3Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
ЗдравјеЕве што да направите доколку лицето покрај вас доживее срцев застој и падне во несвестВо ваквите случаеви, секундите може да бидат пресудни, а мозочната смрт настанува за 10 минути.Срцевиот застој, за жал, не е ретка појава. Во Европската унија, речиси 350.000 луѓе годишно доживуваат срцев застој. Од тој број, околу 90 отсто од случаите завршуваат фатално. Затоа е многу важно да ги научите основните принципи на кардиопулмонална реанимација (CPR), да обезбедите доволен број на масажи на срцето и веднаш да повикате брза помош, пишува британски Сан. Се верува дека 70 отсто од случаите на срцев застој надвор од болница, се случиле дома, а половина од овие случаи немале никој присутен кој би им укажал помош. Доколку срцевиот застој се случи надвор од болница и се изврши кардиопулмонална реанимација, стапката на преживување е сепак ниска, но значајна и изнесува 10,8 проценти. Доколку дојде до срцев застој во самата болница, стапката на преживување е 25,5 проценти. Ако не се примени CPR, мозочната смрт ќе се случи за помалку од 10 минути. CPR вклучува група на интервенции кои се вршат за да се обезбеди оксигенација, т.е. транспорт на кислород до клетките и циркулација, т.е. кружење крвта во телото за време на срцевиот застој. Реанимацијата се користи за повторно враќање на виталните функции кај лицето кое доживеало срцев застој или застој на дишењето. Главната цел е да се пренесе дополнителна количина кислород до мозокот, срцето и другите витални органи додека со сложени медицински постапки повторно не се воспостави адекватна срцева акција и спонтано дишење. Реанимацијата се врши така што се изведува силен притисок на градната коска од 100 до 120 пати во минута. Најважно е брзата помош да пристигне на време. Како да препознаете акутен срцев застој? Губење свест Престанок на дишењето Губење на пулсот во големите крвни садови (вратот, бутовите) Промена на бојата на кожата и на видливата слузокожа Широки зеници (ова спаѓа во сигурни знаци) -Срцевиот застој може да му се случи секому, во секое време, и колку побрзо лицето добие компресии на градниот кош (CPR) и дефибрилација, толку се поголеми шансите за преживување. Најлошото нешто што може да го направите при ваков итен случај на срцев застој е да не правите ништо, изјавил д-р Дејвид Бовен, стручњак за реанимација. Истражувањето објавено минатата година покажа дека 74 проценти од луѓето знаат како да извршат CPR. И покрај ова, само 44 отсто биле доволно способни да изведат реанимација. Откако ќе се јавите на бројот за итни случаи, можете да започнете со компресија на градите. Рачната реанимација се изведува на следниов начин: - се вршат компресии во средината на градната коска - поставете го коренот на дланката на средината на градниот кош, што одговара на долната половина на градната коска -Другата дланка ставете ја врз дланката поставена на градниот кош и преплетете ги прстите на рацете (важно е притисокот да не е на ребрата) - притиснете ја градната коска па ослободете го притисокот без да ги отстранувате рацете - компресиите и повторувањата треба да бидат во ист ритам - ритмичкото повторување на компресиите се врши додека пациентот не се освести или не пристигне брзата помош -не вршете притисок врз абдоменот или долниот дел од градната коска, затоа што е важно рацете да бидат во средината на градната коска. Внимателно следете ги упатствата на центарот за брза помош додека не пристигне амбулантното возило. Не е сеедно, вака можете да спасите живот. Кај нас дефибрилаторите ги користат оспособени стручни медицински лица. Станува збор за медицински уреди кои создаваат електричен удар во срцето, а се користат за срцев застој. Дефибрилаторите не се користат откако срцето ќе престане да работи. Всушност, силната електрична струја за кратко време ја запира работата на срцето, кое работи неправилно или е блиску до застој. Ако активирањето на срцето со дефибрилација е успешно, нервните клетки од мозокот до запреното срце веднаш продолжуваат да испраќаат нови сигнали до срцето, па тоа продолжува да работи како порано. Откако срцето ќе застане, употребата на дефибрилатор е бескорисна. Дефибрилаторите се користат од 1958 година, а нивната употреба е откриена случајно. Лекарите од болницата Џон Хопкинс во Балтимор, САД, во лабораторија испитувале како реагира срцето на куче на струен удар. Кога го извеле ова, забележале дека дошло до пулсирачки бран и лекарите сфатиле дека на овој начин можат да обезбедат делумно функционирање на крвотокот. Извор: https://srecna.republika.rs/zdravlje/odrasli/16760/kako-otpoceti-reanimaciju-kod-srcanog-zastojaКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе. Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност: 1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ! Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив. 2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО! ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности. 3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА! Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата. 4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ! Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси. 5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА! Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството. 6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ! За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти. ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ? Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност. Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси. Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики. Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПремиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресииПремиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии. Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? „Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ. Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.Тагови: битола НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34