Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветЕУ во февруари со трговски суфицит од 23 милијарди евра Европската Унија во февруари годинава оствари 23,0 милијарди евра суфицит во трговската размена на стоки со остатокот на светот.Европската Унија во февруари годинава оствари 23,0 милијарди евра суфицит во трговската размена на стоки со остатокот на светот, што претставува зголемување за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани, кога трговскиот суфицит изнесуваше 21,8 милијарди евра. Во јануари 2025 година ЕУ имаше трговски дефицит од 5,6 милијарди евра. Како што соопшти Европската статистичка служба - Евростат, во вториот месец од 2025 година ЕУ извезла стоки во вредност од 225,4 милијарди евра, што претставува годишен раст од 7,0 отсто од остварените 210,6 милијарди евра во февруари 2024 година. Од друга страна, во ЕУ се увезени стоки во износ од 202,4 милијарди евра, што е зголемување за 7,2 проценти во споредба со февруари 2024 година, кога увозот изнесуваше 188,8 милијарди евра. Трговската размена меѓу земјите членки на ЕУ во јануари и февруари 2025 изнесувала 671,8 милијарди евра, што е речиси непроменета сума во споредба со истиот период лани. Најголем суфицит во трговијата со стоки во февруари годинава, ЕУ имала со САД од 23,6 милијарди евра, по што следуваат Велика Британија со 15,4 милијарди, Швајцарија од 8,4 милијарди, Турција од 1,6 милијарди и Јапонија од 1,0 милијарди евра. Најголем трговски дефицит, пак, ЕУ има со Кина од 26,1 милијарди евра, пред Норвешка од 3,2 милијарди, Индија од 1,7 милијарди и Јужна Кореја од 1,1 милијарди евра. Кога станува збор само за Еврозоната, таа во февруари годинава оствари суфицит од 24 милијарди евра во трговијата со стоки со земји кои не се членки на ЕУ, што претставува раст за 10,6 отсто во споредба со вишокот на трговска размена од 21,7 милијарди евра во истиот лански месец. Во јануари 2025 година Еврозоната оствари трговски суфицит од 800 милиони евра. Извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во февруари 2025 година изнесувал 248,7 милијарди евра, што претставува раст од 6,2 отсто во споредба со 234,2 милијарди евра од ланскиот февруари. Увозот, пак, во Еврозоната достигнал 224,7 милијарди евра, односно е зголемен за 5,7 проценти во споредба со февруари 2024 година, кога изнесуваше 212,5 милијарди евра. Трговската размена меѓу земјите од Еврозоната во јануари и февруари 2025 година изнесуваше 429,1 милијарди евра, што е зголемување од 0,2 отсто во споредба со истиот период лани. Тагови: Европската Унија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter