СветЕУ со остра критика за локалните избори во ГрузијаЕвропската унија остро ги критикуваше локалните избори одржани во Грузија за време на викендот.Гласањето се одржа во саботата по период на сеопфатно задушување на неистомислениците, се наведува во заедничката изјава на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос. - Месеци рации врз независните медиуми, донесувањето закони насочени кон граѓанското општество, затворањето на дисиденти и активисти или измените на изборниот закон што ја фаворизираат владејачката партија, драстично ја намалија можноста за конкурентни избори, наведуваат двете европски политичарки. Голем дел од опозицијата ги бојкотираше овие избори, а излезноста беше релативно ниска, оценија тие. Денот на изборите во земјата инаку беше одбележен со судири и протести. Поради можноста за нови масовни протести против владата, Калас и Кос повикаа на воздржаност. Тие ги повикаа грузиските власти да ги почитуваат правата на граѓаните на слобода на собирање и изразување. Во главниот град Тбилиси, десетици илјади луѓе излегоа на улиците во саботата веднаш по гласањето за да протестираат против авторитарното свртување на политиката на владејачката партија „Грузиски сон“. Според Министерството за здравство, 21 полицаец и шест демонстранти беа повредени во немирите. Безбедносните сили уапсија неколку организатори на протестите. Премиерот Иракли Кобахидзе ги опиша немирите како обид за државен удар. Неколку стотици демонстранти вчера се собраа пред зградата на парламентот во Тбилиси, според извештаите на медиумите. До синоќа немаше пријави за инциденти. Министерството за внатрешни работи ги предупреди демонстрантите да не „продолжуваат со акциите“ од претходната ноќ и се закани со жесток одговор. Грузија е во политичка криза од оспорените парламентарни избори пред една година. Партијата „Грузиски сон“ се прогласи за победник на изборите, што ги натера прозападните опозициски партии да го бојкотираат работењето на Парламентот. Кога Кобахидзе подоцна ја суспендираше уставно загарантираната цел на Грузија за интеграција во ЕУ, тоа предизвика масовни протести во Тбилиси и други градови.Тагови: Грузија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
СветСерија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан Серија земјотреси, со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од десет километри и на 523 километри од главниот град на Вануату, Порт Вила. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзбори во Израел, двата политички блока се изедначени во КнесетотИзлезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година. Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39