ЕУ се закани- ќе нема милост за царините кон САД, доколку пропаднат преговорите - Канал 5

ЕУ се закани- ќе нема милост за царините кон САД, доколку пропаднат преговорите

ЕУ планира да воведе царини за стоки од Соединетите Американски Држави во вредност од 100 милијарди евра доколку преговорите меѓу Вашингтон и Брисел во врска со евентуалното намалување на најавените американски царини за членките на ЕУ не успеат.

ЕУ се закани- ќе нема милост за царините кон САД, доколку пропаднат преговорите

ЕУ планира да воведе царини за стоки од Соединетите Американски Држави во вредност од 100 милијарди евра доколку преговорите меѓу Вашингтон и Брисел во врска со евентуалното намалување на најавените американски царини за членките на ЕУ не успеат, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Извори изјавија дека списокот со предложени нови европски царини за САД ќе биде дистрибуиран до земјите-членки уште утре, а консултациите ќе траат еден месец пред да биде финализиран списокот.

Тие изјавија дека списокот може да се промени во тој период.

Европската комисија (ЕК) ќе го сподели документот со САД оваа недела во обид да започне преговори за намалување на американските царини кон ЕУ.

Мал напредок е постигнат во преговорите меѓу ЕУ и САД, кои започнаа минатиот месец, а се очекува поголемиот дел од американските царини да останат на сила, објави Блумберг.

ЕУ веќе воведе царини за американски стоки во вредност од 21 милијарда евра како одговор на царините од 25 проценти за извоз на челик и алуминиум воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.

ЕУ се согласи претходно овој месец да го одложи спроведувањето на тие мерки за 90 дена откако САД ја намалија таканаречената реципрочна стапка за поголемиот дел од извозот на ЕУ од 20 проценти на 10 проценти, додека траат преговорите.

Трамп, исто така, воведе царина од 25 проценти на увозот на автомобили од ЕУ, како и на некои автоделови.

Американскиот претседател размислува за воведување царини за увоз на дрва, фармацевтски производи, полупроводници, ретки минерали и камиони од ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни протести против мигрантите во Јужна Африка- горат продавници и автомобили (ВИДЕО)

Вчера во јужноафриканските градови Совето и Дурбан избувнаа насилни антиимиграциски протести, поттикнати од одлуката на Уставниот суд за ублажување на правилата за барање азил. 

Насилни протести против мигрантите во Јужна Африка- горат продавници и автомобили (ВИДЕО)

За време на немирите, автомобили беа запалени, а продавници во сопственост на странски државјани беа ограбени, објавува „Еуроњуз“.

Според полициските податоци, во Совето, десет автомобили беа запалени во близина на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во Орландо Вест. Неколку продавници чии сопственици се странски државјани, исто така, беа ограбени. Пожарникарите ги изгаснаа пожарите на возилата, а полицијата ги блокираше околните улици. Во Дурбан, ситуацијата беше слична. Полицијата за итни случаи беше испратена таму поради пријави за грабежи и палење, а 14 автомобили беа запалени.

Судска одлука како повод

Немирите следеа по одлуката на Уставниот суд во јули со која се отстранија пречките за барања за азил. Оваа одлука важи и за мигрантите кои нелегално влегле во земјата. Властите објавија дека канцелариите за прием на бегалци се преоптоварени со барања.

Владата на Јужна Африка објави проширен капацитет за обработка на податоци и зголемени проверки на идентитетот. Исто така, нагласи дека судската одлука не доделува автоматски статус на бегалец. Полицијата потврди дека нема повредени во Совето и рече дека одговорните за насилството и уништувањето на имотот ќе бидат гонети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Дваесет новозасадени украсно-декоративни дрвја во „Паркот на борците“

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, а на барање на Сојузот на борците на Македонија, во паркот пред споменикот на борците од Првиот скопски партизански одред, во населбата Карпош 3, беа засадени 20 нови украсно-декоративни дрвја.&nbs

О. Карпош: Дваесет новозасадени украсно-декоративни дрвја во „Паркот на борците“

Засадени се 18 фотинии и 2 спирални туи, обезбедени со средства од буџетот на Општина Карпош.

Во засадувањето учествуваа градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов.

Општина Карпош, преку годишната програма на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, континуирано издвојува средства за набавка и засадување нови садници на претходно утврдени локации. Засадувањето во пролетните и есенските акции придонесува кон облагородување на јавните простори, унапредување на животната средина и зголемување на зелениот фонд на територијата на Општина Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ.

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.

Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски:

“Денеска сме во официјална посета во Подгорица, на Црна Гора, каде што имаме богата и продуктивна агенда. Остваривме средби со премиерот Милојко Спајиќ, со вицепремиерот Филип Ивановиќ, како и со министерот за сообраќај, Зечевиќ.

Разговаравме за блиската соработка којашто ја имаат Македонија и Црна Гора. Македонија и Црна Гора се две пријателски држави коишто имаат добра, одлична соработка.

Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар.

Исто така, зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми.

Исто така, зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата.

Сè на сè, една плодна средба од којашто се враќаме дома со нова авиолинија, како и со убава вест дека автопатот којшто го градиме Скопје – Блаце ќе значи поврзување и со пристаништето Бар” – изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер