ЕУ воведува нови правила за правата на патниците во сите видови превоз - Канал 5

ЕУ воведува нови правила за правата на патниците во сите видови превоз

Претставниците на Советот и Европскиот парламент денеска постигнаа договор за нови правила за правата на патниците во сите видови транспорт, кои треба да обезбедат поефикасно спроведување и побрзо решавање на жалбите.

ЕУ воведува нови правила за правата на патниците во сите видови превоз

По неодамнешниот договор за правата на патниците во воздушниот сообраќај, сега се договорени правила за нивните права за сите видови транспорт.

„Правата на патниците во сите видови транспорт имаат смисла само ако можат ефикасно да се спроведуваат. Денешниот договор означува уште еден важен чекор кон потранспарентна, конзистентна и попријателска рамка за патниците низ цела ЕУ“, рече кипарскиот министер за транспорт и врски Алексис Вафеадес, чија земја претседава со Советот на ЕУ.

Појасни правила за патниците

Новите правила треба да им го олеснат на патниците добивањето информации, помош и надомест на штета на кои имаат право и да ја зајакнат заштитата на лицата со попреченост и лицата со намалена подвижност, како и да обезбедат поголема правна сигурност за билетите купени преку посредници.

Спогодбата воведува појасни правила за враќање на средства кога патниците резервираат авионски билети преку посредници, како што се туристички агенции или платформи за онлајн резервации.

Заштита од посредници и периоди на враќање

За да се избегне непропорционален финансиски товар врз најмалите посредници, како што се локалните туристички агенции, договорот предвидува исклучок за микропретпријатијата, под услов патниците да бидат јасно и однапред информирани за овој аранжман на почетокот на процесот на резервација.

За да се подобри транспарентноста, посредниците ќе бидат обврзани да ги информираат патниците во моментот на резервација за применливите аранжмани за враќање на пари. Авиокомпаниите исто така ќе мора јавно да наведат дали соработуваат со посредниците во обработката на барањата за враќање на пари.

Патниците кои имаат право на враќање на пари мора да го добијат во рок од седум дена. Доколку посредникот му платил на превозникот од својата сметка, враќањето на парите мора да се изврши во рок од 14 дена.

Новите правила, исто така, ја забрануваат практиката со која посредниците би можеле да купуваат авионски билети без да ја известат авиокомпанијата за нивниот статус на посредник.

Стандардизирани обрасци и жалби

Според новите правила, се воведуваат стандардизирани обрасци за барања за надомест на трошоци и штети. Патниците ќе можат да поднесуваат барања користејќи ги тие обрасци или кој било еквивалентен образец обезбеден од превозникот, електронски или преку други канали.

Во случај на повреда на правата на патниците, мора да им се гарантира јасен, достапен и ефикасен начин за поднесување жалби.

Поголеми права на лицата со попреченост

Правата на лицата со попреченост и лицата со намалена подвижност се исто така зајакнати. Во случај авиокомпанијата да бара патникот да патува со придружба од безбедносни причини и не може да ја обезбеди потребната помош, патникот ќе има право бесплатно да патува со придружба по свој избор. Придружникот мора да седи до патникот на кој му е потребна помош.

Според постојното законодавство, органите за управување со аеродромите, операторите на пристанишните терминали, превозниците, железничките претпријатија и менаџерите на станиците се должни да воспостават и објават стандарди за квалитет на услугите поврзани со правата на лицата со попреченост и лицата со намалена подвижност.

Спогодбата ја проширува оваа обврска на авиокомпаниите, автобуските превозници и операторите на автобуските терминали, со цел хармонизирање на стандардите за квалитет на услугите во сите видови транспорт, земајќи ги предвид спецификите на секој сектор.

Постигнатиот договор сега мора да биде потврден и од Советот и од Парламентот, по што новите правила ќе стапат во сила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија

Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. 

Со дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија

Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО.

Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата.

Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР.

Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау.

Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени.

Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер