Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
1Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
3Предлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на Македонија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ЖивотЕве што се случува по апсењето на поранешниот принц Ендрју: Му се заканува доживотен затвор!Додека полицијата утринава интервенираше на имањето Сандрингем за да го уапси Ендрју Маунтбатен-Виндзор, службениците започнаа процес што може да резултира со тоа поранешниот принц да се соочи со доживотна казна затвор.Конвој од осум возила со цивилни службеници беше првиот знак дека нешто невообичаено се случува во новиот дом на Ендрју во Вуд Фарм, откако беше иселeн од Ројал Лодџ поради врските со педофилот Џефри Епштајн. Службениците од „Thames Valley Police“ го лишија од слобода поранешниот принц и го одведоа во притвор на самиот негов 66-ти роденден. Најблиската полициска станица до имањето Сандрингем е во Кингс Лин, иако истата ја управува полицијата на Норфолк. Тој може да биде задржан од полицијата до 24 часа без обвинение, иако полицијата може да побара продолжување на овој рок до максимум од 96 часа. По тоа време, мора да биде обвинет или ослободен – што може да значи и ослободување со гаранција под одредени услови. Пред и за време на интервјуто, Ендрју ќе има право да побара правен совет и да присуствува адвокат. Кога не е во соба за интервју, поранешниот принц најверојатно ќе биде задржан во стандардна ќелија за притвор, која е празна освен за кревет и тоалет. Сè што Ендрју ќе изјави за време на интервјуто може да се испрати до Кралското јавно обвинителство (CPS) како дел од случајот на полицијата, откако истражителите ќе завршат со собирањето на докази. Токму CPS ќе одлучи дали членот на кралското семејство ќе биде обвинет за било какво кривично дело. Прекршувањето на должност во јавна служба се смета за едно од најтежоките дела според британскиот закон, со максимална казна доживотен затвор. Но, Ендрју ќе се соочи со тоа само доколку биде обвинет, суден и осуден во суд. Поради сериозноста на делото, истото се третира како индикативно, што значи дека судењето ќе се одржи на Кралскиот суд. Бидејќи е член на кралското семејство, тоа не му нуди заштита од обвинение или затвор. Како монарх, Крал Чарлс III е единствениот член на кралството со суверена имунитет. Извор: Дејли МејлТагови: Принц Ендрју Џефри Епштајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“Има интерес за инвестирање во Чебрен и Галиште од американската финансиска корпорација ДФЦ, изјави премиерот Мицкоски кој е оптимист дека по децении планови, од следната година ќе се отпочне со проектот. За ова вели при посетата на САД разговарал со челниците на корпорацијата, кои веќе имаат инвестирано во Македонија во рудникот за антимон во Крстов Дол. Анализите според Мицкоски покажале дека придобивките од изградбата на двете хидроцентрали се големи, а државата треба да преземе храбар чекор и да се вклучи во проектот. „ Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот рече дека и покрај големата енергетска криза во светот, во Македонија состојбата е под контрола. Денеска беше промовирана третата фаза од проектот на АД ЕСМ за ревитализација на хидроелектраните, со што се очекува зголемување на производството на електрична енергија. Оваа фаза чини 46 милиони евра, а според планот на ЕСМ ќе биде завршена до крајот на следната година. „ По завршувањето на ревитализацијата ќе добиеме комплетно обновени инсталации. Капацитетот на шесте големи хидроелектрани ќе биде обновен, притоа ќе биде и проширен капацитетот односно моќноста на истите за цели 14 мегавати, што значи дека ќе донесе дополнително годишно производство од 50 гигават часови, или претворено во финансиски средства некаде околу 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. “Лазар Узунчев – директор на АД ЕСМ. Директорот на ЕСМ рече дека се подготвени и за грејната сезона. Најави дека ќе бидат во функција два блока на РЕК Битола, а по потреба ќе биде пуштен и третиот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГрција ѝ ги предава посмртните останки на цар Самоил на БугаријаГрција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена .Грција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена – Бугарија за возврат ќе предаде вредни византиски ракописи и црковни реликвии кои потекнуваат од грчки манастири. Официјалното предавање ќе се изврши на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун од каде по церемонијата ќе бидат пренесени во Софија каде во црквата Света Софија треба да бидат положени во посебен саркофаг. Бугарскиот премиер Румен Радев денеска соопшти дека договорот е постигнат по интензивни преговори и го оцени како историски. -По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во неговата татковина. Веќе шест децении не престануваат напорите на бугарската држава да ги врати посмртните останки на еден од нејзините најголеми владетели. Нам ни припадна историската чест тоа да го постигнеме. изјави – Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија. Прашањето за тоа како се дефинира неговото историско наследство со години е тема и на македонско-бугарската историска комисија. Комисијата во 2019 година се усогласи и за заедничко одбележување на Цар Самоил од страна на Македонија и Бугарија. Во официјалните препораки на комисијата Самоил е опишан како владетел на голема средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија. Во документот се наведува и дека Цар Самоил и неговата судбина се симбол на заедничката историја што ја споделуваат двете современи држави. Претседателот на македонскиот тим во заедничката историска комисија со Бугарија, професорот Ванчо Ѓорѓиев, во телефонски разговор за Канал 5, беше воздржан и не сакаше да го коментира најавеното предавање на посмртните останки на цар Самоил ниту пак го коментираше денешното именување на Самоил како „бугарски цар“ од страна на бугарскиот премиер Радев. Недостапен за коментар беше и поранешниот копретседател на комисијата Драги Ѓеоргиев. Историчарот Михајло Миноски пак предупредува дека секој прифатен компромис или формулација за „заеднички личности“ оди директно на штета на македонскиот идентитет, историскиот континуитет и државните интереси. -Науката не донесува решение, науката само докажува и толкува врз основа на факти и документи. Сето друго што се работи преку комисијата, значи се работи за барање на компромис кој може да биде на штета на македонскиот идентите, историско минато и историски континуитет. Бугарскиот дел од комисијата ќе продолжи упорно и доследно во целиот следен период во кој ќе работи комисијата да ја наметне својата теза.изјави - Проф. д-р Михајло Миноски – историчар. Македонско – бугарската историска комисија во меѓувреме продолжува со работа. Последната средба се одржа минатата недела, но повторно без суштински напредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на МакедонијаЗа да има ефект од разговорите со Бугарија, би било добро претставници од ЕУ да ги слушнат аргументите од двете страни – со ваква порака премиерот ќе ја пречека шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен во Скопје овој петок. Реформскиот напредок на државава но и промените во самата ЕУ каде се повеќе популарни стануваат партии кои се противат на проширувањето, ќе бидат дел од темите за разговор, најави Мицкоски. -Логично е да се седне и да се разговара во присуство на претставници од ЕУ затоа што треба да се слушнат аргументите објективно. Вака кога седиме и разговараме на билатерална основа, тоа што се разговара нема никаква суштина. Ниту пак потоа брифирањето од тие средби е онака како што се разговарало. Ценам дека за да имаме некаков ефект, за да имаме суштина во тие разговори, добро е да има претставници од страна на Европската комисија за да ги слушнат аргументите. Ако нашите аргументи не држат, тогаш ние сме подготвени да ги прифатиме другите аргументи. -Христијан Мицкоски, претседател на влада. Лидерот на СДСМ – Венко Филипче пак, ја оценува како лажна намерата на Мицкоски европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија. Иако се очекуваше новата европска стратегија за проширувањето да биде објавена пред фон дер Лајен да пристигне во регионот, сепак тоа ќе се случи по завршувањето на западнобалканската турнеја - потврдуваат од Европската комисија. Во меѓувреме, бриселски медиуми веќе објавуваат нацрт-извештаи на стратегијата, според кои, наместо едногласност, во одредени области, ќе се гласа со квалификувано мнозинство. -Комисијата предлага примена на понискиот праг на гласање со квалификувано мнозинство – 15 земји што претставуваат две третини од населението на блокот – за поширок спектар на политики, вклучувајќи санкции, човекови права, одбрана и безбедност. Сепак, иако нема навестувања дека ЕУ ќе се откаже од барањето за едногласност на самиот почеток и на крајот од кандидатурата на земјата-кандидат за членство, радикалното преструктуирање на процесот на донесување одлуки во ЕУ ќе се соочи со пречки,- -Бриселски медиум Репортер. Дополнително, за време на посетата на Урсула фон дер Лајен би се разјаснило дали Македонија сепак ќе биде вклучена во групата најуспешни земји кандидатки кои ќе добијат патокази како дел од претстојниот есенски извештај за проширувањето. Иако според бриселскиот медиум Политико, Македонија ќе биде изоставена од групата, според премиерот, тоа би било нелогично бидејќи како што вели, државава испорачува најголем дел од реформските обврски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook