ВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага на талогот од СДС не станува вистина, мали Фрчко повторно ја загуши „бомбата’’
2ВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага на талогот од СДС не станува вистина, мали Фрчко повторно ја загуши „бомбата’’
3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЗабаваЕве што открила една корисничка на Тикток додека го средувала новиот дом (фото и видео)Од куќата во која претходниот сопственик живеел 54 години се ширела чудна миризба...Ејми е корисничка на Тикток која неодамна се преселила со семејството во куќа во која претходниот сопственик живеел 54 години. Оваа жена, како вистинска домаќинка, решила целосно да го исчисти и бојадиса новиот дом, вклучувајќи го и чистењето на отворите за вентилација. Видеото кое кружи на Тик-Ток предизвика неверување и гадење кај некои корисници. Оваа госпоѓа го повикала сопругот да ѝ помогне да ги отвори деловите за вентилација. Нејзиниот сопруг носи гумени ракавици додека ја отвора преградата наменета за вентилација и циркулација на воздухот. Сепак, отворот е преплавен со куп прашина, саѓи и нечистотија, освен тоа се чини дека има нешто заглавено во него. Сопругот со алат ја крши вратичката од вентилациониот отвор и вади нешто што личи на мртва птица, која очигледно била таму со години, со оглед што е исушена. - Каков куп саѓи, изгледа претходниот сопственик долго време не ја чистел вентилацијата. Има нешто заглавено внатре, ќе се обидам да го извадам. Изгледа дека внатре има мртва птица. Кутрата птица, којзнае колку време стои овде. Види, таа е мумифицирана! Од неа не останало речиси ништо. Личи на галеб - одговара човекот, фрлајќи го она што останало од птицата во вреќата за ѓубре, а за тоа пишуваше Сан. Ејми била изненадена што претходниот сопственик не само што никогаш не ги исчистил отворите за вентилација, туку и не ѝ било јасно како не ја почувствувал смрдеата што се ширела низ куќата со оглед што воздухот циркулирал низ заглавениот галеб кој угинал и се распаднал. Видеото е прегледано четири милиони пати, има 164.000 „лајкови“ и илјадници реакции од изненадените гледачи. - Кутра птица, останала заглавена доживотно. - Галеб е, се гледа по обликот на главата и клунот. - Како птицата воопшто стигнала таму? - Тој галеб сигурно испуштал звуци додека умирал од глад, освен ако не умрел веднаш откако паднал таму. - Не ми е јасно како претходниот сопственик не ја почувствувал смрдеата на гнилежот! - Отворите за вентилација ги чистам на секои шест месеци, секогаш по летото и зимата, сезонски, понекогаш навистина се наоѓаат секакви работи. -Ме чуди што галебот е буквално мумифициран, воопшто не е мала птица, и врапче би смрдело! @amii.illustrates Check your air vents people 😭 #fyp #foryou ♬ original sound - Amii Illustrates Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС со политички манипулации за долгот, фактите покажуваат намалување на јавниот долг СДС повторно се обидува со манипулации со бројки да создаде слика дека државата е пред финансиски колапс. Но проблемот за СДС е што нивната политичка математика не се совпаѓа со официјалните податоци.Тезата дека Македонија „брутално се задолжува“ и дека јавниот долг излегува од контрола паѓа пред една едноставна бројка: на крајот на вториот квартал од 2026 година јавниот долг изнесува 58,8% од БДП. Тоа е за 0,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2025 година и дури 2,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2024 година. Ако долгот „експлодира“, како што тврди СДС, тогаш нека објаснат како неговото учество во БДП се намалува. Одговорот е едноставен. СДС намерно ги собира сите износи на обезбедено финансирање и ги прогласува за „нов долг“, но молчи за милијардите евра што државата истовремено ги враќа. Тоа не е економска анализа, туку политичка манипулација. Само од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра: 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Тоа се 4,556 милијарди евра кои СДС ги нема во својата пресметка. Само годинава целосно е исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година, во време на владеењето на СДС. Од неа, 383,7 милиони евра беа исплатени предвремено во февруари, а останатите 327,9 милиони евра при достасувањето. Со предвремената отплата беа заштедени и 3,2 милиони евра буџетски средства. Затоа, пред СДС да држи прес-конференции за тоа кој ја задолжувал државата, добро е прво да погледне кога се создадени обврските што денес ги плаќаме. Оваа Влада денес обезбедува средства за тековното функционирање и развој на државата, но истовремено враќа милијарди евра обврски преземени во минатото. И покрај тоа, јавниот долг во однос на БДП е намален. А што е оставено за плаќање во следните години најдобро покажуваат бројките. Во периодот 2027–2031 година државата треба да сервисира околу 5,129 милијарди евра главница и околу 2,396 милијарди евра камати – вкупно околу 7,525 милијарди евра. Тоа се реални обврски со конкретни рокови на достасување. Затоа сериозна Влада однапред го планира нивното сервисирање и рефинансирање. Само неодговорна опозиција може секое рефинансирање на стар долг да го прогласува за целосно „нов долг“, а притоа да премолчи кој и кога го создал долгот што сега достасува. Најдобриот показател за тоа дали долгот е под контрола не е политички избрана апсолутна бројка, туку неговото движење во однос на економијата. А тука СДС повторно има проблем со фактите: јавниот долг е 58,8% од БДП и е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година. Тоа е одговорот на нивната теза дека „од нешто правиме ништо“. Напротив, се сервисираат милијарди евра стари обврски! Тезата дека „касата е празна“ е уште една политичка конструкција. Фактот дека државата се финансира на домашниот и меѓународниот пазар не значи дека „нема пари“. Тоа е нормален дел од управувањето со јавните финансии – се финансира буџетскиот дефицит, се рефинансираат обврските што достасуваат и се обезбедува навремено сервисирање на долгот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага на талогот од СДС не станува вистина, мали Фрчко повторно ја загуши „бомбата’’Мали Фрчко и талогот од СДС мислат дека ако повторат некоја лага по илјада пати, таа магично ќе стане вистина.Граѓаните јасно ги имаат прочитано очајните обиди на талогот од СДС, но очигледно дека Фројд работи кај нив, па еве повторно да ја загушиме „бомбата’’ на СДС. Искрено се надеваме дека овој пат СДС не користеле психотропни супстанци, затоа што лошо им делуваат во нивниот однос кон јавноста, т.е. ги тера многу на лажење, манипулирање и дезинформирање. Имено, во март минатата година беше јасно соопштено дека вредноста на првата оспорувана набавка изнесувала речиси 40 проценти помалку од планираната вредност. Со тоа биле заштедени околу еден милион денари од парите на граѓаните, а опремата била навремено и квалитетно испорачана. За постапката не била поднесена ниту една жалба. Исто така, беше јасно утврдено дека државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација не учествувал во ниту една фаза од постапките за јавни набавки, додека министерот не учествува во подготовката на техничките спецификации, евалуацијата и изборот на економските оператори. Денеска СДС и мали Фрчко се обидуваат старата конструкција да ја надградат со нови инсинуации, засновани на некакви претпоставени поранешни деловни односи меѓу приватни лица. Но поврзувањето имиња и компании не е доказ за корупција, судир на интереси или незаконско влијание. Кога станува збор за конкретниот Систем за управување со документи – ДМС, чие одржување СДС се обидува да го претстави како афера, фактите се целосно спротивни од нивните конструкции. Од наследен и нефункционален систем, денес ДМС активно го користат повеќе од 45 институции. Тоа значи електронско, ефикасно и следливо управување со документите и предметите во институциите. Секој предмет има електронска трага и може да се следи неговото движење и постапување, наместо да остане заборавен или намерно скриен во нечија фиока. Тоа е вистинската дигитална трансформација што СДС не успеа да ја спроведе додека беше на власт. На денешната прес-конференција не беше презентиран ниту еден доказ дека некој влијаел врз условите на постапките, дека критериумите биле приспособени за одредена компанија, дека била прекршена законска одредба или дека бил извршен незаконски трансфер на средства. СДС повторно се обидува политичките претпоставки да ги претстави како пресуда. Сите постапки во Министерството за дигитална трансформација се спроведуваат согласно законските процедури, преку Електронскиот систем за јавни набавки, од стручни комисии и со целосна документација достапна за проверка. Додека тие рециклираат демантирани лаги, Министерството за дигитална трансформација испорачува конкретни резултати за граѓаните. Бројот на електронски услуги е зголемен од 120 на 352, бројот на корисници од 110.000 на повеќе од 266.000, а бројот на поднесени барања од 64.000 на над 340.000. Напредокот на Македонија во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста е потврден и во релевантни меѓународни извештаи и индекси. Токму овие резултати најмногу му пречат на СДС. Свесни се дека Министерството бележи драстичен напредок и дека од него најголема корист имаат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКарерас и македонските музички ѕвезди заедно ја запеја „Едно име имаме“ на плоштадот „Македонија“Во рамки на одбележувањето на 23 години од независнота на Македонија синоќа на плоштадот во Скопје настапи светски познатиот тенор Хозе Карерас.Натастапот беше заокружен и кулуминираше со изведба на „Едно име имаме“ чија изведба предвика овации во пибликата, а беше отпеана заедно со македонските музички ѕвезди. Пред настапот на Карерас, публиката уживаше во настапите на голем број македонски музички имиња, меѓу кои Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, а дел од најавениот состав беа и Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски. Македонските изведувачи настапија во придружба на Македонската филхармонија, под диригенство на Сашо Татарчевски. Тагови: Хозе Карерас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter