ЕУРО 2026 - Македонија - Португалија, 29-29 - Канал 5

Во живо

последно ажурирање пред 10 месеци

ЕУРО 2026 - Македонија - Португалија, 29-29

Македонија и Португалија ги поделија бодовите во дербито на 2 коло во Групата Б. Во меч со супер интересен и неизвесен финиш црвено -жолтите стигнаа до реми од 29-29 против фаворизираната Португалија

ЕУРО 2026 - Македонија - Португалија, 29-29
пред 10 месеци21:46

Томовски: Сите функциониравме како едно

Во натпреварот со Португалија сите македонски ракометари одиграа на високо ниво, но во последниот напад на противникот се истакна голманот Мартин Томовски со двете извонредни интервенции.

- Среќни сме, но исто така и жалиме што можеби пропуштивме шанса и да победиме, ама мора да се признае дека покажавме добра психолошка состојба во второто полувреме, во кое иако губевме не се предадовме и резултатски се вративме. Сите функциониравме како едно, ги минимизиравме грешките, бевме сплотени, во нападот функциониравме беспрекорно и на крајот стигнавме до нерешено.

Дуелот со Романија македонските ракометари го играат во вторник од 18 часот.

пред 10 месеци20:53

Павле Атанасијевиќ: Освоениот бод многу ни значи

Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови.

- Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и да е освоениот бод многу значи за нас. Ќе видиме што ќе се случи во последното коло, изјави Павле Атанасијевиќ.

пред 10 месеци20:02

-Ќе го дадеме максимумот во вторник ќе победиме а потоа ќе навиваме за Данска, порача веднаш по крајот на овој интересен дуел селекторот Лазаров.

- Не е лесно да играш против светска велесила како што е Португалија. Ремизиравме со полуфиналистот од претходното светско првенство и тоа е огромен резултат. Успехот е уште поголем ако се знае дека поради повреди останавме без двете десни крила, а црвен картон доби и Никола Маркоски. Да не беа повредите сигурен сум дека ќе ги победевме Португалците. За време на полувремето пробавме да се реорганизираме и со голема борба и пожртвуваност да дојдеме до бод. Ќе се обидеме во вторник да победиме со што поголема разлика. Сепак прва и основна работа ни е да ја победиме Романија а потоа ќе видиме што понатаму. Тоа што е сигурно е дека утре сигурно нема да имаме тренинг, потребно е играчите да се одморат, изјави селекторот Кирил Лазаров по натпреварот.

пред 10 месеци20:01

-Изгубивме многу енергија и емоции нашата македоска крв е врела, утре нема да тренираме сигурно , да видиме каква е ситуацијата со повредените крила. и секако да ја видиме математиката. Сепак без разлика на се ни треба да победиме против Романија со што поголма разлика и затоа треа добро да го подготвиме мечот.Во вторник очекувајте војна бидејќи и нашиот противник во Ромаија пред првенството каже дека очекува триумф против Македнија, заклучи Лазаров.

пред 10 месеци19:58

-Им честитам од душа и срце на моите играчи кој одиграа маестрално против силната Португалија, Иако во првото полувреме ги загибивме двете крила сепак на крајот стигнавме до реми, изјави селекторот Кире Лазаров.

пред 10 месеци19:56

-Горд и среќен сум за целата екипа, вечерва покажавме како 60 минути се игра гордо за Македонија. Сега во вторник мора да ја добиеме Романија, но секако за тоа ќе ни бидат потребни ладни глави. Без разлика на се ние одиме на победа против Романија, изјави маестраниот македнски капитен Филип Кузмановски.

- По Данска верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. . Денес денот беше посебен, сите сакаа, покажаа срце, имаа крв во очите. Игравме со срце, душа и глава за Македонија. Мора на дуелот со Романија да влеземе со ладни глави, изјави Кузмановски.

Македонија не потклекна кога беше во негатива од пет голови туку покажа храброст и ги нападна противникот за на крајот заслужено да стигне до големо реми.

пред 10 месеци19:52

Последното 3 коло во гурпата Б кое се игра во вторник и дуелите Македонија- Романија и Данска - Португалија ќе ги реши патниците од нашата група во втората фаза на ЕУРО 2026.

Во моментов пред вечерашниот меч Данска - Романија во кој Данците се апсолутни фаворити , Португалија со 3 бода е лидер во групата пред Данска со 2 и Македонија со 1 бод.

Сега има многу математика која ќе одлучува за двајцата патници од Групата Б во втората фаза.Но, без разлика на се избаниците на Лазаров со вечерашното издание против полуфиналистот од последниот Мундијал покажаа и докажаа дека заслужуваат место во европскиот крем меѓу 12 најдобри селекции на ЕУРО.

Инаку покрај фуриозниот капитен Кузмановски офанзивно одличен беше и Петар Атанасиевиќ и секако голманот Томовски.

пред 10 месеци19:47

Најдобрата репрезентација на Македонија останува во игра за пласман во втората фаза на ЕУРО 2026.

Во супер неизвесен натпревар нашата најдобра репрезентација успеа да стигне до реи од 29-29 против фаворизираната Португалија во 2коло од групата Б.

Голманот Мартин Томовски со две маестрални одбрани во последните 20 секунди од мечот не дозволи Португалија да слави незаслужено во денешниот дуел во Хернинг.

Филип Кузмановски капитенски со 15 постигнати голови го водеше тимот до заслужено реми протв големиот противник.
Иако на почетокот на вториот дел имавме проблеми со нападот на Португалија од 7 на 6 сепак во последната третина од мечот црвено жолтите одиграа како што посакваме храбро, дизциплинирано и прецизоно и на крајот заслужено стигнавме до реми кое може да биде вредно победа.

За играта во последните 15 минути од мечот сите македонски ракометари заслужуваат честитки и едно големо благодарам за борбеноста и храброста.

пред 10 месеци19:47

Најдобрата репрезентација на Македонија останува во игра за пласман во втората фаза на ЕУРО 2026.

Во супер неизвесен натпревар нашата најдобра репрезентација успеа да стигне до реи од 29-29 против фаворизираната Португалија во 2коло од групата Б.

Голманот Мартин Томовски со две маестрални одбрани во последните 20 секунди од мечот не дозволи Португалија да слави незаслужено во денешниот дуел во Хернинг.

Нашата селекција можеше да има и десетина секунди за последен напад, но по втората бравурзона одбрана на Томовски, Мартин Серафимов не успеа да ја задржи одбиената топка во своите раце и така пропадна можноста за напад, а Португалците на наша среќа без упатен шут го завршија дуелот .

Филип Кузмановски капитенски со 15 постигнати голови го водеше тимот до заслужено реми против големиот противник. Популарниот Фитиљ го наоѓаше патот до противничката мрежа секогаш кога неговите соиграчи ќе немаа идеја за реализација.
Иако на почетокот на вториот дел имавме проблеми со нападот на Португалија од 7 на 6 сепак во последната третина од мечот црвено жолтите одиграа како што посакваме храбро, дизциплинирано и прецизоно и на крајот заслужено стигнавме до реми кое може да биде вредно победа.

За играта во последните 15 минути од мечот сите македонски ракометари заслужуваат честитки и едно големо благодарам за борбеноста и храброста.

пред 10 месеци19:13

Лош почеток на второто полувреме за македонската репрезентација. Португалија со серија од 3-0 во воведните минути од вториот дел стигна до позначителна предност.

Избраниците на Лазаров во овој дел од мечот немаат одговор за нападот на Португалија од 7 на 6.

пред 10 месеци18:42

Изедначени 30 минути во Хернинг, на дуелот од второто коло во Групата Б, на ЕУРО 2026, меѓу Македонија и Португалија.Нашиот противник дури во последните секунди од полувремето успеаа да обезбедат минимална предност од 15-13.

Овој меч всушност е битка за посакуваната втора позиција во Групата Б , место кое води меѓу 12 најдобри селекции на 17 Европско првенство чии домаќини се Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија одлично го отвори натпреварот против фаворизираната Португалија, и по десетина минути игра водевме со 5-2,. Португалција во средината од полувремето резулатски се вратија во егал откако ги искористија исклучувањата на нашите ракометари.

Во првите 30 минути во редовите на црвено жолтите се функционираше според планот, на противникот на му се довозли игра во транзиција а во нападот стрпливо го градевме секој напад.

Се играше гол за гол до крајот на полувремето.

Капитенот Филип Кузмановски со 6 погодоци и нашиот прв стрелец на овој дуел, одличен на голот е и искусниот Митревски. Кај нашиот ривал најефикасен е Франциско Кошта со 4 гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

Денес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело.

Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.

Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник.

Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември.

На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени.

Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер