ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан - Канал 5

ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан

Средствата се обезбедени по доставеното Барање од страна на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан одобрена е првата исплата на средства за нашата земја во износ од осум милиони евра.

Со оваа Одлука, информираше денеска Министерството за европски прашања, одобрени се 2.3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и 3.7 милиони евра што го претставува преостанатиот дел од заемот наменет за директна буџетска поддршка. Во таа сума не се вклучени околу 3,6 милиони евра кои се наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање.

Средствата се обезбедени по доставеното Барање од страна на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој како национален координатор за Инструментот за реформи и раст, во име на Владата на Република Македонија, а преку Министерството за европски прашања, ја достави целокупната документација за чекорите од Реформската агенда 2024–2027, со рок на реализација декември 2024 година (односно февруари 2025 година).

Барањето опфаќаше реформи во повеќе области. Во управување со јавни финансии, потсетува, беа предвидени законски измени за поефикасно и транспарентно буџетско управување, во енергетика се воспоставени нови управувачки структури за спроведување на Планот за праведна транзиција, во деловна средина се воведени нови правила за независност во управувањето со државните компании, а во областа владеење на правото се предвидени мерки за редовно пополнување на позициите на судии и јавни обвинители согласно долгорочните проекции на надлежните совети.

- Според оценката на Европската комисија, целосно исполнети се два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва. Ова претставува 40 проценти реализација на чекорите односно 50 проценти во однос на средствата. За преостанатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци за односно до декември 2026 година. Тоа значи дека државата има дополнително време за нивна реализација и ослободување на останатите средства од вкупните алоцирани средства кои се во висина од околу 17,1 милиони евра, се вели во соопштението од Министерството за европски прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Победникот на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер и понтаму е лидер на АТП листата на најдобрите тенисери на светот со 13.450 бода.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Неговиот противник од финалето Саша Зверев загуби 360 бода – кои ги освои во Канада минатата сезона – и сега повторно е трет со 8.120 бода, со само 40 бода помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува за враќање на теренот по неколкумесечна пауза.

Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 бода, Новак Ѓоковиќ е петти, Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 бода. Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи се искачи за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува листата на најдобрите десет со 2.680 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случува со Аријана Гранде?

Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени 

Што се случува со Аријана Гранде?

Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед.

За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот.

Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура.

YouTube video

„Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

 Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки (18) наскоро ќе го засили Динамо Загреб.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

Левиот бек може да игра и како офанзивен играч за врска, а доаѓа од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Нсоки ќе пристигне во Загреб во среда или четврток за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор.

Динамо нема да плати за Нсоки, но од следниот трансфер заработката ќе ја делат „пола-пола“ со популарните „Светците“ од Париз.

Минатата сезона тој неколку пати тренираше со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е преголема. Сепак, тој одигра вкупно 36 минути, влегувајќи во игра од клупата на два натпревари минатата сезона. Одигра 39 натпревари за младинскиот тим на Париз Сен Жермен, при што забележа 10 гола и шест асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер