ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој - Канал 5

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

Европската Унија и нејзините 27 земји членки во 2024 година од јавните средства издвоиле 31,7 милијарди евра за поддршка на земјите во развој за намалување на емисиите на стакленички гасови и за прилагодување на влијанијата од климатските промени.

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

За истите цели, ЕУ дополнително мобилизирала и 11 милијарди евра од приватни извори.

Овие податоци се наведени во соопштение објавено од Советот на ЕУ во пресрет на Конференцијата на ОН за климатските промени (КOП30), што ќе се одржи од 10 до 21 ноември во бразилскиот град Белем.

Според овие податоци, половина од средствата од јавни финансии за климатските активности во земјите во развој биле искористени за адаптација на климата или за иницијативи за ублажување ма последиците од климатските промени. Од вкупниот обем на јавни финансии близу 50 проценти биле исплатени во форма на грантови.

- ЕУ активно се стреми да го прошири опсегот и влијанието на изворите и финансиските инструменти и да мобилизира повеќе приватни финансии, како главни алатки за поддршка на меѓународната акција за справување со климатските промени, согласно новата колективна квантифицирана цел усвоена во 2024 година од страна на страните на Парискиот договор. На овој начин, ЕУ ќе продолжи да ги поддржува земјите во развој за спроведување на Парискиот договор за климатските промени од 2015 година, се додава во соопштението.

Според Советот на ЕУ, ваквите податоци за 2024 година претставуваат силна потврда за решеност на Унијата и нејзините земји членки да ги исполнат своите меѓународни обврски за финансирање на справувањето со последиците на климатските промени, а пред се на колективната цел на развиените земји за мобилизирање на 100 милијарди долари годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер