ЗабаваЕва Мендез откри каков оброк им спрема на децата за на училиште и ги запрепасти фановите-видеоПознатата холивудска ѕвезда со кубанско потекло Ева Мендес (48) на својот Инстаграм профил сподели видео како подготвува оброк за ќерките Есмералда (7) и Амада (6), кои ги доби со колегата Рајан Гослинг. Убавицата откри дека обожава да подготвува и да пакува ужина за своите деца и дека честопати во кутијата за ужина вметнува и понекоја порака со љубов за да им стави до знаење колку ги сака. View this post on Instagram A post shared by Eva Mendes (@evamendes) Нејзиното видео привлече големо внимание кај фановите на Инстаграм кои ја коментираа утринската рутина на убавата актерка. Повеќето ја пофалија за пораките што им ги остава на девојчињата, а имаше и такви кои го прокоментираа начинот на исхрана на нејзините деца. - Ужината им е само морков, целер, јаболко и баклава? Извинете, искрено сум изненадена ако е тоа сè што вашите ќерки јадат за ручек - - Чисто лудило – - Целерот е исклучително здрав и моите деца го јадат секој ден - -Како вистинска латино мајка, се грижи за своите деца со храна и многу љубов - беа само дел од коментарите. На нејзината објава реагираше и експертот за родителство Џо Фрост, која напиша дека нејзините деца ја чувствуваат нејзината неизмерна љубов. На тоа познатата актерка реагираше: - Поголем дел од времето се чувствувам прилично збунето кога станува збор за мајчинството. Но, се трудам на моите деца да им пружам што повеќе љубов. Секогаш кога сум во некоја недоумица, едноставно ги сакам уште повеќе. Многу љубов е всушност она што им е најпотребно на децата – напиша таа. Да потсетиме, славната двојка своевремено откри дека нивните ќерки се школуваат дома, па дури и Ева, иако неуспешно, се обидела да им биде учителка. Очигледно, сега парот се премислил и ги запишал децата, веројатно, во некое приватно училиште. View this post on Instagram A post shared by Eva Mendes (@evamendes) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско ЕзероПри пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко. Тагови: ДЗС ер трактор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook