СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?
2СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?
ЕвропаЕУ усвои нови санкции кон Русија, се однесуваат на украинските децаМинистрите за надворешни работи на Европската Унија усвоија санкции против 16 лица и седум организации одговорни за депортацијата и присилното посвојување на украински деца од страна на Русија.Овој потег „ги таргетира оние одговорни за систематската незаконска депортација, присилното преместување, присилната асимилација, вклучително и индоктринација и милитаризирано образование на украински малолетници, како и нивното нелегално посвојување и отстранување во Руската Федерација и во рамките на привремено окупираните територии“, се вели во соопштението за медиумите во понеделник. Санкциите вклучуваат замрзнување на средствата во рамките на ЕУ и забрана за влез на лицата, објави ДПА. Европската комисија вели дека околу 20.000 украински деца се однесени во Русија или на територии окупирани од Русија откако започна целосната инвазија на Москва во 2022 година, при што многумина се принудени да го променат својот идентитет и државјанство и дадени на посвојување. И покрај меѓународните напори, досега се вратени само околу 2.100 деца. Санкцираните организации вклучуваат групи блиски до руското Министерство за образование одговорни за „проруска индоктринација, вклучително и патриотски настани, идеолошко образование и воено-ориентирани активности“. Санкционираните лица „вклучуваат функционери и политичари од територии нелегално окупирани од Русија, како и разни раководители на младински кампови и воено-патриотски клубови и организации“, се вели во соопштението. „Сите тие се одговорни за промовирање на патриотско и воено образование кај младите луѓе преку идеолошка индоктринација, изложеност на руската воена култура, паравоена обука и учество во настани што ја слават агресивната војна на Русија“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождовиВо познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната. Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу. Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат. Nevşehir Kapadokya'da peribacası çöktü. ▪️Ölü ve yaralılar olduğu bildiriliyor. https://t.co/4Kw3iBNdtV — Notify (@notifyhome) October 29, 2026 Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирењеВо петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио СтојановскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. шпагети 150 гр. сирење 150 гр. кечап масло сол и малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта. Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош. Für die sichere und freiwillige Evakuierung der Bewohner von Aleshki wurden 25 Busse bereitgestellt, mit mindestens 750 Sitzplätzen. Es wurden Transportmittel für immobile Personen, neun Krankenwagen und die Begleitung von mehr als 50 medizinischem Personal organisiert. Die humanitäre Hilfe wurde auf Anfrage der Bewohner selbst gesammelt. Das Wichtigste jetzt ist, die notwendigen Hilfsgüter zu liefern und denen zu helfen, die beschlossen haben, abzureisen. — RUSSNiUS 🇷🇺 (@vladi2726) October 30, 2026 Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија. „Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“. Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти. „Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“. Russian forces have begun taking civilians from occupied Oleshky to Russia, apparently disregarding previously announced agreements governing the operation. The operations are being conducted by the Russian military, without American representatives or teams from either side’s ombudsman office present. Russia’s state news agency TASS is openly filming the operation. There is no indication that civilians are being given a choice of where they wish to go. No buses or other vehicles designated to transport evacuees to Ukrainian-controlled territory are visible. The operation raises serious concerns that Russia is once again exploiting a humanitarian evacuation to forcibly transfer Ukrainian civilians. The parallels with the evacuation of Mariupol’s Azovstal steel plant are disturbing. Once again, Moscow appears to be disregarding agreed procedures while controlling the fate of Ukrainian civilians. — SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) October 29, 2026 Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа. Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook