Еурофарм Пелистер вечер и гостува на Висла Плок - Канал 5

Еурофарм Пелистер вечер и гостува на Висла Плок

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечер гостува во Полска каде во спортската арена „Орлен“, ќе се сретне со домашниот шампион Висла Плок.

Еурофарм Пелистер вечер и гостува на Висла Плок

Пред средбата, ракометарот Жарко Пешевски најви неизвесен натпревар и желба за продолжување на успешната серија на клубот.

- Освоениот бод против Спортинг за нас е голема мотивација за следните натпревари во европската Лига на шампионите. Вечер гостуваме кај многу незгоден противник, одлична екипа со многу искусни интернационалци, со гранитна одбрана и искусни голмани. Ние се подготвувавме за натпреварот, ќе се обидеме да ги искористиме слабите страни на противникот, веруваме во супер неизвесен натпревар и очекуваме да продолжи нашата успешна серија, изјави Пешевски.

Дуелот меѓу Висла Плок и Еурофарм Пелистер почнува во 20:45 часот, а ќе го судат Дино и Амар Коњичанин од Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конечно ќе се реконструира Планинарскиот дом на Шар Планина – Заеднички проект на Министерството за спорт и Амбасадата на Австрија

Министерството за спорт, во соработка со Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, го отпочнува проектот за реконструкција и модернизација на Планинарскиот дом „Титов Врв“ на Шар Планина.

Конечно ќе се реконструира Планинарскиот дом на Шар Планина – Заеднички проект на Министерството за спорт и Амбасадата на Австрија

Министерот Борко Ристовски и Н.Е. амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува рамка за соработка во врска со реализацијата на овој важен проект.

Во согласност со Меморандумот, Министерството за спорт ќе обезбеди навремено спроведување на релевантните административни постапки со цел да се овозможи добивање на потребните дозволи во разумен рок, за партнерите да можат да го реализираат Проектот во периодот од јули до септември 2026 година. Амбасадата на Австрија ќе ја поддржи реализацијата на Проектот, пред сè преку негова промоција и преку мобилизирање на релевантните чинители потребни за негово спроведување, особено имплементаторите на Проектот, како и преку поддршка од македонски и австриски компании кои работат во Република Македонија.

Заедничката цел на Проектот, кој има исклучиво непрофитен карактер, е трансформација на објектот во современ планинарски дом со дополнителни содржини, со цел подобрување на условите за безбеден престој и ноќевање на планина и зголемување на атрактивноста на Шар Планина за планинарите и посетителите.

Проектот претставува продолжение на активностите на Амбасадата на Австрија на Шар Планина, вклучително и проектот „Славков“ заедно со Чешката и со Словачката Амбасада за обележување на планинарската патека од Попова Шапка до Титов Врв, насочен кон развој на безбеден и одржлив планински туризам. По завршувањето на Проектот, реконструираниот Планинарски дом „Титов Врв“ ќе претставува водечки пример и симбол на македонско-австриското пријателство.

Реконструкцијата и модернизацијата на Планинарскиот дом со дополнителни содржини, вклучително и електрична енергија и интернет-конекција за потребите на метеоролошка станица, како и подобрените услови за престој и ноќевање, ќе придонесат за неговата повеќенаменска функција и ќе му служат на Националниот парк Шар Планина во извршувањето на неговите надлежности, особено во спасувачки операции, превенција од пожари и други вонредни состојби.

Дополнително, домот ќе се користи одговорно и совесно како отворен и инклузивен објект за планинари, спортисти, туристи и за пошироката јавност.

По извршената реконструкција, Министерството за спорт ќе го предаде објектот на користење на Федерацијата за планинарство на Македонија (ФПСМ).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕФА: Бугарија да се извини и да ги признае злосторствата врз илјадниците Македонци

Бугарија да се извини и да ги признае злосторствата врз илјадниците Македонци, поради изразувањето на македонскиот идентитет и противењето на бугаризацијата бараат од Европската слободна алијанса (ЕФА).

ЕФА: Бугарија да се извини и да ги признае злосторствата врз илјадниците Македонци

На годишното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) едногласно е усвоена декларација со која од Бугарија се бара формално извинување за злосторствата врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење, како и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со регистрацијата на македонски организации во Бугарија, е наведено во извештајот на ЕФА. Тоа извинување, според ЕФА, треба да ги признае страдањата на илјадници Македонци кои биле тепани, присилно раселувани, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразување на сопствениот етнички идентитет и поради спротивставување на бугарските политики на денационализација

Во декларацијата се оценува дека македонското малцинство во Бугарија се соочува со една од најсериозните кризи на човековите права во рамките на Европската Унија.

Според Европската слободна алијанса, системската репресија и етничкото негирање со кои се соочуваат Македонците во Бугарија се директно продолжение на политиките на денационализација започнати во времето на комунистичкиот режим на Тодор Живков.

„Македонското малцинство во Бугарија моментално се соочува со една од најтешките кризи за човекови права во рамките на Европската Унија. Оваа системска репресија и етничко негирање се директен продолжеток на политиките за денационализација иницирани под комунистичката диктатура на Тодор Живков. Во 1963 година, политиката на негирање на постоењето на македонско малцинство беше централен дел од „преродбеничките процеси“ дизајнирани за насилно асимилирање на малцинствата во „обединета бугарска социјалистичка нација“. Денес, македонските заедници сè уште ја слушаат истата исклучувачка реторика од современите бугарски политичари која некогаш ја користеше Живков: дека „Македонците не постојат и не смеат да постојат“.

Во декларацијата се посочува дека во таков контекст Македонија е ставена во позиција да го брани сопственото постоење под, како што се наведува, синтетичката рамка на „решавање на билатералните односи“, пренесе Експрес.

Според ЕФА, тие односи се водат со сосед кој го негира македонскиот идентитет преку долгогодишната политичка порака: „Македонија во ЕУ – да, но македонизам – не“.

Најдиректното барање во документот е Бугарија формално да се извини за злосторствата извршени врз македонското малцинство за време на комунистичките години. Тоа извинување, според ЕФА, треба да ги признае страдањата на илјадници Македонци кои биле тепани, присилно раселувани, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразување на сопствениот етнички идентитет и поради спротивставување на бугарските политики на денационализација.

Европската слободна алијанса бара итно подигнување на свеста за сериозната состојба со човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Посебно се нагласува одбивањето на бугарската држава да ги спроведе повеќе од 14-те случаи поврзани со регистрацијата на македонските организации, како и говорот на омраза со кој, според декларацијата, се соочуваат Македонците во Бугарија.

ЕФА (European Free Alliance) е европска политичка партија која обединува регионалистички, автономистички и партии што се залагаат за поголеми права на народи и региони во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нови луѓе на чело на општинските во Струмица, Шуто Оризари и Пробиштип

​Со новата платформа „Твоја држава, твоја шанса“, лансирањето на „Скопската иницијатива“, обединувањето околу Фронтот за вистина и правда и усвојувањето на новата програмска рамка, СДСМ отвори нова етапа на политичко дејствување.

СДСМ: Нови луѓе на чело на општинските во Струмица, Шуто Оризари и Пробиштип

Но, промените не се случуваат само на програмски и политички план. СДСМ паралелно се зајакнува кадровски и организациски, отворајќи простор за нова енергија, нови идеи и нови луѓе.

Во оваа насока, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, донесе одлука за именување нови претседатели на општинските организации во Шуто Оризари, Струмица и Пробиштип.

-За претседател на општинската организација во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија, докажан во својата работа и современите дијагностички пристапи за рана детекција на различни заболувања, но и во своите менаџерски способности.

-За претседателка на општинската организација Шуто Оризари е назначена Салија Љатив Петрушевска, докторка, стоматолог, долгогодишна активистика, поранешна директорка на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ - Скопје.

-За претседателката на општинската организација Пробиштип е назначена Весна Ристовска, советничка во Советот на општината, која целото свое работно искуство го поминува во приватниот сектор, долгогодишна активистика и поранешна претседателка на Форумот на жени во Пробиштип.

Станува збор за дел од процесот на кадровско освежување и организациско јакнење на партијата, за уште посилна и поефикасна работа на терен, поблиска комуникација со граѓаните и членовите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер