РакометЕурофарм Пелистер е во новата база на ЗлатиборРакометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер подготовките ги продолжија во својата нова база во спортскиот центар Златибор. Во комплетен состав под водство на новиот тренер Рубен Гарабаја, битолчани напорно тренираат и со нетрпените ги чекаат првите натпревари. Во составот има неколку нови играчи, но сите ги чекаат првите натпревари. - По една недела во Битола, стигнавме на Златибор. Цел ни е подобро да се подготвиме, затоа што нè чекаат многу нови предизвици, нови натпревари. Верувам дека ќе го освоиме домашниот шампионат и Куп и што е можно подобро да одиграме во Лигата на шампионите. Едвај чекам да играм пред нашите навивачи, пред луѓето кои секогаш нè поддржуваат, пред „чкембарите“ изјави словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман По висинските подготовки ракометарите на македонскиот првак ќе одиграат и неколку контролни дуели, пред почетокот на новата сезона и натпреварот од Супер купот против Вардар.Тагови: еурофарм пелистер Златибор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВоен авион се урнал во УнгаријаУнгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека унгарски борбен авион „Грипен“ се урнал во близина на Солнок, во централниот дел на земјата, од непознати причини, и дека пилотот се катапултирал.„Од причини кои сè уште не се познати, пред неколку минути, борбен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок. Пилотот успешно се катапултирал. Истрагата е во тек, а министерот за одбрана (Ромулус Русин-Сенди) е на пат кон местото на настанот“, рече Маѓар, според порталот Портфолио. Тој додаде дека во авионската несреќа нема повредени ниту штети на цивилната инфраструктура. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави во видео објавено на Фејсбук дека пилотот не е повреден во авионската несреќа. Русин-Сенди додаде дека пилотот направил сè што можел за авионот да слета на безбедна и ненаселена територија. Унгарската национална служба за брза помош соопшти дека состојбата на пилотот е стабилна и дека е префрлен со хеликоптер за брза помош во болница на набљудување. Извор: Б92Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРеволт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. СменаБројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс. На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери. Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. „Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението. Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook