Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
БалканЕУ обвинителката Ковеши ќе ги брка БугаритеВо четвртокот, Европското јавно обвинителство претресе 28 домови и канцеларии како дел од истрагата за злоупотреба на пари на ЕУ во железнички проекти во Бугарија.Европската јавна обвинителка Лаура Кодрута Ковеши конечно одлучи да покрене акција во Бугарија, која долго време се сметаше за еден од најочигледните примери за неспособноста на Брисел да го реши проблемот со кражбата на европските фондови, објави Политико. Во четвртокот, Европското јавно обвинителство претресе 28 домови и канцеларии како дел од истрагата за злоупотреба на пари на ЕУ во железнички проекти, а градоначалникот на Генерал Тошево, град во североисточниот дел на земјата, беше уапсен. Акцијата се најавува веќе неколку години, а водечките политичари од бугарскиот реформски табор тврдат дека повлекувањето на средствата од ЕУ станало еден од главните извори на приходи за организираните криминални групи. Центарот за проучување на демократијата, невладина организација од Софија, во 2020 година заклучи дека се проневерени дури 15 отсто од парите од европските фондови. Европското обвинителство во моментов води 143 истраги во Бугарија со проценета вкупна штета од 492 милиони евра, според извештајот за минатата година. Како најсиромашна земја во Европската унија, Бугарија редовно бара поддршка од европските даночни обврзници за да изгради инфраструктура и да ги направи енергетски поефикасни старите згради од социјалистичката ера. Обвинителството, кое е надлежно за гонење на кривични дела против финансиските интереси на ЕУ, соопшти дека во моментов се истражуваат два проекта за изградба на железничка инфраструктура, вредни над 241 милион евра од фондовите на ЕУ и грант за подобрување на енергетската ефикасност на Станбени згради во Генерал Тошево, вреден 169.000 евра. Над 100 припадници на бугарската полиција извршија рации во рамки на истрагата за изградбата на железничката пруга меѓу градовите Костенец и Септември, за што Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина обезбеди 130 милиони евра. Се истражува и можна злоупотреба на средства за изградба на пругата меѓу селата Оризово и Михајлово, финансирана од Кохезиониот фонд со повеќе од 111 милиони евра. Владата на премиерот Николај Денков, која беше формирана на 6 јуни, вети дека ќе ја искорени корупцијата и ќе обезбеди безбедносните сили да не бидат контролирани од Русија. Значајно е и тоа што Иван Гешев, многу контроверзниот главен обвинител во таа земја, беше принуден да поднесе оставка во средината на јуни, бидејќи многу Бугари долго време го гледаа како пречка за истрагите за корупција на највисоко ниво. Корисник на двата железнички проекти под истрага беше Националната железничка инфраструктура на Бугарија, која додели договори за изградба на две приватни компании. Изведувачите се осомничени дека за краток временски период извршиле трансфер на пари на синџир фиктивни фирми, што на крајот довело до повлекување парични суми од над два и пол милиони евра од страна на лица со криминално досие, соопшти Европското обвинителство. . Градоначалникот на Генерал Тошево беше уапсен за давање лажни податоци во врска со работите за подобрување на енергетската ефикасност на општинските згради, а беше ослободен откако плати кауција од 5.000 евра, пренесе Политико.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter