Еве каде би се сокриле милијардерите во случај на глобална војна или катастрофа - Канал 5

Еве каде би се сокриле милијардерите во случај на глобална војна или катастрофа

Бункерот за милијадери во коj тие можат дa поминат сокриени од светот до 10 години, сe вика Опидум и се наоѓа во Чешка. Се состои од низа ниски објекти распоредени на површина од 3 хектари и се наога на место на некогашен воен бункер.

Еве каде би се сокриле милијардерите во случај на глобална војна или катастрофа
Најголемото приватно скривалиште на светот се наоѓа во близина на Прага. Со неговата изградба се започнало во 1984 година во времето на студената војна, како заеднички проект на владите на тогашна Чехословачка и Советскиот Сојуз. Завршен е 10 години подоцна.

Бункерот им овозможува на станарите да преживеат природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човечки фактор, како и прекин на снабдување со струја, вода и лекови дури до 10 години.

Содржи луксузни подземни простории, тајни ходници кои ги поврзуваат објектите на површината на земјата со оние под нив, вистинска подземна палата врежана во камен со луксузни простории и блиндирани врати.




Опидум има и подземна градина со вештачко осветлување, и приватни сефови за „најдрагоцениот имот“.

- Бункерот е единствен по тоа што ги обединува најсовремените безбедносни системи со луксузот и удобноста, и ова е најголем таков бункер во светот за кој се знае - вели поранешниот шеф на разузнавачката служба во Чешка и експерт за безбедност, генерал Шандор.


YouTube video


/ извор: forbes.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница.

Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер