Еуроактив: Рекорден број партии во новиот парламент на Бугарија - Канал 5

Еуроактив: Рекорден број партии во новиот парламент на Бугарија

Рекорден број партии во новиот парламент на Бугарија - Предизвици за формирање коалиција.

Еуроактив: Рекорден број партии во новиот парламент на Бугарија

Во 51-от состав на Народно собрание на Бугарија ќе има рекорден број од девет партии, покажуваат резултатите по обработени 98 отсто од гласачките ливчиња.

Партијата ГЕРБ-СДС води со 26.46 отсто од гласовите, додека втора е проевропската либерална коалиција ПП-ДБ со 14.38 отсто. Резултатите покажуваат дека коалиција меѓу двете водечки партии нема да биде доволна за формирање влада, поради што лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ќе мора да бара поддршка од најмалку уште три формации за стабилна влада, наведува Еуроактив.

На третото место се наоѓа радикалната проруска партија „Преродба“ со 13.65 отсто поддршка. Партијата ДПС-Нов почеток, предводена од Делјан Пеевски, освои 11.18 отсто, додека Алијансата за права и слободи (АПС) на Ахмед Доган има 7.29 отсто. Во парламентот влезе и Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 7.62 отсто.

Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов доби 6.94 отсто а радикалната партија МЕЧ, предводена од поранешниот пратеник Радостин Василев, освои 4.62 отсто. Партијата „Величина“ има 4.04 отсто и исто така го преминува изборниот праг.

Над 29 отсто од бугарските гласачи поддржаа радикални и популистички формации, покажуваат резултатите, наведува Еуроактив. Бугарските медиуми ја пренесуваат изјавата на Борисов, кој утрово им се заблагодари на гласачите и порача дека е подготвен да коалицира со сите, освен со радикалите од Препород.

Еуроактив оценува дека по изборите, единствена опција за Бојко Борисов е да бара коалиција со ПП-ДБ, луѓето околу Доган, како и со четврти партнер. Изборот овде се сведува на ИТН и БСП, при што социјалистите се чинат како поверојатна опција поради нивната поумерена реторика.

Борисов покажа дека знае добро да соработува со независните пратеници, кои можат многу брзо да се појават во случај на колапс на МЕЧ и Величина. Слично нешто му се случи еднаш на „Величина“ во претходниот парламент.

Втората опција пред ГЕРБ е да се бара коалиција со Пеевски. Според оваа опција, тој може да преговара со ИТН и БСП, повторно потпирајќи се на одвојувањето на независните пратеници од двете најмали партии.

Третата опција е влада без јасно мнозинство, којасе потпира на флуктуирачка поддршка во парламентот.

Политичкиот аналитичар на Галуп, Парван Симеонов, коментираше дека Борисов не би сакал да прекине „ниту една од неговите соработки со „новиот почеток“ на Пеевски“ и да формира малцинска влада, потпирајќи се на променлива поддршка.

„Ако има нов почеток и во БСП, ова е одличен начин да влезе не преку предниот, туку преку службениот влез“, рече Симеонов за Еуроктив и додаде: „Борисов ќе смисли некој начин да вклучи секого и да ја разводни својата одговорност“.

Според него, со серија избори доаѓа времето на претседателот Румен Радев.

- Доколку Радев ги плаши, треба да најдат потези што ќе водат еден кон друг. Радев го користат како страшило. Доаѓа време кога ќе се бара алтернатива за сите нив. Кога не ја играте вашата игра добро, излегува понаметлив и посвеж тим и може да ве победи следниот пат кога ќе се поделат картите. За овој партиски систем во Бугарија течат последните секунди, ако не најде сила да покаже дека го претставува народот“, рече Симеонов.

ГЕРБ не сака да владее со ПП-ДБ бидејќи им се наметнуваат услови кои се неприфатливи за нив, како реформа на обвинителството, коментира за бТВ политикологот Даниел Смилов.

- Прашањето е дали ГЕРБ може да ја надмине оваа граница. Од друга страна, не сакаат да владеат без ПП-ДБ, бидејќи се плашат или од протести или од меѓународна реакција. Ги чекаме изборите во САД со надеж дека барем ќе се намали надворешниот притисок, рече Смилов.

Политикологот Андреј Раичев истакна дека доколку на Доналд Трамп победи во САД, ГЕРБ ќе се чувствува посилно и можни се какви било потези, додека ако Камала Харис биде претседател, нема да има начин да ја заобиколат ПП-ДБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert.

Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот.

Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта.

Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата.

На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови.

Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал.

Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја.

Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи.

Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид.

Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола.

Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер