Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
СветЕУ се справува со недостиг на здравствени работници, особено медицински сестриЗдравствениот систем на Европа крцка од старост – и на пациентите и на вработените. Недостигот обучен кадар, дел од поширок тренд во многу сектори од економијата, претставува особено значаен удар врз здравството. Истовремено, се повеќе и повеќе луѓе имаат потреба од здравствена нега. Во извештај од 2023, Европската фондација за унапредување на условите за живот и работа (Еврофонд) ја сумираше ситуацијата на следниот начин: - Недостигот на работна сила е особено присутен во сектори со тешки услови за работа, како што се здравството и долгорочната нега. Ниските нивоа на вложување заедно со влијанието на пандемијата [на Ковид-19] и родово-поделениот пазар на труд придонесуваат за недостиг на здравствени работници и работници за долгорочна нега во сектор каде што стареењето на населението и работната сила во ЕУ дополнително ќе го влошат овој недостиг во наредните години, се вели во извештајот на Еврофондот. Ситуацијата делува слична во сите земји членки на ЕУ, како и земјите кои сакаат да се приклучат на блокот. Земјите се мачат со истите проблеми, освен сеприсутниот проблем со здравствени трошоци кои постојано растат: Стареење на населението Демографските промени во ЕУ се огромни – процентот на население на возраст од 65 години и повеќе е зголемен од 16 проценти во 2000 година на повеќе од 21 процент во 2023 година, според извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од 2024 година. Проекциите укажуваат на натамошен пораст до речиси 30 проценти до 2050 година. · Податоците од Италија го предвидуваат токму ова сценарио. Според извештајот „Меридиано санита“ на тинк-тенкот „Теха“, ова го загрозува здравствениот систем: постарите лица веќе апсорбираат околу 60 проценти од националните трошоци за здравствена заштита и покрај тоа што претставуваат само 25 проценти од населението. · Одделот за статистика на социјалните министерства во Франција (ДРЕЕС) предупреди дека со стареењето на населението и очекуваното зголемување на хроничните болести, потребата за нега се предвидува да порасне за околу 55 проценти до 2040 година, далеку надминувајќи го растот на бројот на медицински сестри. · Новата министерка за здравство на Германија, Нина Варкен, повика на поголеми надлежности и подобри услови за работа за здравствените работници со цел подобра грижа за старечкото население на земјата. Стареење на работната сила Покрај општото население, стареат и негувателите: · Во Франција, државното здружение на медицински сестри предупреди во март дека и покрај зголемувањето на бројот на медицински сестри, работната сила нема да ги задоволи идните потреби во здравството. Заклучно со 1 март, имало 565.553 регистрирани медицински сестри, од кои 87 отсто се жени. Просечната возраст „е околу 40 години“, рече претседателката на здружението, Силвен Мазиер-Тауран. 12.000 медицински сестри биле постари од 60. „Препорачуваме да се проценат потребите и да не се чека да удриме во ѕид“, предупреди Мазиер-Тауран. · Во Бугарија, просечната возраст на медицинските сестри била 49 години во 2024 година, според податоците од здружението на здравствени работници во земјата. Околу 20 отсто од бугарските здравствени работници се веќе на возраст за пензионирање, во споредба со само 4 отсто во другите земји членки на ЕУ, истакна претседателката на здружението, Петја Недкова. Од 2015 година, бројот на медицински сестри е намален за 30 отсто на околу 22.000 минатата година. · Во Шпанија, 49.791 медицинска сестра се на возраст меѓу 55 и 64 години и се очекува да се пензионираат во следните десет години, според студијата спроведена од Шпанскиот институт за истражување на медицинска нега. Бројот на медицински сестри во Шпанија продолжува да заостанува зад Европа со стапка од 6,3 професионалци на 1.000 жители – што значи недостиг од близу 123.000 медицински сестри. · Шефот на италијанскиот завод за статистика (ISTAT), Франческо Марија Кели, рече дека според процените околу 77 отсто од матичните лекари во земјата биле на возраст од 55 или повеќе години. Кели објасни дека „вработувањето и стареењето на здравствените работници претставуваат критични прашања за здравствениот сектор, посебно во контекст на идното зголемување на побарувачката за нега поради динамиката на населението“. Преработеност Бројот на лекари и медицински сестри по пациент варира низ Европа. Статистичките податоци тешко се усогласуваат, но просекот во ЕУ за лекари е околу 4 на 1.000 жители. Кај медицинските сестри бројката е поблиску до 9. · Хрватска има околу 4,6 медицински сестри на 1.000 жители. Недостигот значи дека постоечкиот кадар работи исклучително долги смени со минимални паузи, што доведува до високи нивоа на стрес и работна исцрпеност. · Во април, француските здравствени работници и роднини на колеги кои извршиле самоубиства поднесоа пријави против двајца министри поради „смртоносни работни услови“ во јавните болници за кои велат дека предизвикуваат самоубиства, изјави нивниот адвокат. · Во Шпанија, матичните лекари го истакнаа недостигот на финансирање и кадар, што доведува до долго чекање за термини. Секој лекар во Шпанија во просек врши 6.906 прегледи годишно, што значи 28 дневно. За медицинските сестри бројката е 4.104 (16,6 дневно). Распределба на негуватели Болниците и лекарите често се концентрирани во урбаните средини, додека другите региони се соочуваат со низок сооднос помеѓу бројот на лекари/медицински сестри и пациенти. · Во Франција, перифериите на урбаните средини и некои погранични региони обично имаат пониска покриеност. Лекарите и студентите по медицина во април протестираа против предлог-закон кој има за цел да регулира каде лекарите можат да отворат ординација за да се справи со т.н. „здравствени пустини“. · Во Бугарија, една од пет медицински сестри работи во главниот град, Софија. · Додека бројот на лекари на 1.000 жители во Хрватска не е далеку од европскиот просек, тие се нерамномерно распоредени, со недостиг во руралните области и на островите. · Португалија има сооднос од 5,6 лекари, меѓутоа, оваа бројка ги вклучува сите регистрирани лекари, без разлика дали се активни, што може да ја искриви сликата. Руралните места и регионите во внатрешноста на државата се соочуваат со поголеми тешкотии во привлекувањето и задржувањето на здравствените работници, што резултира со нееднаквости во пристапот до нега. Миграција на доктори и медицински сестри Ниските плати, лошите работни услови и ограничените можности за професионален развој ги тераат лекарите и медицинските сестри да бараат подобра работа во странство. · Помеѓу 2019 и 2024 година, повеќе од 6.000 клинички доктори го напуштија Националниот здравствен систем на Португалија, што дополнително го влоши недостигот на кадар, особено во критични области како акушерството и педијатријата. Многу здравствени работници избираат да се преселат во приватниот сектор или во странство во потрага по подобри работни услови и плата. · Босна и Херцеговина со години доживува постојан одлив на здравствени работници. Според процените на здравствените институти на ентитетите и меѓународни организации, во изминатата деценија повеќе од 4.000 медицински сестри и медицински техничари и речиси 2.000 лекари ја напуштиле земјата. · Бугарските здравствени работници во мај побараа зголемување на платите за 150 отсто. Синдикалецот Маја Илиева изјави дека платите на медицинските сестри се пониски од оние во супермаркетите, што ја прави професијата непривлечна. · Хрватска се соочи со масовен егзодус на лекари и медицински сестри кон подобро платени работни места во странство. Според податоците од Хрватското медицинско здружение од минатата година, во десетте години откако Хрватска се приклучи на ЕУ на 1 јули 2013 година, вкупно 1.214 лекари од нешто над 16.000 лекари ја напуштиле Хрватска. Според процените од 2024 година, имало недостиг од околу 4.000 медицински сестри. Повеќето лекари и медицински сестри се преселиле во Германија, Австрија, Ирска и Шведска. Иселувањето на здравствени работници сепак забави по значителни зголемувања на платите. · Словенија, исто така, забележа одлив на здравствен кадар во други земји. Пресметките на Комората на медицински сестри за 2022 година покажуваат дека има недостиг од 20 до 25 проценти кога станува збор за медицински сестри на болничко и примарно ниво. Исто така нема доволно лекари, медицински персонал во домови за нега и фармацевти. Словенија досега привлекуваше здравствени работници од поранешна Југославија, но и овие резерви на работна сила се празнат. · Германија е земја која има добивка од миграцијата на здравствените работници. Според официјалните статистика, околу 20 отсто од негувателите во болниците, старечките домови и службите за домашна посета доаѓаат од странство. Дали фрлањето пари на проблемот е доволно? Програмата ЕУ за Здравје (EU4Health) – првично усвоена како одговор на пандемијата на Ковид-19 – обезбедува финансиска поддршка за здравствениот сектор. Во повеќегодишната финансиска рамка за 2021-2027, издвоен е буџет од 4,4 милијарди евра за зајакнување на здравствените системи. Иако средствата беа најмногу наменети за зајакнување на отпорноста на ЕУ кон здравствени закани, борбата против ракот и фармацевтска стратегија, некои држави ги искористија и за своите здравствени работници. Босна и Херцеговина, земја кандидат за ЕУ, исто така се приклучи на програмата во јули 2024 година, означувајќи го првиот пат кога земјата доби пристап до средствата на ЕУ наменети за зајакнување на отпорноста и дигитализацијата на здравствениот систем, како и за обезбедување дополнителна обука за здравствените работници. Иако ова се првите чекори, се очекува дека средствата ќе придонесат за модернизација на опремата, подобрување на условите за работа и воведување програми за професионален развој. Словенија делумно користи средства од Планот за закрепнување и отпорност за да се справи со недостигот на работна сила во здравството, бидејќи планот предвидува конкретни средства за зајакнување на компетенциите на здравствениот кадар со цел да се осигури квалитетот на услугата и дигиталната трансформација на здравствениот систем. Многу мерки за справување со недостигот на работна сила во секторите за здравствена заштита и долгорочна нега се фокусираат на платата и условите за работа, се наведува во извештајот на Еврофонд за 2023 година. Иако иницијативите за решавање на проблемот со ниските плати во некои земји од централна и источна Европа – како што е Хрватска – помогнаа да се забави бројот на оние што размислуваат да работат во странство, фокусирањето само на платата често е недоволно. Лошите услови за работа го отежнуваат вработувањето. „Мораме да се справиме со незадоволството од јавното здравство и тешкотиите со вработувањето на обучен кадар, како и со пикот на кривата на пензионирања“, истакна неодамна италијанскиот министер за здравство Орацио Скилачи. Извештајот на Еврофонд препорачува да се земат предвид и други фактори за квалитетот на животот што ја прават работата попривлечна, како што се образовниот систем, поголема автономија над работното време, пристап до обука и напредување во кариерата и позначајна работа. Додека овие обиди главно се однесуваат на професионалната нега, постои и аспект на неформална нега, која ќе стане поважна како што старее населението во Европа. Уште сега, потребите за нега не се задоволени за многу луѓе. Се повеќе постари лица ќе имаат потреба од грижа во домови за стари лица, во нивните домови или во домовите на нивните семејства. Оваа работа често паѓа на членовите на семејството. Според тинк-тенкот „Бругел“, жените ќе загубат најмногу доколку не се преземат чекори да се подготват системите за долгорочна нега за идниот пораст на побарувачка, бидејќи негата – и формална и неформална – главно ја обезбедуваат жени. Кај жените постои поголема веројатност да го намалат своето работно време за да се фокусираат на неплатената нега во домот. Повеќе од три четвртини од професионалните медицински сестри во ЕУ се жени./МИАТагови: медицински сестри недостиг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter