Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
1Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
ЕвропаЕвентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“, рече шпанскиот премиер Санчез Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во интервју за весникот „Вангардија“ дека евентуална американска инвазија врз Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“.„Американска воена акција против огромниот арктички остров во Данска би му наштетила на НАТО и би ја легитимирала руската инвазија на Украина“, нагласи Санчез. „Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американската инвазија на оваа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би го легитимирала неговиот обид да ја нападне Украина“, рече тој во интервју за весникот „Вангардија“. „Ако САД употребат сила, тоа би била смртна казна за НАТО. Путин би бил двојно среќен.“Тагови: Гренланд Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со годиниВенко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал.Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? Почитувани медиуми, еве неколку примери: 2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил. Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење. И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт. Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел. Почитувани граѓани, Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност. Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција. Линк од видео материјал: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСудијата Славко Винчиќ се огласи за првпат по финалето на Светското првенство! Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ се огласи за првпат по финалето на Светското првенство! Откри како се однесувал Меси на теренот – еве што се случи меѓу него и Лео!Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој ја делеше правдата на финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Аргентина и Шпанија, за првпат отворено зборуваше за натпреварот што предизвика огромни јавни полемики. Само неколку дена откако официјално ја заврши својата судиска кариера, Винчиќ ги сподели впечатоците од најголемиот предизвик во кариерата, но и откри каков впечаток врз него оставил капитенот на „Гаучосите“, Лионел Меси. - Меси се однесуваше крајно спортски во текот на целиот натпревар. Ги прифаќаше моите одлуки, разговаравме со меѓусебна почит и ја покажа класата што ја поседуваат само најголемите играчи – изјави Винчиќ во интервју за шпанските медиуми. Славко отворено призна дека пред почетокот на финалето бил под огромен притисок, но нагласи дека излегувањето на теренот пред таков натпревар е сон што се остварува за секој судија. - Кога дознав дека ќе го судам финалето на Светското првенство, бев преплавен од емоции. Тоа е врвот на кариерата на еден судија и нешто за што сонуваш од првиот ден - истакна Винчиќ. Финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Шпанија беше запаметен по исклучително острата игра и големиот број дуели, црвениот картон за Енцо Фернандес, но и општиот хаос по последниот свиреж, поради што ФИФА беше принудена да покрене дисциплинска постапка против неколку учесници на овој натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравствоКако Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра, порачува премиерот Христијан Мицкоски. -Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме. Како Влада оваа година рекордно издвојуваме веќе повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат и јас навистина честитам на директорката и на вработените во Клиничката болница во Битола. Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока. Јас би сакал да се заблагодарам на сите вработени тука, на директорката, на министерот, на Фондот за здравство и здравствено осигурување, за сето трпение коешто изминатиов период го имаа. Нè очекуваат предизвици уште поголеми во периодот којшто следи, но ние како Влада сме цврсто ориентирани да направиме современо здравство коешто ќе одговори на потребите на граѓаните во било која смисла. Така работевме ќе повторам досега, така планирам и понатаму да работиме. Ви благодарам и на вас што сте денеска тука и што можевте одблиску да посведочите на она коешто изминативе 2 години се работи тука, уште многу ќе има да се сработи во периодот којшто следи така што ве поканувам да нè следите за тоа коешто го работиме, истакна Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08