Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
1Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЗдравјеЕве што бојата на јазикот говори за вашето здравјеАко ги забележите следниве промени, обратете се кај вашиот лекар...Промената на бојата на јазикот може да укажува на сериозни здравствени проблеми. Вашиот јазик може да открие многу за вашето здравје, а д-р Дипак Алак објаснува дека бојата на јазикот открива многу за општата состојба на вашето тело. Исто така, игнорирањето на овој знак може да го загрози вашиот живот. Д-р Алак тврди дека здравиот јазик има розова боја, со мали „испакнатини“ на површината. Доколку јазикот има низа други бои тоа може да укажува дека личноста не е здрава. - Дали некогаш сте си го виделе јазикот во огледало и сте помислиле: ова не е во ред? Тој е неверојатен орган, без него не би можеле да осетиме вкус, да џвакаме и, се разбира, да зборуваме. Но, тој е и индикатор, па секоја негова промена може да биде предупредување на вашето тело дека нешто се случува со вашето здравје и дека е време да посетите лекар. Некогаш промената на јазикот може да биде прашање на живот и смрт, па затоа е важно луѓето да ги знаат предупредувачките знаци што им ги укажува јазикот. Боите се секогаш субјективни, затоа обратете се кај вашиот стоматолог за да добиете повеќе информации доколку чувствувате дека нешто не е во ред - истакнува д-р Алак, а за тоа пишуваше и Дејли меил. Бел јазик Луѓето може да имаат дебел бел слој што го покрива целиот јазик, неговата позадина, или делумно да го покрива јазикот со флеки. Оваа состојба е резултат на прекумерен раст или отекување на јазлите или папилите, што може да биде предизвикано од горење на јазикот од особено топла храна или напиток. Од друга страна, непријатната бела маса може да биде предизвикана од бактерии кои се заглавуваат меѓу воспалените папили. Според Националната здравствена служба (NHS), белиот јазик може да биде знак за анемија, шарлах, кожни заболувања, леукоплакија, афти или орални габични инфекции. Жолт или кафеав јазик Жолтиот или кафениот јазик, според Клиниката Мајо, обично укажува на присуство на бактерии поради лоша орална хигиена, пушење, пиење алкохол, кафе или црн чај. Производите што содржат тимол, ментол или еукалиптус, исто така, може да предизвикаат жолта обвивка на јазикот ако устата е особено сува. Дехидрацијата може да доведе до пожолтување на јазикот, но и псоријазата и жолтицата. Ако лицето, очите и јазикот се жолти, препорачливо е да се консултирате со општ лекар, бидејќи тоа може да биде знак на проблеми со црниот дроб или жолчното кесе. Портокалов јазик Како и жолтиот јазик, лошата орална хигиена обично е причина за портокалов јазик, иако причина може да биде и земањето одредени антибиотици или јадењето храна што содржи бета-каротин. Црвен јазик Честопати, светло-црвениот јазик може да биде знак за различни состојби, од недостаток на витамини до болести. Се вели дека светло-црвениот јазик, исто така, може да биде знак за алергија на храна или лекови или недостаток на витамини од Б-групата. Други состојби поврзани со црвениот јазик се шарлах, еритроплакија - потенцијално преканцерозна состојба - и глоситис, кој предизвикува оток и воспаление на јазикот. Сив јазик Луѓето со црвен јазик може да развијат сиви ивици околу црвените дамки. Познато е дека луѓето со егзема развиваат сив јазик. Друга причина може да биде земањето антибиотици или антифунгални лекови, како и одредени антидепресиви и додатоци на железо. Црн јазик Црниот „влакнест“ јазик се јавува кога папилите на површината на јазикот се развиваат премногу бидејќи не ги отфрлаат мртвите клетки од слузокожата, што доведува до задржување на храна и бактерии, и промена на бојата. Честопати ваквиот јазик е резултат на лоша орална хигиена, пушење, џвакање тутун, земање одредени лекови и радиотерапија. Во поретки случаи, ваквиот јазик може да биде предизвикан од дијабетес или од ХИВ. Виолетов јазик Виолетовиот јазик може да биде знак за слаба циркулација, срцеви заболувања или Кавасакиева болест, ретка состојба која предизвикува воспаление на крвните садови кај децата. Зелен јазик Слично на жолтиот јазик, појавата на зелен јазик е резултат на лоша орална хигиена, пушење, сува уста или земање одредени лекови. Син јазик Синиот јазик може да биде знак за цијаноза, или недостаток на доволно кислород во крвта. Причините за цијаноза вклучуваат нарушувања на крвта, болести на крвните садови, недостаток на кислород од белите дробови или бубрежна болест. Исто така, во некои случаи, синиот јазик може да биде знак за сепса и бара итна медицинска помош. Open wide! What the COLOUR of your tongue could be saying about your health https://t.co/2KNHl269t0 pic.twitter.com/7Ljto6GaZt — Daily Mail Online (@MailOnline) March 17, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗнаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднашСтениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата. Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор. Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“ Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош. Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот. Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“ Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда. Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба. Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување. Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса. Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција. Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом. Извор: vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter