Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација
2Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација
ЖивотЕве на каков животен простор се одлучило ова момче за да избегне плаќање станарина! (видео)Го споил убавото и практичното, и го живее својот сон.Цените на недвижностите од година во година се зголемуваат, како за купување, така и за изнајмување. Ова секако е голем проблем за поголемиот дел од светската популација, но има и такви што се обидуваат, ако е можно, да се снајдат на друг начин и да избегнат плаќање кирија. Видеото што го објави корисник на Тикток по име Џејк во кое тој го открива својот животен простор воодушеви многумина и им се допадна на околу 1,7 милиони лица. Имено, Џејк открива дека порано живеел во стан, кој потоа го заменил со брод, па сега плови по океанот и ужива во оваа необична авантура. Иако на прв поглед изгледа како обичен чамец за едно лице, и тоа само за обично пловење, Џејк всушност покажува како изгледа неговиот „дом на вода“. Откако се спушта во чамецот, тој го покажува својот мини-дом во кој се наоѓа сè што му е потребно – соба во која престојува, кујна каде приготвува оброци, спална и бања. Секако, сето тоа е далеку потесно од животниот простор на кој навикнал, но е сосема доволен за неговите основни потреби. Џејк во видеото објаснува дека бродот има и соларни панели кои се полнат на сонце и му обезбедуваат струја за основните апарати на бродот. Покрај сè што му е потребно, тој има и велосипед што го користи секој пат кога ќе се најде на копно и сака да се повози. Партнер во овој необичен животен стил му е неговата мачка. @jakesvan Rent free since 2023 | #boatlife #sailboat #tinyhome ♬ original sound - Jake Авантурата на која Џејк е навикнат долго време е желба на многумина што го погледнале неговото видео на Тикток. Очекувано, секому му е сон да се ослободи од сметките, но и од секојдневните нервози во сообраќајниот метеж низ градот, а ова момче живее токму така. Сепак, неговиот животен стил не го поддржуваат сите, многумина на мрежата изразиле загриженост поради временските неприлики што не може да се избегнат. -Што ќе правите кога ќе има ураган? - Ова е супер за живеење. - Таа нема да каже „не“. - Попрво би плаќал кирија. - Ова е магично – беа дел од коментарите. И додека некои го фалеле момчето завидувајќи му на ваквиот начин на живот и велејќи дека вака сигурно ќе заштеди, други признале дека лесно може да се живее во таков простор во Филаделфија, каде е сончево речиси цела година. Еден корисник се пошегувал, па прокоментирал дека е интересно што мачка живее на океан без да го знае тоа, а коментарот им се допаднал на преку 52.000 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена водаЗдравствена вонредна состојба во Гостивар. Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош во болницата. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење, поради што се засилени дежурните медицински тимови. Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизацијаОпозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија. Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат. Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат. Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
ТенисФото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно местоПоради најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, најголемите ѕвезди од светот на спортот, модата, филмот и многу други општествени сфери дојдоа на премиерата на неговиот документарен филм во Њујорк. Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк од Меѓугорје и таму ја одржа премиерата на својот документарец. Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ – Зимски волк“ ќе биде достапен за јавноста на 20 август, а премиерата, на која се појавија најголемите светски ѕвезди, се одржа околу еден месец претходно. Секако, присутни беа личности од светот на спортот – почнувајќи од Мајк Тајсон, Џон Мекинро, Златан Ибрахимовиќ, Хуан Мартин дел Потро, Џани Инфантино, Богдан Богдановиќ, Марко Матераци, Роберто Карлос, Фернандо Љоренте и Кафу, па сè до кралицата на модата Ана Винтур, манекенката Кристина Романова и многу други. Од фотографиите што се појавија од „Музејот на современа уметност“ може да се види дека сите уживале и дека имале што да видат. Веројатно нема да можат многу да зборуваат за тоа поради јавната премиера, која е закажана дури за август. На филмот за Новак работеше Џејсон Хејер, човекот што го сними документарецот за Мајкл Џордан („Последниот танц“), а тоа само по себе беше доволна најава за спектаклот што се очекуваше. "I’m trying to prove myself wrong more than anybody else." Novak Djokovic: The Wolf in Winter is streaming August 20. pic.twitter.com/7n24EVv7Ao — Prime Video (@PrimeVideo) July 14, 2026 „Кој најмногу се сомнева во мене? Гледате во него“, рече Новак Ѓоковиќ, покажувајќи кон себе: „Се обидувам да се надминам себеси, повеќе од кој било друг. Луѓето мислат дека си постигнал толку многу и дека треба да уживаш во тоа, а јас не можам да уживам“, изјави Новак, меѓу другото, во објавениот трејлер. Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter