ЖивотЕУ објави конкурс за доделување 40.000 бесплатни билети на 18-годишници за патување низ Европа По повод 40-годишнината од формирањето на Шенген зоната, Европската Унија преку програмата „Откриј ја ЕУ“ им нуди единствена можност на 40.000 млади луѓе да ја истражат Европа, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен.- ЕУ нуди 40.000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен. Тие само треба да пополнат краток онлајн квиз на Европскиот младински портал, рече Итконен. Таа информира дека веб страницата за пријавување на конкурсот е отворена од денеска на пладне и заинтересираните 18-годишници ќе можат да се пријавуваат на неа до 12 часот на 13 ноември 2025 година. Право на учество на конкурсот имаа млади луѓе од земјите членки на ЕУ и од државите опфатени со програмата Еразмус+, меѓу кои и македонски државјани. - Избраните кандидати ќе имаат можност да патуваат бесплатно во траење до 30 дена, помеѓу 1 март 2026 и 31 мај 2027 година, при што ќе добијат и картичка за попуст за јавен превоз, културни содржини, сместување, храна, спортски активности и други услуги во 36 европски земји, истакна Итконен. Според неа, добитниците на овие бесплатни билети ќе можат сами да ги планираат своите рути за патување или да се приклучат кон некоја од организираните европски рути, како онаа на програмата „Баухаус“, која вклучува посети на „прекрасни, одржливи и инклузивни градови“ или на онаа низ градовите добитници на наградата „Европска зелена престолнина“. На добитниците на билети со попреченост или здравствени проблеми ќе им се овозможи на патувањето да бидат придружувани од други лица. Од воспоставувањето на оваа програма во 2018 година, па досега, ЕУ обезбеди 391.000 билети за патување, што им овозможи на младите луѓе од цела Европа да патуваат низ континентот и подобро да ги запознаат другите култури и европската историја и да ги подобрат своите јазични вештини. Тагови: ЕУ Конкурс патување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter