посочи Михалис Рокас. По средбите во зградата на Општината, амбасадорот Рокас разговараше и со претставници на граѓанското општество во оваа општина.Тагови: Михалис Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter