3ООУ „Вера Циривири-Трена“ дел од меѓународен проект за поврзување на училиштето и семејството преку STEAM учење
ТенисЕванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на ВимблдонСедумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2).Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра. Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс. Британецот го почна настапот на Вимблдон како 154 рангиран на АТП листата. Тагови: Новак Ѓоковиќ тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на одвоени средби, се сретна со конгресмените Кит Селф и со конгресменката Клаудија Тенеј.„Денеска остварив средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави.“ „Остварена средба со конгресменката Клаудија Тенеј од републиканската партија, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.“, објави на ФБ премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНеда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)Неда Украден привлече внимание со нови фотографии од одмор. 76-годишната пејачка позираше во виолетов костим за капење во џакузи на Ртањ, а објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници. Комплиментите брзо почнаа да се редат во коментарите. Следбениците ѝ велеа дека изгледа одлично и го пофалија нејзиниот изглед и енергија, но не сите беа подеднакво воодушевени. Некои коментатори се сомневаа дека фотографиите се дополнително обработени. „Не е потребен фотошоп“, ѝ рече еден следбеник, додека други коментираа и за можната употреба на филтри и уредување фотографии. View this post on Instagram A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden) Неда Украден претходно објавуваше фотографии од одмори и во костими за капење на социјалните мрежи, а нејзиниот изглед често предизвикува голем број реакции од нејзините следбеници. Неодамна го прослави својот 76-ти роденден Пејачката го прослави својот 76-ти роденден на крајот на август. Родена е на 16 август 1950 година во Имотски, а во текот на својата децениска кариера сними бројни хитови и остана една од најпрепознатливите пејачки на регионалната музичка сцена. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм, со кои редовно споделува фотографии од настапи, патувања и приватен живот.Тагови: неда украден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата Откако периодов во фокусот на јавноста во Србија е Матеј Гаштаров со првотимскиот статус во Црвена Звезда, автоматски започна со приказната и за потенцијален негов „репрезентативен“ трансфер од Македонија во Србија.Како што е добро познато, Гаштаров е младински репрезентативец на Македонија со официјален повик за А репрезентацијата од денеска со официјализирање на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на Нациите. Сепак, откако Гаштаров стана првотимец на Звезда, го доби пасошот на Србија, но со причина. За да може да биде „џокер“ У21 играч за тимот. Само, и исклучиво поради тоа и стартуваа шпекулациите за негово преселување во дресот на Србија. Еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ пред десетина дена во едно интервју јавно кажа дека ќе се обидат да го преусмерат Гаштаров, но на сите тие шпекулации денеска им дојде крајот. Селекторот Седлоски и официјално го повика Гаштаров, и објасни дека во личниот разговор со играчот на Црвена Звезда јасно е ставено до знаење за кого Гаштаров планира да игра. Медиумите во Србија неволно ја пренесоа попладнево таа информација, очигледно сметајќи го ова за некаков си неуспех. Со кој што ќе мора да се помират очигледно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook