3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
СветЕвакуирани се 40.000 луѓе во Калифорнија поради отровна хемикалијаОколу 40.000 жители на Јужна Калифорнија се под наредба за евакуација, бидејќи локалните власти се обидуваа да го локализираат истекувањето на токсична хемикалија од резервоар за складирање во објект на авиокомпанија.Властите се борат да спречат експлозија на контејнер што ја содржи хемикалијата метил метакрилат откако почна да протекува и да се прегрева во четврток попладне во воздухопловна постројка во Гарден Гроув, југоисточно од Лос Анџелес. Калифорнискиот сенатор Тони Стрикленд ја нарече ситуацијата „масовен инцидент со истекување на индустриска хемикалија“, по брифингот со службениците за јавна безбедност. Крег Кови од Противпожарната служба на округот Оринџ (OCFA) изјави во петокот дека неговиот тим „утврдува како да ја реши ситуацијата“ и работи на спречување на пукање или експлодирање на резервоарот. Резервоарот се лади однадвор со вода за да се спречи понатамошно загревање. Дополнителни проблеми се предизвикани од неисправен вентил. Здравствени ризици за жителите Хемикалијата е многу токсична и запалива, рече Кови, и се користи во производството на пластика. Здравствениот службеник на округот Оринџ во Калифорнија, д-р Реџина Чинсио-Квонг, изјави дека супстанцијата, кога се загрева, произведува пареи кои можат да бидат „значително иритирачки“ за белите дробови и носните патишта, како и да предизвикаат вртоглавица и гадење. Продолженото изложување може да предизвика „тешки респираторни проблеми“, рече Чинсио-Квонг, објаснувајќи дека властите издале наредби за евакуација за површина од околу 9 квадратни милји.Тагови: евакуација Калифорнија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПроблеми со Фејсбук и ИнстаграмКорисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид. Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците. Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете. Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.Тагови: Инстаграм Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНоќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син, а потоа со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка. На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.П.(35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди. На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител. На 11.06.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Н.(39) од Куманово затоа што околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син. На 11.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавствоРаботната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа потребни дополнителни појаснувања. Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување. Веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки. Министерството за правда изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter