Еуфорична атмосфера синоќа во Кисела Вода со 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика - Канал 5

Еуфорична атмосфера синоќа во Кисела Вода со 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика

Третата вечер од Културното лето на Општина Кисела Вода, кое, годинава, се одвива под слоганот „Сѐ на свое место“, донесе вистинска експлозија од емоции и енергија во Расадник. 

Еуфорична атмосфера синоќа во Кисела Вода со 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика

Десетици илјади граѓани се собраа да прослават, и да бидат дел од едно од најмасовните случувања во Скопје во последните години. 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика, ја дигнаа на нозе публиката која до доцна во ноќта пееше заедно со нив. Во еуфорична атмосфера, одекнуваа хитовите, покажувајќи зошто овие бендови важат за вистински музички идоли на младите.

- Да кажам благодарам е малку. Јас ви се поклонувам мој народе!Ова беше уште една одлична и една од најпосетените забави во Скопје изминатите години.

Забава која ќе остане да се памети, а за тоа да биде така се потрудија неповторливите 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика! Ви се заблагодарувам на сите!

Вие сте причината за ова што го работиме од срце, со елан и визија! И ова не е крај – ОВА САМО Е УВЕРТИРА ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА!

Кога знаеш каде одиш, кога имаш визија и поддршка тогаш е јасно – НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА!

Најдоброто за сите! Нека е честит роденденот на Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој на настанот ги дувна свeќичките на роденденската торта.

Славењето продолжува и вечерва, на истото место, Расадник, со последната вечер од богатата роденденска програма. Од 20:30 часот на сцената ќе настапат стенд-ап комичарите Бојан Велевски и Маријан Георгиевски, а веднаш потоа ќе следува настап на Теа и 2 Exit со мдерна изведба на македонски евергрини, соопштуваат од Општината.

Шакшука

Шакшука е традиционално јадење од Блискиот Исток, направено од јајца во богата, зачинета доматна соса. Идеално за доручек, ручек или лесна вечера.

Шакшука

Состојки:

Маслиново масло

4 до 6 јајца

1 чешне лук, ситно сечкан

1 главица кромид, тенко исечена

2 црвени пиперки, тенко исечени

1 кг домати, исечкани на коцки

1 лута пиперка, ситно исечкана

Неколку гранчиња магдонос (само листовите)

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во поголема тава загрејте маслиново масло на средна температура.

Додадете го сечканиот кромид и лукот. Пржете неколку минути додека омекнат.

Ставете ги црвените пиперки и лутата пиперка, и пржете додека пиперките омекнат.

Додадете ги доматите и по желба, харисата. Посолете и забиберете по вкус.

Намалете ја температурата и гответе 10–15 минути додека сосот се згусне.

Со лажица направете вдлабнатини во сосот и внимателно скршете ги јајцата во нив.

Покријте ја тавата и гответе 5–8 минути, или додека белките се стегнат, а жолчките останат течни.

Посипете со свеж магдонос и веднаш сервирајте.

Совет: Најдобро се комбинира со леб или пита, за да не пропуштите ниту капка од вкусниот сос.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Шпанскиот фудбалски стратег Марти Сифуентес е нов тренер на Лестер објави синоќа тимот од Чемпионшип лигата.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Лестер се раздели со поранешниот тренер Руд ван Нистелрој минатиот месец откако клубот испадна од Премиер лигата.

На негово место седнува 43-годишниот Шпанец кој изминатите две години беше на клупата на Квинс Парк Ренџерс.

Во својата тренерска кариера Сифуентес ги предводеше и норвешки Сандефјорд, дански АаБ и шведски Хамарби, како и тимови од шпанските пониски лиги.

Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија...

 Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите.

Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна беа вообичаени кај туристите. Отсега, имено, на посетителите веќе нема да им биде дозволено да одат боси, ни само во костим за капење или пак, без кошула, ниту да седат на плоштадот во таква облека. Консумирањето алкохол на јавни места, исто така, е забрането, освен во ресторани, барови и посебни зони, пренесува „Дејли мејл“. Просењето, лежењето или седењето на плочници, ѕидови и во парковите, како и одржувањето излети на јавна површина, исто така, се забранети.

Правилата, потпишани од градоначалникот Матео Вијакава, важат преку целата летна сезона до 30 септември. Прекршителите ќе плаќаат казни во износ од 26 до 510 евра.

Целта на овие мерки, според Општината, е да се зачуваат „мирот и тишината“ во градот, којшто има само 400 жители, но прима до 100.000 туристи во шпицот на сезоната. Ова не е прв обид - минатата година, Портофино забрани запирање заради подолго набљудување на популарни места - за да спречи толпи и несоодветно однесување.

Сличен е случајот и во Албуфеира, позната дестинација за забави на југот од Португалија. Градскиот совет неодамна воведе Кодекс на однесување што вклучува строги забрани за јавна голотија, секс на отворено, прекумерна бучава, јавно уринирање и пиење алкохол на улиците. Мерките беа воведени по низа несакани настани, каков што е минатогодишното вирално видео на осум британски туристи кои танцуваат целосно голи во кафуле во средиштето на Албуфеира сред бел ден. Градоначалникот Хозе Карлос Роло изјави дека правилата имаат за цел „да поттикнува хармонија“ меѓу тамошното население и туристите и „да го поправи оштетениот имиџ“ на градот.

За најсериозните прекршоци - како што е целосно соблекување или сексуален чин на јавно место - казните се движат од 500 до 1.770 евра. За делумна голотија, мокрење на јавно место или оставање количка од супермаркет на несоодветно место, казните се движат од 300 до 1.500 евра.

Европа станува построга кон туристите

Портофино и Албуфеира не се изолирани случаи. И други европски дестинации ги заоструваат своите правила: Говорејќи за Италија, Рим, на пр. го забрани капењето во фонтани; во Венеција, излетите на мостови и кај спомениците се строго забранети, а на островот Капри, на туристите не им е дозволено да носат „бучни“ сандали.

Со сѐ поголемиот број туристи, се зголемува притисок врз околните заедници, па и правилата на однесување на одмор ќе станат построги, а трошоците за нивно непочитување - поскапи.

притисни ентер