ЕУ: Продолжени санкциите кон Русија и покрај заканите од Унгарија - Канал 5

ЕУ: Продолжени санкциите кон Русија и покрај заканите од Унгарија

Високи дипломати на Европската унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против околу 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени.

ЕУ: Продолжени санкциите кон Русија и покрај заканите од Унгарија

Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат на сила до 15 септември 2025 година.

По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, додека три лица кои неодамна починаа исто така беа избришани, велат извори од ЕУ.

Банкарскиот и енергетски тајкун Михаил Фридман, кој делумно ја доби правната битка против санкциите на ЕУ минатиот април, останува на листата, велат изворите. /МИА

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. 

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Сараевското народно позориште со две претстави во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар (МНТ) денска и утре ќе биде домаќин на Сараевското народно позориште кое ќе го претстави својот уметнички израз преку претставите „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“.

Сараевското народно позориште со две претстави во Македонскиот народен театар

Претставата „Сараевскиот трговец“ ќе биде изведене вечерва со почеток во 20 часот. Станува збор за драмско дело инспирирано од вистински настани, во кое авторот Игор Штикс ги поставува прашањата: Книга или живот? Театар или живот?

Режисерот Михал Дочекал ја оживува оваа приказна на сцената, во изведба на ансамблот од 16 актери. Претставата нуди интензивно емоционално и интелектуално искуство, отворајќи простор за размислување за уметноста и нејзината суштина.

Втората вечер ќе биде резервирана за претставата „Селска опера“ – музичко-сценско дело во режија на Андраш Урбан, засновано врз унгарскиот мелос. Оваа претстава ги преиспитува универзалните општествени вредности, истражувајќи ја суштината на човековото постоење преку музика, хумор и длабока критичка анализа.

Претставата поставува важни прашања за идентитетот, лицемерието и историјата, предизвикувајќи размислување кај гледачите.

Формирани четвртфиналните двојки на Светското првенство во хокеј на мраз

По одигрувањето на последните натпревари од групната фаза, познати се ите учесници во четвртфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз. 

Формирани четвртфиналните двојки на Светското првенство во хокеј на мраз

Во плејофот се пласираа осум репрезентации, последна пласман избори Данска по синоќешната победа над Германија на пенали.

Двојки за четвртфиналето:

САД – Финска,

Швајцарија – Австрија,

Канада – Данска,

Швајцарија – Чешка.

Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат утре. Мундијалот се игра во Шведска и Данска.

притисни ентер