Путин се обиде да им објасни на студентите зошто ја нападнал Украина: Орки распарчуваат мечки (ВИДЕО)
1Путин се обиде да им објасни на студентите зошто ја нападнал Украина: Орки распарчуваат мечки (ВИДЕО)
2Реновирале стара куќа, па пронашле златни прачки, вредни 9 милиони евра- се бара сопственикот (ФОТО)
СветЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктураШефицата на Европската Централна банка - Кристин Лагард, ги соопшти проекциите за економскиот пад и инфлацијата во Европа предизвикани од војната на Блискиот Исток. Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од повисоките енергенси врз потрошувачките цени. -Во основната линија, се очекува вкупната инфлација да изнесува во просек 2,6% во 2026 година, 2% во 2027 година и 2,1% во 2028 година. Доколку продолжат, повисоките цени на енергијата може да доведат до пошироко зголемување на инфлацијата. Решени сме да обезбедиме инфлацијата да се стабилизира на нашата цел од 2% на среден рок.- Кристин Лагард, претседателка на Европска Централна банка На вчерашниот состанок на Европскиот совет, ЕУ лидерите повикаа да се отвори Ормутскиот теснец а членките Франција, Германија, Италија и Холандија изјавија дека се подготвени да придонесат кон безбеден премин на танкерите иако не соопштија како ќе го сторат тоа. Сепак, во Брисел преовладува наративот дека војната на Блискиот Исток не е Европска војна. -Нема основа на меѓународното право ако размислувате за употреба на сила. Постојат два случаи - едниот е самоодбрана, а другиот е според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Бидејќи такво нешто не постои, во овој момент земјите-членки немаат апетит да влезат во оваа војна.- Каја Калас, Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Иако Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се пофали дека операцијата против Иран се води координирано меѓу Америка и Израел, сепак, неговиот американски колега, Доналд Трамп призна дека не бил известен за планот на Нетанјаху да го бомбардира Иранското гасно поле. -Му кажав, „Немој да го правиш тоа.“ И тој нема да го прави тоа. Се е координирано, но понекогаш, тој ќе направи нешто и ако не ми се допаѓа, и затоа повеќе не го правиме тоа.- Доналд Трамп, претседател на САД -Сакам да ги завршам овие воведни забелешки со уште една лажна вест. А тоа е дека Израел некако ги вовлече САД во конфликт со Иран. Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Заедно во тесна координација со претседателот Трамп, тесна координација меѓу Америка и Израел, нашите војски, нашите разузнавачки служби, ги постигнуваме целите со брзина на молња.- Бенјамин Нетанјаху, претседател на Израел Пазарот на гас остро реагираше по израелското бомбардирање на најголемото гасно поле во Иран – Јужен Парс, како и возвратното иранско бомбардирање на гасната централа во Катар Лас Рафан, по што европските фјучерси скокнаа за 35%, односно двојно повеќе од нивото пред војната, што креираше конкурентска борба за надоместок на изгубените количини. Цените на суровата нафта пак, кон крајот на неделава, иако се намалија од 110 на 106 долари за барел кон крајот на неделава, се уште можат да ја завршат со раст, поради прекинот на извозот од Блискиот Исток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Адвокат за разводи: „Мажите изневеруваат почесто, а жените повештo“Адвокатот за разводи од Њујорк, Џејмс Секстон, со повеќе од дваесет години искуство во сложени бракоразводни парници, сподели своите согледувања за неверствотоАдвокатот за разводи од Њујорк, Џејмс Секстон, со повеќе од дваесет години искуство во сложени бракоразводни парници, сподели своите согледувања за неверството. Тој ги објаснува клучните разлики помеѓу мажите и жените кога изневеруваат, како и различните реакции на неверството од нивниот партнер. Кој изневерува почесто, а кој подобро? На прашањето кој пол изневерува почесто, Секстон одговори дека неверството им се случува и на мажите и на жените, но дека постојат разлики. Според неговото искуство, „мажите изневеруваат почесто, но жените го прават тоа подобро“. Тој објаснува дека жените се подобри во прикривање на трагите, поради што е помала веројатноста да бидат откриени. „Жените одат на сè или ништо, знаете?“, рече тој. „Повеќето мажи прават глупави работи“. Различни реакции на неверството Секстон нагласува дека не секое неверство е исто и дека мажите и жените реагираат сосема различно кога ќе откријат неверство. „Кога мажот ќе открие дека неговата сопруга го изневерувала, првото прашање што го поставува е: „Спиеше ли со него?“, тврди адвокатот. „Кога жената ќе открие дека нејзиниот сопруг ја изневерил, таа обично прашува: „Дали ја сака таа личност?“ Според неговото толкување, оваа разлика открива многу за динамиката на врската. Прашањето на жената всушност значи: „Дали ти значи тој однос?“ или „Дали таа личност ти е поважна од мене?“ Од друга страна, прашањето на мажот честопати се сведува на: „Дали некој го допре она што е мое?“ или „Дали некој ја зеде мојата сопственост?“ Секстон заклучува: „Тоа покажува како се вкоренети нашите ставови за бракот и партнерството.“ Причина или последица на разводот? Неверството, вели Секстон, е фактор во голем број разводи. Понекогаш е тешко да се каже дали аферата била вистинската причина за раскинувањето или само симптом на брак кој и онака бил на работ. Често, вели тој, разводот можел да се очекува дури и пред да се случи неверството. Адвокатот, исто така, се осврна на Десетте заповеди како доказ дека неверството е проблем низ историјата. Сепак, тој не може со сигурност да каже дали неверството е причина за развод или само индикатор дека бракот е завршен. Но, со сигурност тврди дека двата елементи се речиси секогаш поврзани. „Ако прашате во колкав процент од разводите неверството има улога, би рекол дека во околу 75 до 80 проценти од случаите“, заклучува Секстон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПознат научник тврди дека САД кријат тела на вонземјани: Постојат четири вида, видов записи и докази (ВИДЕО)Американскиот астрофизичар Ерик Дејвис, кој се претставува како потенцијален „свиркач“ во врска со феноменот на НЛО, тврди дека американската влада ги чува телата на најмалку четири различни видови вонземски суштества.Американскиот астрофизичар Ерик Дејвис, кој се претставува како потенцијален „свиркач“ во врска со феноменот на НЛО, тврди дека американската влада ги чува телата на најмалку четири различни видови вонземски суштества, но дека му е потребен имунитет од Белата куќа за јавно да ги открие деталите. „Постојат најмалку четири видови за кои знаеме и ги видов доказите“, изјави Дејвис за американскиот ТВ канал NewsNation. „Пронајдени по падот на НЛО“ Дејвис, кој работеше како консултант на проекти поврзани со американската разузнавачка заедница, рече дека остатоците на наводните „вонземски суштества“ биле пронајдени по падот на неидентификуваниот брод. Според неговиот опис, тие вклучуваат „Сиви“ - витки хуманоиди со сив тен, слично на измисленото суштество видено на крајот од филмот на Стивен Спилберг „Блиски средби од трет вид“ од 1977 година, потоа високи „Нордијци“ со бел изглед, „инсектоиди“, суштества кои „наликуваат на машкиот род“. Ги видов доказите, ги видов записите“, рече Дејвис, кој нагласи дека повеќе не е дел од структурите на Министерството за одбрана на САД. Не ја знае точната локација Дејвис рече дека не може со сигурност да каже каде во моментов се наоѓаат наводните останки. Според неговите тврдења, додека пред повеќе од една деценија и давал поддршка на Американската одбранбена разузнавачка агенција (ДИА), имало информации за локацијата каде се чувале телата. Тој додаде дека за време на првата администрација на Барак Обама, таа институција била поделена на две или три единици, кои потоа биле префрлени во различни воено медицински установи. Американската администрација претходно најави процес кој ќе им овозможи на „свиркачите“ да излезат со информации за феномените на НЛО без да ги прекршат договорите за доверливост и другите обврски за неоткривање. Сепак, Дејвис изјави дека документите и фотографиите што имал можност да ги види остануваат доверливи и, според неговите сознанија, не се предмет на пристап до барањата за информации поради долгиот период на таинственост. Повик до претседателот Трамп Тој го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го забрза процесот и да му обезбеди правна заштита за да може да ги објави информациите за кои тврди дека ги има, без страв од кривично гонење за откривање доверливи информации. Пентагон и Белата куќа, сепак, продолжуваат да наведуваат дека не се пронајдени физички докази кои го потврдуваат постоењето на вонземски живот. Дури и објавените американски документи, фотографии и снимки поврзани со феноменот НЛО не дадоа дефинитивен доказ дека вонземјани постојат или ја посетиле Земјата. Дејвис претходно имаше тврдења за наводни урнати вонземјански пловни објекти и нивни остатоци, а неговите тврдења беа поткрепени од поранешниот научник на ЦИА Хал Путоф, кој јавно тврдеше дека американската влада поседува најмалку десет пловни објекти кои наводно се урнати или останале на Земјата во изминатите децении. Дејвис рече дека не видел податоци кои укажуваат дека американската војска фатила живи вонземјани.Тагови: вонземјани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин се обиде да им објасни на студентите зошто ја нападнал Украина: Орки распарчуваат мечки (ВИДЕО)Рускиот претседател Владимир Путин употреби нова аналогија за војната против Украина, споредувајќи ја со лов на орки и распарчување на поларни мечки. Тој ја даде изјавата денес за време на обраќањето пред студентите и професорите на московскиот универзитет, пишува „Киев Индепендент“. Коментарите на Путин доаѓаат во време кога воздушните напади низ Украина продолжуваат речиси без престан трет ден по ред, а Русија спроведува континуирани напади. Најмалку 37 лица беа убиени во нападите врз регионот Киев вчера, додека едно 14-годишно дете и едно 2-годишно девојче беа убиени во одделни напади денес. Синџирот на исхрана како објаснување за војната Разговорот за животните започна кога Путин праша наставник од регионот Белгород, кој го посетил Северниот Пол, дали видел поларни мечки таму. Откако наставникот одговорил дека видел две „огромни“ мечки, Путин одговорил дека орките живеат во близина и се хранат со нив. „Таму, орките ги ловат тие мечки и ги проголтуваат без проблем. Тие се нафрлаат врз нив во глутници - а потоа, бум, ги кинат на парчиња“, рече Путин. Потоа ја поврза својата споредба со војната во Украина. „Да, тоа е синџир на исхрана. Децата треба да се учат за тоа за да разберат во каков свет живееме и зошто спроведуваме специјална воена операција“, рече Путин, кој продолжува да ја нарекува руската инвазија на Украина „специјална воена операција“. Putin to a teacher: Killer whales eat those bears like they're nothing. They just attack in a pack like that and... boom! Tear them to pieces. That’s the food chain. And children should also be told about this so that they understand what kind of world we live in and why we are… pic.twitter.com/upwh3OFe4Y — Clash Report (@clashreport) August 29, 2026 Мечката како симбол на Русија Мечката е честа метафора што ја користи Путин во својата реторика за конфликтот на Русија со Западот. По нелегалната анексија на Крим од страна на Русија во 2014 година, тој ја спореди Русија со мечка што Западот се обидува да ја стави „на синџир“. Потоа предупреди дека ќе се обидат да му ги извадат „забите и канџите“. „Можеби нашата мечка треба да седи мирно, да не брка прасиња наоколу, туку само да јаде мед и бобинки. Можеби треба да го оставиме на мира? Не. Се обидуваат да му стават синџир“, тврдеше Путин во тоа време.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter