Еве со што се хранат тибетските монаси (фото)

Која храна е клучна за младоликост и здравје на организмот?

Тибет е регион во централна Азија кој се наоѓа на Тибетската висорамнина. Традиционално, неговата територија била поделена на провинциите У-Тсанг, Кам и Амдо. Во различни периоди од историјата, тој бил или независна држава, или територија во рамките на Монголската империја или вазална земја на Кина. Дури во 1984 година Тибет беше отворен за оние што сакаат да се нурнат во атмосферата на оваа древна култура и да ги допрат нејзините тајни.

Тибет отсекогаш привлекувал со својата мистерија. Младешкиот изглед на тибетските монаси е нешто кон кое се стремат милиони луѓе ширум светот. Нивниот душевен мир е нешто на кое сите се восхитуваат. Со децении проучувајќи ги нивните навики, исхрана и начин на живот, луѓето се обидуваат да проникнат во тој еликсир на младоста. Тоа всушност не е никаква мистерија, туку прилагодување на животот во хармонија со природата.

Младоликоста на тибетските монаси главно зависи од правилниот внес на храна. Тие ги пресметуваат порциите, секој според своето тело, земајќи ја предвид висината и тежината. За нив најважно е да не се прејадуваат, бидејќи тогаш може да се појави проблем како вишок килограми и метаболички нарушувања. Во исхраната, тие претпочитаат нискокалорична храна богата со витамини. Исхраната во манастирот е аскетска: претежно јадат ориз и зеленчук со тибетски леб. Главен напиток на монасите е тибетскиот чај во кој се додава сол и млеко. Тој рецепт е стар повеќе од 1.400 години и без разлика на неговиот специфичен вкус, тој е многу хранлив и совршено ја гаси жедта.

Тибетските монаси го започнуваат денот во 6 часот наутро. Главен ритуал по спиењето е искачување на врвот на падината, каде се поздравуваат со сонцето и читаат молитви. Потоа следува полевање со ладна вода и физички вежби кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем.

Откривањето на можностите на човечкото тело и процесите што се случуваат во него се составен дел од знаењето на источните аскети. Едно од правилата до кои се придржуваат е тоа што месото не го мешаат со храна која има високо ниво на јаглехидрати. Од научна гледна точка, таквата храна се вари многу долго, па комбинацијата на таквите состојки во една порција ќе биде доста енергична за телото, што последователно доведува до прекумерна поспаност и зголемување на желудникот.

МААЕ предупредува: Украинската нуклеарка Запорожје три месеци е без резервно напојување

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешно резервно напојување, поради што е исклучително ранлива, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и другите основни нуклеарни и безбедносни функции, соопшти МААЕ. Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи. Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна, рече Гроси.

Кревката ситуација со електрична енергија на централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија, додаде шефот на МААЕ. Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март минатата година.

Се шират гласини дека бракот на Натали Портман е во криза- сопругот ја измамил со 25 годишна

Натали Портман и нејзиниот сопруг, француски балетан Бенџамин Милепид наводно се во брачна криза откако се дознало дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, изјавија извори за Page Six.

Изворот тврди дека парот минатата година одлучил да живее одвоено, но дека се уште се трудат да го спасат бракот, а на крајот на мај биле снимени како уживаат на концертот на Бијонсе.

Нивниот брак наводно е на работ на колапс откако францускиот магазин Voici објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната активистка за клима, Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

"Тие не раскинаа и се обидуваат да ги средат работите. Бен прави сѐ за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство", тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја чува приватноста и дека сега најважно и е да ги заштити своите деца.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм, кој се снимаше во ноември минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.

Да потсетиме дека Портман и Милепид се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот Black Swan, за кој тој ја направи кореографијата. Тие се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.

Екстремните левичари се судрија со полицијата на забранетиот протест во Лајпциг

Членовите на германската левичарска сцена се собираат во Лајпциг, и покрај забраната за протести, за поддршка на неодамна осудениот радикален левичар.

Властите зборуваат за запалени автомобили и напади врз полицијата во многу делови на градот.

Во раните попладневни часови во јужните делови на Лајпциг беа запалени неколку автомобили и контејнери за отпад, за кои се верува дека се дело на левичарски екстремисти кои и покрај забраната во Лајпциг се собираат за поддршка на неодамна осудената левичарка Лина Е. Таа оваа недела беше осудена на долга затворска казна за организирање физички напади врз припадници на екстремната десница.

Ноќеска во повеќе делови од градот имаше судири меѓу припадниците на екстремната левица и полицијата. Според полициското соопштение, во тие судири биле повредени дваесет припадници на полицијата.

Попладнево Уставниот суд во Карлсруе, по итна постапка, ја отфрли тужбата со која левичарските активистички групи сакаа да ја поништат одлуката на повисокиот управен суд во Саксонија, кој го забрани протестот поради страв од немири и судири меѓу левичарите и полицијата, како и опасност за јавниот ред и мир.

Полицијата од вчера ги контролира возовите кои се движат кон Лајпциг. Активисти на левичарската сцена поканија истомисленици од цела Европа да протестираат во Лајпциг. И во средата во Дрезден, по објавувањето на пресудата против група левичари, имаше насилни протести на припадниците на екстремниот лев политички спектар.

притисни ентер