О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
1О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
СветЕУ воведува европски дигитален идентитет за поедноставен пристап до онлајн услуги - Граѓаните не треба да го носат товарот на административна и институционална сложеност, заклучи Мишел. Советот на ЕУ усвои нова Рамка за европски дигитален идентитет (еИД), која има за цел да им обезбеди на граѓаните и бизнисите во Унијата да имаат универзален пристап до сигурна и доверлива електронска идентификација и потврдување на автентичноста, јави дописникот на МИА од Брисел. Според белгиски државен секретар за дигитализација, административно поедноставување и заштита на приватноста Матје Мишел, усвојувањето на регулативата претставува пресвртница во дигиталната трансформација на европското општество, обезбедувајќи доверлив и безбеден дигитален идентитет за сите Европејци. - Овозможувајќи им на граѓаните да имаат уникатен и безбеден европски дигитален паричник, а во исто време да ја задржат целосната контрола на нивните лични податоци, ЕУ прави клучен чекор напред поставувајќи глобален репер во дигиталната сфера и подобрувајќи ја безбедноста на онлајн услугите, оцени Мишел. Според него, европската регулатива за дигитален идентитет ќе придонесе за значително подобрување и поедноставување на пристапот до јавни услуги преку интернет, со што во преден план се стават интересите на граѓаните. - Граѓаните не треба да го носат товарот на административна и институционална сложеност, заклучи Мишел. Со новиот закон, земјите членки на ЕУ на граѓаните и бизнисите ќе им понудат т.н. дигитални паричници преку кои ќе можат да ги поврзат нивните национални дигитални идентитети со други лични документи, како возачка дозвола, банкарска сметка или доказ за степен на квалификации. Со тоа, европските граѓани ќе можат да го докажат својот идентитет и да споделуваат електронски документи од нивните дигитални паричници преку мобилни телефони. Европските паричници за дигитален идентитет (ЕДИВ) ќе им овозможат на сите граѓани пристапат до онлајн услуги со нивната дигитална идентификација, која ќе биде препознатлива низ цела ЕУ, без да мора да користат други методи за идентификација или непотребно да споделуваат лични податоци. Системот ќе биде така воспоставен што ќе осигурува споделување само на неопходните информации. ЕДИВ ќе содржи контролна табла со сите трансакции достапни за неговиот сопственик, и онлајн и офлајн, и ќе нуди можност да се пријават можни прекршувања на правилата за заштита на податоците, а ќе биде можна и интеракција помеѓу паричниците. Покрај тоа, граѓаните ќе можат да користат и бесплатните електронски потписи за непрофесионална употреба. Согласно законската рамка, секоја земја членка на ЕУ мора до 2026 година на своите граѓани да им обезбеди пристап до паричник со дигитален идентитет, кој ќе важи на територијата на цела Унија. Издавањето, користењето и укинувањето на ЕДИВ за сите физички лица ќе биде бесплатно, при што на граѓаните им се остава правото да одлучат да не извадат ваков паричник. Рамката за европски дигитален идентитет ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, а нејзината целосна имплементација треба да започне до 2026 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноНови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Меѓу контроверзните фотографии се и оние на кои Томас Маркл е прикажан со малолетни деца . Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Според обвинителството, предметните слики вклучуваат фотографии на Маркл со деца кои сè уште не влегле во пубертет. Овој 82-годишник беше уапсен на 6 ноември, откако истражителите открија десетици фотографии, негативи, слајдови и книги што содржат недозволен материјал во еден магацински простор во Лос Анџелес. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со можна затворска казна во траење до 40 години. Во моментов тој се наоѓа во притвор на Флорида, а се очекува да биде префрлен во Лос Анџелес. Маркл претходно ги негираше наводите, тврдејќи дека не поседува такви фотографии. Во меѓувреме, судот утврди дека тој е ментално способен да му се суди. Тој е исто така под истрага на Филипините, под сомнение дека поседувал и имал намера да дистрибуира недозволени фотографии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумитеСекогаш кога сака да го психоанализира СДСМ, Христијан Мицкоски се повикува на Фројд. На денешната прес-конференција, Андреј Жерновски од СДСМ му порача на премиерот да погледне во сопствениот кабинет. Доволно е да ги преслуша своите изјави за Преспанскиот договор и за нарачувањето текстови во медиумите. „Затоа што колку повеќе го споменуваш Фројд, толку појасно станува дека неговите теории најдобро ги објаснуваат токму твоите постапки. Или, ако сакаш попрецизно и подиректно, подобро ќе беше ординацијата да ја побараш во сопствената влада, или поточно, во твојот кабинет“, рече Жерновски. Тој потсети дека Мицкоски во опозиција со години ги убедуваше граѓаните дека со Преспанскиот договор е изгубен македонскиот идентитет, го обвинуваше СДСМ за предавство и ветуваше дека ќе го поништи договорот. Сега, во странство и на англиски јазик, самиот признава дека македонскиот идентитет е зачуван и дека македонскиот јазик е потврден во Обединетите нации. „Дома ќе кажеш дека Преспанскиот договор ги зачува македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, му порача Жерновски на Мицкоски и го повика да им се извини на граѓаните на кои со години им го тврдеше спротивното. Како втор пример, Жерновски ја посочи изјавата на Мицкоски од интервјуто за нарачувањето текстови во медиумите. „Можеме да нарачаме текст каде сакаме, во кој било портал“, го цитираше Жерновски премиерот. „Ех, Мицкоски, да можеше така како што нарачуваш текстови, така да си нарачаш и достоинство, чесност и чист образ“, порача Жерновски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter