Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – прв бод за битолчани во Лига на шампионите - Канал 5

Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – прв бод за битолчани во Лига на шампионите

 Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија првиот бод во европската Лига на шампионите играјќи синоќа нерешено 24:24 со Спортинг од Лисабон.

Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – прв бод за битолчани во Лига на шампионите

Битолчани ја прекинаа серијата од 17 порази во елитното натпреварување и заслужено се радуваа со верната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ чија поддршка беше клучна во последните две минути од натпреварот кога гостите имаа водство од три голови разлика.

Дуелот првата и последната екипа на табелата од групата „А“ почна со водство на македонскиот шампион кое беше задржано во првото полувреме со резултат од 15:13, а неизвеноста почна во 49 минута од средбата кога гостите израмнија на 21:21 и презедоа водство. Кога публиката почна да ја напушта спортската сала уверена во уште еден пораз, благодарение на грешките на гостите, битолчани успеаја на 10 секунди пред крајот да го израмнат резултатот на 24:24 и да освојат еден бод, кој воедно е прв во европската Лига на шампионите.

Во израмнетиот натпревар, најдобрите стрелци постигнаа еднаков број голови, односно по 5 Кузмановски, Пешевски и Радивоевиќ кај Еурофарм Пелистер, и Кошта и Салвадор во тимот на Спортинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителството

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, обвинителството преку докази укажува дека голем број објекти во Кочани воопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Судење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителството

– Доказите се за 2016 година и се планови за надзор на објекти ризични за пожар, на подрачјето на целата држава. Во нив се утврдени критериуми за проценка за ризик од пожар и други безбедносни ризици. За општина Кочани не е ниту предвиден, ниту е спроведен надзор, не е назначен ниту инспектор како би извршил редовен или вонреден надзор, посочи обвинителството.

Во 2015 година, според обвинителството, имало само еден надзор во Кочани во продажен објект, а ризичните не биле поминати.

Ваквите наоди ги негираше поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу кој тврдеше дека на презентираните документи не е неговиот потпис.

Судскиот процес во кој обвинети се 35 лица, се уште е во фаза на изнесување на материјални докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Ослободителна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, во која загина младата Фросина.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на Кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. – велат од Кривичен и додаваат дека во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата размислува за нов Клинички на Илиденска, спроти Воена болница

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинари кажа дека владата прави планови за изградба на нов Клинички центар во Скопје, на нова локација.

Владата размислува за нов Клинички на Илиденска, спроти Воена болница

Станува збор за парцелата на Илиденска кај салата Борис Трајковски на која порано превдидено беше да се гради трговски центар.

Таму е Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Сите влади досега го најавуваа овој капитален проект, кога би станал реалност?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер