Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
1Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
ЖивотЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 проценти до 2040 годинаЕвропската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за 90 проценти под нивоата од 1990 година до 2040 година.Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за 90 проценти под нивоата од 1990 година до 2040 година, вклучително и купување странски јаглеродни кредити за покривање на пет проценти од намалувањата на емисиите, соопшти денеска Европскиот парламент. Со договорот ќе се бара од европските индустрии да ги намалат емисиите за 85 отсто, а од 2036 година земјите-членки на ЕУ ќе им плаќаат на земјите што не се членки да ги намалат емисиите во нивно име за да го надоместат остатокот. Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ мора одделно да ја одобрат целта за таа да стане закон - формалност што обично ги потврдува претходно договорените договори. Спогодбата оди подалеку од повеќето ветувања за намалување на емисиите дадени од други големи економии. Сепак, целта е пониска од онаа што ја препорачуваат научните советници на ЕУ за климатските промени и послаба од оригиналната цел, што ги одразува несогласувањата меѓу владите на ЕУ околу брзината и цената на нивната зелена агенда. „Овој договор покажува дека климата, конкурентноста и независноста одат рака под рака и испраќа силна порака до нашите глобални партнери. Се согласивме за силен, но реалистичен закон за климата“, рече Вопке Хоекстра, портпарол на Европската комисија за климатските промени. Целта претставува политички компромис по месеци преговори во кои владите, вклучувајќи ги Полска, Словачка и Унгарија, се спротивставија на подлабоките намалувања на јаглерод диоксид како премногу тешки за домашните индустрии кои се борат со високите цени на енергијата, поевтиниот кинески увоз и американските тарифи. Други членки на ЕУ, вклучувајќи ги Холандија, Шпанија и Шведска, ги наведоа влошувањето на екстремните временски настани и потребата да се стигне Кина во производството на зелена технологија како причини за поставување на високата цел.Тагови: ЕУ ЗАГАДУВАЊЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПравославната црква ја одбележува Голема БогородицаПравославната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter