3Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)
ЖивотЕУ се подготвува за регулација на „никотинските торбички“ Како што расте обемот на пазарот на т.н. никотински торбички, администрацијата на ЕУ полека подготвува терен за регулирање на нивната продажба. „Никотинските торбички“ се модерен орален никотински производ, кој не содржи тутун, туку никотин, ароми и растителни влакна. Овој навидум безопасен производ се консумира така што се држи меѓу усните и непцето и ослободува никотин за задоволување на потребите на пушачите. Анализите покажуваат забрзан раст на популарноста на „никотинските торбички“, чија продажба само во Хрватска, Чешка, Данска, Словачка и Велика Британија во 2021-та е двојно зголемена во споредба со претходната година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој производ досега не беше опфатен со мерките на ЕУ против пушењето, затоа што не содржи тутун и не него не се однесуваат ограничувањата за тутунските производи, така што не постојат правила на ниво на Унијата за дозволени нивоа на никотин во „торбичките“. Властите на Белгија, Холандија и некои германски сојузни покраини веќе иницираат со ревизијата на легислативата за тутунски производи, да бидат опфатени и „никотинските торбички“, посочувајќи дека и електронските цигари исто така не содржат тутун, но за нив важат правилата поврзани со пушењето. Аналитичарот на агенцијата на инвестициски истражувања „Морнингстар“, Филип Горам, смета дека со новата регулатива на ЕУ никотинските производи ќе бидат третирани исто како и тутунските. - Мислам дека ќе видиме даноци кои ќе се однесуваат на овие производи, на сличен начин како што се оданочуваат и цигарите, оценува Горам. Во прилог на ваквата можност оди и ставот на еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, според која зголемената популарност на „никотинските торбички“ предизвикува „сериозни грижи за јавното здравје“. Таа вели дека овие производи претставуваат опасноста и за јавното здравје и за внатрешниот пазар на ЕУ, па затоа нивната регулација ќе биде „во сржта на тековната евалуација“ на законите за тутунски производи и нивно рекламирање. Сепак меѓу експертите има поделени мислење околу штетните влијанија на „торбичките“ врз здравјето. Во експертски извештај доставен до Комисијата за здравство на ЕП се посочува дека „здравствените ризици главно произлегуваат од високата концентрација на никотин во одредени производи, што доведува до повисоко ниво на никотин во крвта на корисниците“. Меѓутоа, во извештај на Германскиот сојузен институт за проценка на ризик се наведува дека никотинот „има силни ефекти врз кардиоваскуларниот систем“, како и дека „никотинските торбички“ претставуваат висок ризик за децата, бремените жени и доилките, како и за лицата со кардиоваскуларни заболувања. На најавите за регулација на „никотинските торбички“ реагираше и тутунската индустрија, чии гиганти како „Филип Морис“, „Бритиш Американ Тобако“ (БАТ), „Империјал Брендс“ и „Алтрија“ постепено се шират и на никотинскиот сектор преку развој на сопствени продукти или со преземање на компании кои произведуваат „никотински торбички“. Според нив, „никотинските торбички“ се „помалку штетна алтернатива“ на цигарите и затоа не треба да бидат толку строго ограничени. Некои од големите тутунски компании, меѓу кои и БАТ, „Империјал Брендс“ и „Џапан Тобако“, презедоа мерки за саморегулација во овој сектор ограничувајќи го нивото на никотин на 20 милиграми по „торбичка“, наведувајќи предупредувања на пакувањата за влијанието врз здравјето и најавувајќи нивна продажба само на возрасни лица. Претставникот на БАТ, Ерик Сенси-Минотје изјави дека неговата компанија би ги поздравила правилата за регулација на „никотинските торбички“, но не смета дека треба да бидат целосно забранети. - Историјата покажува дека прохибиционистичките политики, како забраната на алкохолот и цигарите, не функционираат, туку едноставно ги тераат потрошувачите кон нелегални, нерегулирани и неоданочени производи испорачани од криминални мрежи, кои секако не ги проверуваат личните карти, истакна Сенси-Минотје. Според Горам, инсистирањето на некои влади за забрана на „никотинските торбички“ може да се објасни со фактот дека е полесно да се воведат ограничувања во „раните фази на раст“ на некој производ. Сепак, тој смета дека мотивите зад ваквата идеја не е само загриженоста за можните последици по здравјето од „никотинските торбички“. - Скептикот во мене вели дека даночниот прилив од тутунот е многу атрактивен и сите влади се борат да ги балансираат приходите. Мислам дека размислувањето овде оди во правец дека ако рано забраните нов продукт, ќе ги задржите даночните приходи од цигарите, заклучи Горам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите. Чести напади Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите. Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Црна хроникаМВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешацитеВо текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава.Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, како и прекршоци на возачите во однос на пешаците. При контролата биле констатирани и санкционирани 221 прекршок, од кои 147 за небезбедно преминување на пешаци на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле санкционирани поради непропуштање пешаци на обележан пешачки премин. Дополнително, за време на контролата биле санкционирани и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината на движење и да им овозможат непречено и безбедно преминување на пешаците. Безбедноста на пешаците е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници можеме да придонесеме за побезбедни патишта и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати. Министерството за внатрешни работи објави дека несреќата е предизвикана од возач на камион кој ја изгубил контролата врз возилото и удрил во неколку возила, јавува Би-Би-Си. Во несреќата учествувале 23 возила, вклучувајќи пет камиони. Сударот се случил на влезот во источниот емират кратко пред полноќ, во време кога сообраќајот се движел бавно. Во официјалниот извештај се наведува дека силата на ударот „го запалила камионот, а пожарот се проширил на неколку други возила, што резултирало со голем број жртви“. Службениците појаснија дека камионот прво се судрил со едно возило, по што се превртел и удрил во другите автомобили што стоеле во колоната. 🚨🇦🇪 #BREAKING: Fujairah Police confirm a devastating truck crash on Sheikh Khalifa Street in the UAE has left 14 people dead and 30 injured. The truck reportedly lost control, overturned and slammed into several vehicles before catching fire with flames. #Fujairah #UAE https://t.co/clLh2QAg9s — Newslive 24x7 🅧︎ (@kanpurtak) November 12, 2026 Идентификација на жртвите и третман на повредените Полицијата во Фуџаира објави дека триесет лица се повредени и однесени во болница. Полицијата додаде дека се користат ДНК тестови за идентификација на телата на загинатите. Меѓу загинатите има граѓани на Емиратите, а индискиот конзулат во ОАЕ потврди дека загинале и нивни граѓани. Конзулатот соопшти дека е во контакт со семејствата на жртвите и дека соработува со локалните власти за давање помош. Службите за итни случаи, вклучувајќи полиција, болничари и екипи за цивилна заштита, веднаш пристигнаа на местото на настанот. Тие го изгаснаа пожарот, ги пренесоа повредените во болници и го обезбедија подрачјето, каде што сè уште се наоѓаат специјализирани екипи. Министерството за внатрешни работи и полицијата изразија сочувство до семејствата на загинатите и им посакаа брзо закрепнување на повредените. Половина од повредените беа пуштени од болница по лекувањето, додека другите беа задржани на понатамошно лекување. Властите објавија дека меѓу загинатите има државјани на Емиратите, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.Тагови: Емиратите судар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook