Еве што е потребно за да имате свеж здив - Канал 5

Еве што е потребно за да имате свеж здив

Различни производи за орална хигиена се користат во борбата против лошиот здив, но постојат многу поедноставни и поефикасни начини да се ослободите од лошиот здив користејќи работи што веќе ги имате во вашиот дом

Еве што е потребно за да имате свеж здив

Нането помага во борба против лошиот здив и ја освежува устата. Зачините како каранфилче, кардамон се одлични во борбата против лошиот здив. Содата е исто така одлична за овие проблеми. Едноставно растворете една лажичка сода бикарбона во чаша вода и користете ја за плакнење на устата. Алтернативно, можете да натопите четка за заби во сода бикарбона и да ја користите за чистење на забите. Чајот од лисја од тилчец е исто така одличен антибактериски освежувач на устата.

Пијте најмалку два литра вода на ден! Водата за пиење е од голема важност кога станува збор за спречување на растот на бактериите и лошиот здив предизвикани од несоодветна влага и плунка во устата. Избегнувајте слатки сокови навечер бидејќи можат да помогнат во таложење на бактерии во текот на ноќта.

Постојат намирници за кои знаеме дека предизвикуваат лош здив, па затоа е подобро да ги избегнувате доколку не сакате да имате непријатен мирис. Кромидот и лукот се најчестите виновници за тоа Сепак, кромидот во умерени количини ги убива бактериите што можат да предизвикаат кариес и заболување на непцата.

Избегнувајте храна богата со фруктоза затоа што го стимулира растот на бактериите. Ако сте гладни, јадете јаболка или малку јогурт. Јаболкото содржи пектин, за кој е познато дека го стимулира производството на плунка, додека активните култури во јогуртот помагаат во намалувањето на бактериите во устата.

Чистете го јазикот! Постојат бактерии на вашиот јазик кои предизвикуваат лош здив. Откако ќе ги измиете забите, исчистете го и јазикот.

Џвакајте кора од портокал! Измијте ја кората од цитрусното овошје (лимон или портокал) Таа не само што ќе го одржи вашиот здив свеж, туку и лимонската киселина во неа ќе поттикне поголемо производство на плунка, што е природна одбрана на устата против лошиот здив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер