САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
1САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
2СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
3Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
ЖивотЕуобзервер: Високите кирии ги тераат младите луѓе во Србија и во Албанија кон крајните периферии на градовитеМладите и сиромашните во Србија, Косово и Албанија одат во далечните периферии на градовите или ги напуштаат градовите затоа што не се во можност да платат за наем или да купат станови, пишува во анализа бриселската веб-страница „Еуобсервер“.Во исто време, Европската комисија започна програма со земјите-членки на ЕУ за изградба на голем број субвенционирани социјални станови и барем дел од значително поевтините станови на пазарот што е можно поскоро, поради кризата на неразумниот, во многу случаи чисто шпекулативен, раст на цената на становите и кириите во ЕУ. За таа цел, беше формирана посебна работна група на ЕК, при што беше објаснето дека овој сè потежок социјален проблем е забележан и при изборот на граѓани на изборите во земјите на Унијата, особено кога станува збор за зголемување на популарноста на крајно десничарските партии. Во Србија, Албанија и Косово, категоријата евтини социјални станови практично не постои, а младите луѓе и оние со просечни плати не можат да преживеат во градовите поради скокот на кириите и цените на новоизградените станови, па затоа или живеат со своите родители или се иселуваат, според анализата на „Еуобсервер“. А во ЕУ, како што е наведено, најмалку десет проценти од луѓето мора да издвојат 40 проценти од својот приход за кирија или заем за минимално прифатливи станови. Во Србија, Албанија и особено во Косово, младите и сиромашните слоеви на населението, се додава во статијата, би морале да потрошат повеќе од половина од просечната плата за да живеат во еднособен стан. ЕК заклучи дека кризата со домувањето достигна сериозна граница, а специјалниот европски комесар за домување и енергетика, Ден Јергенсен, кој беше назначен оваа година, изјави дека „пристапот до домување стана еден од најголемите проблеми на Унијата... бидејќи голем број луѓе немаат пристап до пристојно домување и достоинствен живот“. Исто така, се покажа дека не само просечната плата е важна за трошоците за домување, туку и „медијалната нето плата“ која ја покажува реалната способност за плаќање и е секогаш пониска од статистички просечната плата. Аналитичарите на „Еуобзервер“ се повикуваат на ова и наведуваат дека во Србија во декември 2024 година, просечната плата била 837 евра, но медијалната плата била 667 евра, додека изнајмувањето стан со една соба во центарот на Белград чини помеѓу 600 и 1.200 евра. Во предградијата на Белград, треба да платите помеѓу 300 и 650 евра за стан со една соба, како што покажуваат податоците од светската база на податоци „Нумбео“ за трошоците за живот. Според статистичката агенција на ЕУ „Евростат“, прифатливата цена на домувањето не смее да надмине 40 проценти од приходот на домаќинствата. „Еуобсервер“ истакнува дека за изнајмување на еднособен стан во предградие на Приштина мора да се издвојат најмалку 225 евра, а во центарот 300 евра. Тоа исто така укажува дека просечната плата во Косово била најниска во регионот, со 552 евра во декември 2024 година. „Албанија е помеѓу Белград и Приштина во однос на просечниот месечен приход“, се додава во анализата и се вели дека просечната месечна плата во Албанија е околу 30 проценти пониска отколку во Србија. Изнајмувањето на еднособен стан во Тирана чини помеѓу 500 и 900 евра месечно во центарот, додека на периферијата на градот се движи помеѓу 350 и 500 евра.Тагови: Албанија Србија Еуобзервер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во аголКошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува. Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси. Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени. NO-LOOK. CROSSCOURT. BEHIND-THE-BACK DIME. ARE YOU SERIOUS, JOKER 🤯 https://t.co/A5upVabWYw — NBA (@NBA) October 4, 2026 Магија. Едноставно кажано.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата за борба против тероризмот.Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база. Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за МакедонијаДве и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот. Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан. За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата. Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот. Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години. Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот. Тотален економски дебакл. Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација. Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54