Ева Лонгрија сака да глуми во новата верзија на „Очајни домаќинки“ - Канал 5

Ева Лонгрија сака да глуми во новата верзија на „Очајни домаќинки“

Ева Лонгорија, најпозната по улогата на Габриел Солис во популарната драмска серија Очајни домаќинки, за време на неодамнешното интервју изјави дека би сакала да учествува во рестартирање на серијата доколку тоа се случи.

Ева Лонгрија сака да глуми во новата верзија на „Очајни домаќинки“

Актерката изјави дека Габриел ќе биде интернет личност во денешно време. „Таа дефинитивно би била инфлуенсерка“, изјави Лонгорија. „Таа би била како магнат на социјалните мрежи.“

Водена од носталгија, Лонгорија рече дека ќе биде „првата што ќе се пријави за рестартирање“, додавајќи дека навистина ѝ недостига да ја игра Габриел Солис.

И покрај нејзиниот ентузијазам, таа откри дека креаторот на серијата Марк Чери не бил заинтересиран повторно да работи на неа. „Разговарав со него неколку пати. Тој се прашуваше зошто би работел на тоа токму сега. Не го интересира рестартирање. Ми рече: „Што друго да кажеме за овие ликови што веќе не е кажано?“

Актерката, исто така, истакна дека темите кои биле револуционерни во тоа време, како што се дискриминацијата по возраст и начинот на прикажување на домаќинките, со текот на времето се нормализирале. „Пред 20 години зборувавме за возрасна дискриминација на домаќинки и тогаш беше шокантно. Многу работи што ги кажавме и правевме беа револуционерни, но денес не е така. Сега тоа е норма“.

Лонгорија моментално го промовира својот биографски филм Flamin' Hot, кој што го режираше. Филмот ја следи приказната за чуварот Ричард Монтањез, кој тврди дека ги измислил Flamin' Hot Cheetos. Филмот ќе биде достапен од 9 јуни на стриминг платформата Disney+.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест.

АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни.

Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена.

Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација.

Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Претставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. 

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија.

Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“

Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. 

Видео:  Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин:  „Боже, чувај нè од такви пријатели“

„Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин.

Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина.

Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“

За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател.

Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер