2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
ФудбалЕУРО 2016: Португалија на продолженија до минимална победа против ХрватскаСо голот на Рикардо Кваерзма постигнат на три минути пред крајот на второто продолжение, Португалија минимално со 1:0 ја совлада Хрватска и се пласира во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во Франција. На овој натпревар уште еднаш се потврди непишаното фудбалско правило дека кога нема да ја искористиш својата шанса, тогаш противникот ќе те казни. Така беше во 118.минута. Хрватите пропуштија да постигнат гол преку Перишиќ кој ја погоди стативата, а во продолжение на акцијата на другата страна на теренот, Кристијано Роналдо упати удар, хрватскиот голман ја одби топка, натрча Кварезма и со глава од непосредна близина реализира. Во основните 90 минути двете репрезентации играа претпазливо само со по некоја полушанса за гол, а слично беше и во двете продолженија од по 15 минути се до моментот на постигнување на голот. Португалија стана третиот учесник во четвртфиналната фаза, претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Полска и Велс. Три натпревари одосминафиналето се играат и денеска. Двојките се: Франција – Република Ирска, Германија – Словачка и Унгарија – Белгија. Четвртфиналната листа ќе биде комплетирана утре по средбите: Италија – Шпанија и Англија – Исланд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки. Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00