ЕУ на суд против Силиконската долина,Амазон,Гугл,Фејсбук... - Канал 5

ЕУ на суд против Силиконската долина,Амазон,Гугл,Фејсбук...

Европската комисија започна правни битки против некои од најголемите имиња на Силиконската долина, доведувајќи го во прашање нивниот однос кон конкуренцијата, даночните аранжмани и заштитата на податоците.

ЕУ на суд против Силиконската долина,Амазон,Гугл,Фејсбук...

Ројтерс избра неколку од најголемите антимонополски и регулаторни активности на ЕУ против технолошките гиганти.

Amazon

Европската комисија го обвини „Амазон“ за кршење на правилата за еднаква конкуренција на пазарот на онлајн малопродажба и отвори истрага за сомневањата дека интернет гигантот користи податоци од независни трговци на мало, сместени на својата платформа, за поуспешно да им конкурира.

Во посебна истрага, комисијата ќе провери дали Амазон обезбедува повластен третман на своите понуди за малопродажба и на оние трговци што ги користат нејзините логистички услуги и услугите за испорака.

Google

Од 2010 година и првата истрага, Европската унија зазема особено истакнато место меѓу регулаторите кои темелно ги испитуваат поплаките дека „Гугл“ на „Алфабет“ ги крши правилата за конкуренција.

На популарниот пребарувач му се заканиле со казни во вкупна вредност од над 8,2 милијарди евра во три одделни случаи во последните три години.

Европската комисија го казни со 2,4 милијарди евра во 2017 година за фаворизирање на сопствениот сервис за споредба на цени на штета на помалите европски конкуренти.

Во 2018 година тој е казнет со рекордни 4,34 милијарди евра за користење на неговиот мобилен оперативен систем Андроид за блокирање на конкурентите.

Минатата година европските регулатори го казнија со 1,49 милијарди евра за злоупотреба на доминантната улога во рекламирањето преку Интернет.

Apple

„Епл“ е под истрага за мобилниот систем за плаќање „ App Store “ и „Apple Pay“.

Истрагата е покрената по минатогодишната тужба од шведскиот сервис за стриминг на музика „Спотифај“, кој тврди дека „Епл“ неправедно ја ограничува конкуренцијата со сопствената услуга за стриминг на музика „Епл мјузик“.

Во март годинава, помал конкурент поднесе слична жалба во врска со е-книги и аудио книги.

Комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрет Вестагер, исто така, го стави Apple во центарот на европските напори да ги натера американските технолошки гиганти да плаќаат повисоки даноци. Во септември, таа ја обжали пресудата на Судот на правдата на ЕУ, со којa што се поништила нејзината одлука дека Епл мора да и плати данок на Ирска од 13 милијарди евра, во историскиот случај, како дел од борбата на Европската комисија против затајување данок.

Facebook

Европската комисија во декември минатата година објави дека истражува како Фејсбук собира и монетизира податоци, со што се отвори нов фронт, по спроведената истрага за нејзината онлајн продавница.

Broadcom

Американскиот производител на чипови, Бродком, во октомври се согласи да ги раскине ексклузивните договори со производителите на ТВ и Интернет модеми, договорени со Комисијата, завршувајќи ја 12-месечната истрага и заклучувајќи дека не се пронајдени повреди.

Qualcomm

Qualcomm во февруари објави дека ЕУ истражува дали ги крши правилата на конкуренција, користејќи ја својата доминантна позиција на пазарот на модерни 5G чипови.

Во јули минатата година, Комисијата го казнила Квалком со 242 милиони евра за блокирање на конкуренција на пазарот пред десет години.

Во 2018 година му ја скратила казна од 997 милиони евра затоа што му платила на производителот на Ајфон Епл да ги користи само неговите чипови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус

Туристички автобус се преврте на автопатот А96 во близина на Бухлое во Баварија рано утрово. 

Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус

Во несреќата загинаа две лица, а 26 се повредени, од кои едно е во животозагрозувачка состојба.

Несреќата се случила кратко по шест часот, објавува Билд. Во автобусот со италијански регистарски таблички имало помеѓу 40 и 50 патници, членови на туристичка група од Филипините, чија дестинација засега не е позната. Портпаролката на полициската управа на Горна Баварија Северна изјави за Билд дека едно лице починало на местото на несреќата, додека другото им подлегнало на повредите недолго потоа.

Причината се утврдува

Според првичните информации, автобусот слетал од десниот раб на патот без учество на други возила, а потоа се превртел во канал. Шофершајбната била целосно уништена. Државното обвинителство ангажирало експерт за реконструкција на настанот и утврдување на причината за несреќата.

На терен има голем број спасувачи, а хеликоптер прелетал над местото на несреќата. Пожарникарите го обезбедиле превртеното возило со јажиња и дрвени потпори.

„Ги замоливме нашите колеги на терен да ја проценат ситуацијата. Засега можеме само да кажеме дека има многу повредени“, изјави портпаролката, истакнувајќи дека податоците постојано се менуваат. Идентитетот на жртвите сè уште не е објавен. На задната страна од автобусот има рекламен знак „Доверете ни ги вашите потреби за патување“.

Автопатот е затворен во двата правци

Поради несреќата, автопатот А96, кој поминува низ Бухлое и ги поврзува Минхен и Меминген, е целосно затворен за сообраќај во двата правци помеѓу раскрсниците Бухлое-Ост и Ландсберг ам Лех-Вест. Според информациите од автоклубот ADAC, се очекува прекинот да трае најмалку 11 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.

Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.

За време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн.

Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евакуација во Њу Џерси и прекин на електричаната енергија и авио сообраќајот- силна бура направи хаос во САД (ВИДЕО)

Силна североисточна бура што го погоди источниот брег на САД овој викенд, од Вашингтон до Мејн, предизвика откажување на повеќе од 400 летови и остави повеќе од 100.000 домови и бизниси без струја во еден момент.

Евакуација во Њу Џерси и прекин на електричаната енергија и авио сообраќајот- силна бура направи хаос во САД (ВИДЕО)

Повеќе од 73.000 домови и бизниси во Конектикат, Њујорк, Масачусетс, Њу Џерси, Род Ајленд и Пенсилванија сè уште беа без струја до 21:37 часот по источно време (01:37 GMT) во саботата, според PowerOutage.com, следачот на прекини на електрична енергија.

Само Њујорк и Конектикат имаа повеќе од 20.000 згради без струја

Четири држави, Конектикат, Њујорк, Пенсилванија и Њу Џерси, имаа вкупно повеќе од 100.000 прекини на електричната енергија претходно во текот на денот.

Поплави и евакуации во Њу Џерси

NJ.com објави поплави во делови од Њу Џерси, од округот Берген на север до округот Кејп Меј на јужниот врв на државата, со доброволни евакуации на некои крајбрежни локации.

Стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд објави дека концертот на рок-групата AC/DC, првично закажан за петок, е одложен до 2 октомври.

Доцнења и откажувања на летови

Според FlightAware, до 21:50 часот по источно време (01:50 GMT) во саботата, 445 летови беа откажани на аеродромите во Соединетите Американски Држави, додека 3.016 летови беа одложени.

Метеоролозите предупредуваат: Опасноста трае до понеделник

Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека моќната бура ќе донесе крајбрежни поплави, опасни бранови, силни ветрови и обилни дождови во регионите на Средниот Атлантик и Нова Англија до понеделник.

Гувернерите на Њујорк и Њу Џерси во петокот прогласија вонредна состојба во окрузите за кои се очекува да бидат најтешко погодени од бурата, вклучувајќи го и Њујорк Сити. Гувернерот на Конектикат го активираше центарот за итни случаи на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер