ЗдравјеЕве што се случува со вашето тело ако секој ден пиете пивоМногумина се опуштаат со ладно пиво на крајот од напорниот ден. Иако се смета за поблага опција во споредба со жестоките пијалоци, важно е да се знае како редовната консумација на пиво, дури и во мали количини, влијае на здравјето, пишува EatingWМоже да ги зајакне коските Умерената консумација на пиво е поврзана со поголема минерална густина на коските кај мажите и жените. Едно пиво неделно, на пример, се поврзува со помал ризик од фрактури на колкот. Се верува дека заслугата им припаѓа на силициумот и полифенолите, но научниците нагласуваат дека се потребни повеќе истражувања. Го загрозува квалитетот на сонот Иако алкохолот може да обезбеди краткорочно чувство на релаксација, тој го нарушува сонот и здравјето на мозокот. „Алкохолот во пивото може да влијае на мозокот така што ги забавува рефлексите, а може да ги наруши и рамнотежата, меморијата и сонот“, вели нутриционистката Кимберли Гомер. Истражувањата покажуваат дека само два стандардни пијалака може да ја нарушат REM фазата на спиење, додека црниот дроб работи интензивно ноќе за да го разгради алкохолот, што доведува до немирен сон. Го забавува слабеењето Кога пиете пиво, црниот дроб веднаш го преработува алкохолот. „Телото нема способност да го складира алкохолот бидејќи го препознава како токсин. Тогаш црниот дроб го става како приоритет во употребата за енергија“, објаснува Гомер. Ова значи дека телото прво го согорува алкохолот, а потоа ги согорува мастите, што може да го забави процесот на губење на тежината. Долгорочното преоптоварување може да доведе и до оштетување на црниот дроб. Може да предизвика лошо варење Алкохолот го стимулира производството на дигестивни сокови и ги иритира цревата. „Алкохолот прво се разградува во желудникот, стимулирајќи зголемување на дигестивните сокови. Алкохолот, исто така, ги иритира тенкото црево и дебелото црево, каде што понатаму се разградува и апсорбира“, вели Гомер. Ова може да предизвика болки во стомакот, киселини, надуеност или дијареја. Некои студии, исто така, споменуваат можни благи придобивки од ферментираните соединенија во пивото, но експертите велат дека доказите сè уште не се цврсти. Ризик од дехидратација Како и сите алкохолни пијалаци, пивото делува како диуретик. Гомер објаснува дека „бубрезите се одговорни за регулирање на течностите и електролитите, а алкохолот може да ги наруши хормоните што влијаат на функцијата на бубрезите“, објаснува Гомер. Сепак, диуретичниот ефект на пивото е послаб од оној на виното или жестоките пијалоци. Со доволно внесување на вода, ризикот од дехидратација се намалува. Го зголемува ризикот од хронични заболувања Додека постарите студии го поврзуваат умереното пиење со подобро здравје на срцето, поновите истражувања предупредуваат дека овие ефекти се преценети. Докажано е дека прекумерната консумација го зголемува ризикот од хипертензија, мозочен удар, срцева слабост и голем број видови на рак, вклучувајќи рак на црниот дроб, дебелото црево и рак на дојката. Клучот е во умереноста Повременото пиење пиво може да се усогласи со балансираниот начин на живот, но експертите велат дека не треба да се консумира поради неговите наводни здравствени придобивки. Многу други видови храна нудат исти придобивки без ризиците поврзани со алкохолот. Упатствата велат дека не треба да се пијат повеќе од две пијалака дневно за мажи и еден за жени. Доколку постои проблем со зависност, неопходна е стручна помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16