ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
2ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
СветЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираа измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра.&Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година. Тоа во пракса ќе значи дека по усвојувањето на измените жителите на ЕУ за секоја нарачка од кинеските сајтови за електронска трговија Тему, Шеин или Али Експрес ќе мора да плаќаат царини согласно утврдените царински давачки што важат за сите стоки што се увезуваат во Унијата. Сега за пакети на производи во вкупна вредност до 150 евра нарачани преку кинеските онлајн продавници, жителите на ЕУ не плаќаат царини. Првично беше предвидено ова правило да биде укинато по стапувањето во функција на Царинскиот центар на ЕУ. Станува збор централизирана платформа на ЕУ за интеракција на царинските управи на земјите членки и за зајакнување на контролите на увозот на стоки, која се очекува да стане оперативна во 2028 година во рамки на пошироката реформа на Царинската рамка на ЕУ. Во образложението на Советот за предлагање на измените на правилото за наплата на царини се наведува дека на овој начин ЕУ има за цел да создаде „еднакви услови“ за работа помеѓу странските и европските онлајн трговци на мало. Според податоците на Европската комисија, во 2024 година 65 проценти од 4,6-те милијарди пратки што влегле во ЕУ биле ослободени од царински давачки, при што дури 91 отсто од нив отпаѓале на стоки од Кина нарачани преку сајтовите за е-трговија. Европските трговци тврдат дека ваквата пракса им создава проблем со нелојалната конкуренција, а дополнително покренува и загриженост за заштитата на животната средина.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“ Зборот е збор. Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook