Ева Лонгорија го покажа своето лице, никој не остана рамнодушен (видео) - Канал 5

Ева Лонгорија го покажа своето лице, никој не остана рамнодушен (видео)

„Многумина не би ме препознале без шминка“

Ева Лонгорија го покажа своето лице, никој не остана рамнодушен (видео)

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ реши да ги открие своите недостатоци.

Ѕвездата на популарната серија „Очајни домаќинки“, актерката и продуцентка Ева Лонгорија Бастон е позната по својата убавина што плени каде и да се појави. Со своите 48 години таа сè уште важи за една од најубавите актерки во светот. Навикнати сме да ја гледаме во беспрекорни и свечени тоалети, како во популарната серија, така и во нејзиниот приватен живот, но и на црвениот тепих. Оваа актерка честопати на Инстаграм објавува видеа од нејзиниот секојдневен живот, а во неодамна споделеното видео таа покажа како изгледа без трошка шминка.

Вештото око на папараците годинава неколку пати ја улови без шминка додека шеташе низ градот. Меѓутоа, овој пат латино ѕвездата реши сама да покаже како изгледа без шминка и филтри, а за тоа доби низа пофалби од своите обожаватели.

Актерката која, инаку, не им робува на стереотипите, го покажа своето вистинско лице. На снимката, таа нема шминка и совршена фризура, но и покрај нејзините подочници, ситни брчки околу очите, пегите на носот и образите, очигледна е нејзината природна убавина.

- Здраво на сите, јас сум Ева Лонгорија, можеби некои од вас не ме препознаваат во моментов без вештачките трепки и огромната количина шминка што ја имам речиси секојдневно, но и тоа е во ред. Сакав пред вас да споделам дел од мојата дневна „рутина“ за шминкање. Сфаќам дека за многумина од вас ова ќе биде премногу, но на крајот на краиштата, јас сум Латиноамериканка, а ние секојдневно многу се шминкаме – го започнува своето излагање шармантната актерка на својот профил на Инстаграм, а целото видео е достапно на Јутјуб.

На Инстаграм Ева Лонгорија ја следат околу 10 милиони корисници, ова видео им се допаднало на над 88.000 корисници на мрежата, а коментарите само се нижеа.

-Кралице, убаво изгледаш со или без шминка!

- Уникатна жена, плус има убава кожа.

- И понатаму сметам дека таа е кралица на убавината.

- Пегите само ја комплетираа нејзината убавина.

- Жена која го одзема здивот.

- Шармантна како и секогаш, ја сакам!

- Опседната сум со нејзините пеги и природното руменило!

- Посакувам да изгледам вака без шминка.

- Најубавата природна жена во Холивуд.

- Секако дека лесно ќе те препознаам, запомни што ти кажав кога те запознав: „Без илузии!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер