Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
БалканЕвакуирани туристи во хотел и камп поради голем пожар на хрватскиот остров БрачГолем пожар избувна утрово во близина на селото Бол на хрватскиот остров Брач, што доведе до евакуација на еден хотел и еден камп, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ).Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети. - Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици, изјави Никола Мартиновиќ, командир на оперативниот регион Брач. На терен се ангажирани 56 пожарникари со 22 противпожарни возила од регионот, како и противпожарен авион „Канадер“. Според Мартиновиќ, пожарот е ставен под контрола, но силната бура сè уште создава предизвици за пожарникарите. Тој додаде дека екипите ќе продолжат со гаснењето на пожарот во текот на денот, а веројатно и во текот на ноќта.Тагови: пожари Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и ВиницаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter