ЕУ: Земјите членки утре ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини - Канал 5

ЕУ: Земјите членки утре ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини

Членките на ЕУ утре ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини за челик и алуминиум.

ЕУ: Земјите членки утре ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини

Земјите членки на Европската Унија утре треба да се изјаснат за предлогот на Европската комисија за реципрочни мерки на ЕУ на царините за челик и алуминиум воведени од страна на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, информира денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.

- Ако ни дадат мандатот за тие контрамерки, очекувам да бидат објавени на почетокот на следната недела, истакна Гил.

Тој најави дека како втора фаза на европскиот одговор, Европската комисија следната недела ќе претстави и план за реакција на американските царини на автомобилите и контрамерките воведени од САД.

- Тоа ќе оди на истиот начин како што направивме и со челикот и алуминиумот. Прво го објаснивме патоказот, потоа ги консултиравме земјите членки и се консултиравме со индустријата пред да излеземе со конечните мерки, што потоа им ги предлагаме на земјите членки за усвојување, додаде Гил.

Според него, можеби оваа постапка е „малку збунувачка“, но Еврокомисијата работи според правила, кои понекогаш се прилично бирократски структурирани, но тоа е начинот на кој функционира ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за Гостивар

Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за Гостивар

Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани.

За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори на граѓаните кои со право бараат како дошло до ваква состојба и зошто институциите не реагирале навреме.

Јасно е дека кога станува збор за нивните функционери, СДС, ДУИ и Таравари применуваат двојни аршини, едни критериуми за политичките противници, а сосема други за сопствените кадри. Таквиот пристап ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и испраќа порака дека партиската припадност е поважна од одговорноста.

Додека локалната власт доцнеше со реакција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни активности за справување со состојбата и заштита на јавниот интерес.

Граѓаните имаат право да очекуваат целосно расчистување на случајот, утврдување на евентуална одговорност и преземање мерки за вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Никој не смее да биде заштитен или привилегиран поради политичка припадност.

Граѓаните очекуваат одговорност, транспарентност и навремена реакција, а не политички изговори и селективни критериуми.

Време е СДС, ДУИ и Таравари да престанат да ги штитат своите функционери и да покажат дека интересот на граѓаните е пред партискиот интерес.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Мухамед Сејдини е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода, информира неговиот адвокат Шкодран Алили во објава на фејсбук.

Поранешниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода

Алили упати благодарност до сите поддржувачи кои покажале солидарност во изминатите три месеци.

Pоранешниот претседател на ФФМ се сомничи за проневера на 700 000 евра доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Mакедонија, како и за злоупотреба на функцијата.

Средствата биле наменети за извршување градежни работи на стадионот во Oхрид.

Pо парламентарните избори во 2024 година си поднесе оставка на функцијата. На негово место во претседателската фотеља на ФФМ седна Масар Омерагиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јирген Клоп станува селектор на Германија?!

Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која трофејниот тренер Јирген Клоп ќе биде претставен како нов селектор на германската репрезентација и наследник на Јулијан Нагелсман.

Јирген Клоп станува селектор на Германија?!

Германската фудбалска асоцијација (DFB) ги покани новинарите на конференција во четврток наутро, но без да наведе конкретна причина за собирот.

Пред официјалното соопштување, одлуката сè уште треба формално да ја потврдат властите на Унијата. Во петок наутро, членовите на комисиите на DFB ќе одржат дигитален состанок, по што назначувањето треба официјално да биде потврдено.

Според информациите од германскиот весник „Билд“, покрај Клоп, на конференцијата ќе присуствуваат и претседателот на DFB, Бернд Нојендорф, претседателот на Бундеслигата и потпретседател на Федерацијата, Ханс-Јоахим Вацке, како и портпаролката на DFB, Франциска Вила.

Клоп во репрезентацијата ќе доведе и неколку луѓе со кои веќе соработувал во текот на својата успешна кариера. Неговиот долгогодишен соработник Петер „Пит“ Крајвец ќе биде дел од стручниот штаб во улога на помошник-тренер.

Тука ќе бидат и Пеп Лајндерс, поранешен член на тимот на Клоп во Ливерпул, како и поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Свен Бендер, познат по прекарот „Мани“. На почетокот на јули, Бендер го раскина договорот со регионалниот лигаш Унтерхахинг по двегодишна соработка.

Клоп би требало да потпише договор што ќе важи до Светското првенство во 2030 година. Преземањето на германската репрезентација е можно и благодарение на договорот со неговиот претходен работодавач, компанијата „Ред бул“, каде што ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал со мандат до 2029 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер