3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
СветЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за ревизија на прописите за правата на патниците во авиосообраќајот и за одговорноста на авиокомпаниите, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти Советот на ЕУ, измените имаат за цел да се воспостават поедноставни и појасни правила за подобра рамнотежа помеѓу високото ниво на заштита на патниците и зачувувањето на еднаквите услови за цивилниот авиосектор во рамките на Унијата. Полскиот министер за инфраструктура Дариуш Климчак, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, изјави дека ревидираните правила ќе донесат над 30 нови права за патниците во авиосообраќајот. - Тие ќе се применуваат од моментот кога ќе купите билет, па се до пристигнувањето на крајната дестинација, а во некои случаи дури и потоа, изјави Климчак. Според него, овој договор претставува „историска пресвртница“, бидејќи земјите членки на ЕУ во изминативе 12 години не можеа да се усогласат за промена на овие правила. Со измените, меѓу другото, се воведува „право на пренасочување“, врз основа на кое авикомпаниите се должни во случај на откажување на нивните летови во рок од три часа да им обезбедат на патниците патување со други превозници или со алтернативни начини на превоз . Во случај на непочитување на ова правило, патниците имаа можат сами да организираат пренасочување и да побараат надомест во износ до 400 отсто од цената на купениот нов билет. Авиокомпаниите со измените ќе бидат обврзани да им им пружат помош во форма на освежување, храна или сместување на патниците во случај на доцнење на летовите повеќе од три часа. Во случаи на доцнење или откажување на летовите, патниците ќе имаат право да бараат надомест од авикомпаниите, чиј износ варива во зависност од должината дестинацијата на која се лета и времетраењето на доцнењето. [Термо-камера функционира и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да регистрира дали некои патници кои долетуваат од Дубаи или Истанбул – места кои имаат директна] Доколку летот е на дестинација до 3.500 километри во рамките на ЕУ и доцнењето е најмалку четири часа надоместот изнесува 300 евра, додека за дестинации над 3.500 километри и доцнење од над шест часа тој е 500 евра. Патниците ќе имаат право да бараат надомест и доколку за откажувањето на летот бидат известени помалку од 14 дена пред поаѓањето. Дополнително се воведува и правото на „непојавување“, со што патниците имаат право да бараат надомест доколку авиокомпанијата на им дозволи качување на повратен лет, затоа што не го користеле дојдовниот лет. Авикомпаниите ќе бидат должни да ги исплатат овие надоместоци во рок од 14 дена од поднесувањето на барањето за надомест. Со измените, авиокомпаниите повеќе не ќе смеат да одбијат исплата на надомест повикувајќи се на „вонредни околности“, освен ако не докажат дека „ги презеле сите разумни чекори“ за да спречат доцнење или одлагање на летовите. Авикомпаниите, исто така, се обврзуваат да ги информираат патниците за нивните права и можностите за жалби и побарувања уште при купувањето на билетите. Со постигнатиот договор се менува регулативите на ЕУ за правата на патниците во авиопревозот и за одговорност на авиокомпаниите, веќе ги утврдуваат правата на патниците во случаи да не име биде дозволено качување во авион, доколку нивниот лет е одложен или откажан, како и во случај на несреќи или губење, уништување или оштетување на багажот. За договорот сега треба да се изјасни и Европскиот парламент и доколку европратениците ги поддржат измените, тогаш формално ќе треба да ги одобри и Советот на ЕУ, по што тие ќе стапат во сила. Инаку, измените на овие две регулативи првично беа предложени во јуни 2013 година. Тагови: ЕУ авиосообраќајот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16