Еве од што ризикувате да заболите после прележан ковид - Канал 5

Еве од што ризикувате да заболите после прележан ковид

Внимавајте на болките во зглобовите и промените на кожата!

Еве од што ризикувате да заболите после прележан ковид

Истражувањата покажаа дека лицата кои изминативе години прележале корона, имаат зголемен ризик од неколку автоимуни болести. Уште пред почетокот на пандемијата научниците дојдоа до сознание дека инфекцијата со корона вирусот може да предизвика воспаление на целото тело и да има долготраен ефект врз имунолошкиот систем.

Британски „Сан“ повикувајќи се на резултатите од трите студии на американскиот кардиолог Ерик Топол, објави 11 состојби што би можеле да бидат поттикнати од инфекцијата со корона вирусот.

Според д-р Топол, истражувањата е неопходно да продолжат со цел да се утврди како настанува дисрегулирањето на имунолошкиот систем поради прележаниот ковид.

1. Артритис

По прележан ковид, луѓето најчесто се жалеле на болно отекување на зглобовите. Истражувањата покажале дека лицата кои биле заразени со ковид, имале 45% поголем ризик да развијат ревматолошки артритис во споредба со лицата кои ја избегнале оваа инфекција.

2. Анкилозен спондилитис

Хроничната прогресивна инфламаторна болест на локомоторниот систем предизвикува болки во грбот, вкочанетост и замор. Исто така може да предизвика и болки во колената, колковите и глуждовите. Кај некои лица со тек на време може да дојде до олеснување, а кај некои болките да се зголемат.

Научниците открија дека инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 го зголемува ризикот од развој на ова нарушување за 21 %. Иако не постои лек за оваа болест, физиотерапијата и аналгетиците можат да ја ублажат болката.

3. Лупус

Оваа болест се манифестира со болки во зглобовите, осип на кожата и хроничен замор... Ова заболување предизвикува воспаление и оштетување на ткивото на органите - зглобовите, кожата, мозокот, белите дробови, бубрезите и крвните садови.

Истражувањето покажало дека лупусот се јавува за 30% почесто кај лица кои прележале ковид, отколку кај оние што успеале да го избегнат.

Раниот третман на симптомите може да го намали ризикот од влошување и да помогне во контролата на нападите.

4. Дерматомиозитис

Оваа болест предизвикува воспаление на мускулите, а е придружена со слабост и појава на осип на кожата. Најчесто се јавува по вирусна инфекција и се манифестира со слабост на мускулите на колковите, бутовите, рамената, надлактиците и вратот, а на кожата се појавува црвен или виолетов осип.

Инфекцијата со корона вирусот ја зголемува веројатноста за развој на болеста за 20 проценти.

5. Системска склероза

Оваа болест се манифестира со задебелување и стврднување на кожата, и оштетување на внатрешните органи. Може да влијае на хранопроводникот, белите дробови, срцето, бубрезите и дигестивниот систем. Во некои случаи, тоа може да доведе до хипертензија и пулмонална хипертензија. Научниците откриле дека инфекцијата со новиот корона вирус може да го зголеми ризикот од системска склероза за 20 проценти.

6. Сјогренов синдром

Оваа автоимуна состојба се манифестира со сувост на очите, устата и вагината, како и со замор, болки во мускулите или зглобовите.

Појавата на Сјогренов синдром е за 26 % почеста кај лица со прележан ковид во споредба со луѓето кои не биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2.

7. Мешана болест на сврзното ткиво

Овој синдром вклучува симптоми на системски лупус еритематозус, системска склероза и полимиозитис.

Луѓето кои имале ковид имаат 20 проценти поголеми шанси да заболат од оваа мешана болест на сврзното ткиво во споредба со оние кои немале инфекција со корона вирус.

8. Бехчет-ов синдром

Состојба која предизвикува воспаление на крвните садови, го зголемува ризикот од слепило, болно отекување на нозете и промени на кожата. Откриено е дека луѓето кои имале ковид, имаат 19 проценти поголема веројатност да добијат Бехчетов синдром во споредба со луѓето кои не биле заразени со корона вирусот.

9. Ревматоидна полимијалгија

Оваа состојба предизвикува болки во мускулите и вкочанетост во рамената, надлактиците, колковите и вратот. Главниот симптом е утринската вкочанетост која трае подолго од 45 минути.

Случаите на полимијалгија ревматска биле откриени за 20 проценти почесто кај луѓето кои имале ковид во споредба со оние кои ја избегнале оваа инфекција.

10. Васкулитис

Воспалението на крвните садови кое може да предизвика оштетување на органи и ткива може да биде придружено со замор, вртоглавица, губење на слухот, привремено или трајно слепило и отежнато дишење.

Инфекцијата со новиот корона вирус го зголеми ризикот од развој на васкулитис за 26 отсто во споредба со луѓето кои успеале да ја избегнат оваа инфекција, велат експертите.

11. Псоријаза

Црвени дамки на кожата покриени со бели лушпи обично се појавуваат на скалпот, колената, лактите и долниот дел на грбот, но може да се појават насекаде на телото. Оваа болест може да се контролира со употреба на разни масти, терапија со лекови или биолошка терапија.

Истражувањата покажаа дека инфекцијата со корона вирусот го зголемува ризикот од развој на псоријаза за дури 38 проценти.

Извор: https://srecna.republika.rs/zdravlje/odrasli/16751/kovid-i-druge-bolesti-simptomi

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. 

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски.

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ.

Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот.

Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија.

Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ.

Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре.

Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници.

ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски.

Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови.

Сега сите се на исто место. Им благодариме.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер