ЕУ потврди: Вучиќ и Курти на состанок со Борел и Лајчак на 18 март во Охрид - Канал 5

ЕУ потврди: Вучиќ и Курти на состанок со Борел и Лајчак на 18 март во Охрид

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, го потврдија учеството на продолжувањето на дијалогот на 18 март во Охрид .

ЕУ потврди: Вучиќ и Курти на состанок со Борел и Лајчак на 18 март во Охрид

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, го потврдија учеството на продолжувањето на дијалогот на 18 март во Охрид со посредство на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, објави Европската служба за надворешни работи. (ЕЕАС)

„Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, претходно ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи трилатерална средба, која ќе биде фокусирана на финализирање на анексот за имплементација на европскиот договор за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“, објави портпаролот Петер Стано во соопштението..

По средбата со Вучиќ и Курти во Брисел на 27 февруари, Борел објави дека го поддржуваат предлогот на ЕУ за нормализација на меѓусебните односи и изразиле подготвеност да почнат да го спроведуваат.

Лајчак денеска во Приштина разговараше за продолжување на дијалогот со Курти и косовската претседателка Вјоса Османи, а најавено е дека Курти ќе се сретне и со амбасадорите на земјите од Квинта.

Во соопштението од кабинетот на Вјоса Османи, се наведува дека таа ја истакнала посветеноста на Косово за „процес кој придонесува за долгорочен мир, безбедност и одржлив просперитет во регионот“.

„Анексот на имплементацијата на основниот договор, договорен во Брисел (27.02.) треба да биде во духот на принципите усвоени во Собранието на Косово, а тоа се неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет, уставноста и функционалноста на државата Косово“, истакна Османи.

Со пораката дека „Косово останува конструктивна страна во процесот на дијалог и координирана со своите партнери“, Османи повтори дека косовското Собрание треба да го има последниот збор за договорот во согласност со уставните процедури, се наведува во соопштението за медиумите што го пренесе Гласот на Америка.

Како дел од подготовките за средбата меѓу двете партии во Македонија со посредство на Европската Унија, Лајчак ќе престојува во Белград на 13 и 14 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер