СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
2СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ТенисЕве како Новак Ѓоковиќ ја запросил неговата сакана Јелена! (фото)Се чини дека најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, од првиот ден знаел дека неговата сопруга Јелена ќе му стане животна сопатничка, особено поради нејзините особини и квалитети со кои го освоила.-На прв поглед ме освои со насмевката. Се разбира, секогаш изгледот прв доаѓа до израз, а за љубов е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех, затоа што знам дека е со мене заради мене, заради Новак, заради она 17 –годишно момче. Таа ми е најголема поддршка, способна е, амбициозна и силна. Она што најмногу го сакам кај неа е нејзината искреност, тоа е она што нè прави среќни – изјави еднаш Новак Ѓоковиќ. Парот својата врска ја официјализира во 2013 г. Дека приватно тенисерот е вистински романтичар, покажува и чинот на запросување на неговата сакана. - Отидовме да летаме со балон. Изнајмив уште еден балон, кој требаше да се крене во моментот додека поминувавме и да го пушти натписот на кој пишуваше „Ќе се омажиш ли за мене? – се присети Новак на овој прекрасен момент. Проблемот настанал кога нивниот балон се запалил, додуша, не многу. Јелена почнала да паничи, а Ѓоковиќ му се обратил на управувачот: - Ве молам, помогнете! Ќе ја пропуштиме можноста – објаснува тенисерот. Јелена во моментот кога го здогледала другиот балон, помислила дека е реклама: - Си помислив: „Луд ли е, што бара оваа реклама ова време - а дури потоа прочитав што пишува. Се свртев, а тој веќе беше на колена со прстенот - изјави сегашната госпоѓа Ѓоковиќ. Тие се венчаа на 10-ти јули на островот Свети Стефан во Црна Гора, а светот со голем интерес ја следеше свадбената церемонија. Четири месеци по венчавката, на 21-ви октомври 2014 година, Јелена го роди синот Стефан во Монте Карло, а три години подоцна, на 2-ри септември 2017 г. тие ја добија ќерката Тара.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење. Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа. Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна! Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата. ЈКП „Бошава“ – Демир КапијаТагови: Демир Капија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар? Нема документ. Нема извештај. Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар. Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот? Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните? По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина. Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook